логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

23.12.2010 год.

(четврток)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

26-ден

Igor.Mesopusna14.jpg

26 ден: 2 Петар и 1-3 Јован

2 Петар
1 | 2 | 3
 

Глава  1                                     

  
1 Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос ја примија истата скапоцена вера како и ние:
  2 благодат и мирот да ви се умножи во познавањето на Бога и Исуса, нашиот Господ.
  3 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што ни е потребно за живот и побожност, преку познавањето на Оној, Кој нè повика преку Својата сопствена слава и добродетел,
  4 со што ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако и избегавте на расипаноста, која е во светот, преку сладострастието, кое владее во светот;
  5 заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење;
  6 а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност;
  7 а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов.
  8 Зашто, ако го имате сè тоа и тоа се умножува, не ве прави мрзливи и бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос,
  9 но, кој го нема тоа, слеп е и кусоглед: зашто заборавил дека е очистен од своите стари гревови.
10 Затоа, браќа, погрижете се уште повеќе да го зацврстите својот позив и избор. Имено, ако го правите тоа никогаш нема да се сопнете.
11 Зашто така ќе ви се даде изобилно влегување во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12 Затоа ќе гледам секогаш да ве потсетувам за овие работи, иако вие ги знаете, и сте утврдени во сегашната вистина.
13 Но сметам дека е право, додека сум во овој шатор на своето тело, да ве разбудувам со напомнување,
14 зашто знам дека скоро ќе го оставам мојот шатор, како што ме извести за тоа нашиот Господ Исус Христос.
15 А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова.
16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.
17 Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.”
18 Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.
19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.
20 Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,
21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.
 

Глава  2                                     

  
1 А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел.
  2 И мнозина ќе тргнат по нивната разузданост, заради кои ќе се хули патот на вистината.
  3 И во лакомство ќе ве искористуваат со измислени зборови, но нивното осудување е одамна готово и нивната гибел не дреме.
  4 Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите, кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за судот;
  5 и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет;
  6 ако ги осуди на пропаст градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници;
  7 и ако го избави праведниот Лот, кого го мачеше развратниот живот на беззакониците,
  8 - зашто овој праведник, живеејќи меѓу нив, ја измачуваше одденнаден својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги нивните беззаконски дела, -
  9 тоа значи дека Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, а неправедните да ги запази за казнување до денот на судот;
10 а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата,
11 додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.
12 А овие, како неразумни животни, кои се по природа определени да бидат ловени и истребувани, хулат на она што не го знаат, и самите ќе загинат во својот разврат,
13 добивајќи казна за неправдата. Тие го сметаат развратниот живот дење за своја наслада, валкани и срамни се тие, кои се честат со своите измами кога се гостат со вас.
14 Нивните очи се полни со прељуба и не се одречуваат од гревот; тие ги заведуваат неутврдените души: имаат срце научено на лакомство; тие се деца на проклетството.
15 Го оставија вистинскиотпат и заблудија, и тргнаа по патот на Валаама, синот Восоров, којпосака неправедна плата,
16 но прими укор за своето беззаконие: нема ослица проговори со човечки глас и го спречи пророковотобезумство.
17 Тоа се безводни извори и облаци, што ги тера виорот; за кои се пази темен мрак засекогаш.
18 Зашто со тоа што зборуваат високозвучни и суетни зборови ги мамат преку телесните страсни желби и преку разузданост оние, кои што туку избегале од оние кои живеат во заблуда;
19 им ветуваат слобода, а самите и робуваат на расипаноста, зашто од што е некој победен, на тоа и му робува.
20 Зашто ако оние кои со вистинското познавање на Господа, Спасителот Исуса Христа и избегаа на светската расипаност и пак се заплеткуваат во неа, и ако таа ги победи, тогаш последново им станува полошо од првото.
21 Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена.
22 Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,” и „Искапената свиња се враќа да се валка во калта.”
 

Глава  3                                     

  
1 Возљубени, ова е веќе второ послание, што ви го пишувам, и во двете го разбудувам, преку напомнување, вашиот чист разум,
  2 за да си спомните за зборовите кои светите пророци ги кажаа однапред, и за заповедта на Господа и Спасителот, која ви ја предадоа вашите апостоли.
  3 Знајте го пред сè ова: дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои со своите подигрувања ќе одат по сопствените страсти и ќе велат:
  4 ”Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто откако - умреа татковците сè стои така, како од почетокот на создавањето.”
  5 Кога своеволно сакаат така, тогаш за нив останува сокриено дека преку Божјото слово небесата беа одамна, и дека земјата од водата и преку водата го доби своето постоење,
  6 преку тоа и тогашниот свет беше потопен со вода и така пропадна.
  7 А сегашните небеса и земјата со истото слово се запазени, и се чуваат за оган до денот на судот и погибелта на безбожните луѓе.
  8 Но едно не смее да ви биде непознато, возљубени: дека за Господ еден ден е како илјада години, и илјада години како еден ден.
  9 Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.
10 А Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќта; во тој ден небесата ќе поминат со голема бучава, а вжарените стихии ќе се распаднат и земјата ќе изгори со сите дела што се во неа.
11 Бидејќи сè ова ќе се распадне така, какви треба да бидете во светото владеење и во побожноста, вие
12 кои го очекувате и забрзувате доаѓањето на Божјиот ден, кога запалените небеса ќе се распаднат и вжарените стихии ќе се стопат?
13 А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои пребива правдата.
14 Затоа, возљубени, додека го очекувате ова, погрижете се Тој да ве најде чисти и непорочни во мир.
15 А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост;
16 како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.
17 И така вие, возљубени, кога го знаете ова однапред, пазете се заблудата на беззакониците да не ве повлече со себе и да не отпаднете од својата цврста положба,
18 туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во денот на вечноста. Амин!
 
1-3 Јован

Прво послание на Св.апостол Јован                                                                                   1 | 2 | 3 | 4| 5

                                   
   1 Она, што беше од почетокот, што го чувме, што го видовмесо своите очи, што го набљудувавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот -
  2 и животот се јави, и ние Го видовме и сведочиме и ви навестуваме вечен живот, Кој беше со Таткото, и ни се јави нам -
  3 она, што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, за да имате и вие заедништво со нас. А нашето заедништво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос.
  4 Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна.
  5 И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.
  6 Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.
  7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев.
  8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас.
  9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.
10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.

 

 

Глава  2                                     

  
1 Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исуса Христа, Праведникот.
  2 Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.
  3 И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди.
  4 Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.
  5 А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него.
  6 Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.
  7 Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле.
  8 Но сепак ви пишувам нова заповед; - и тоа е вистинско и во Него и во вас - зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети.
  9 Кој вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој е досега во темнината.
10 Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан.
11 А кој го мрази својот брат во темнината е и во темнината оди, и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите.
12 Ви пишувам, дечиња, зашто ви се простени гревовите, заради Неговото име.
13 Ви пишувам, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почетокот; ви пишувам вам, млади, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав, дечиња, зашто Го познавте Таткото.
14 Ви напишав, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почеток. Ви напишав, млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот.
15 Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него,
16 зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот.
17 А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
18 Деца, последен час е; и, како што сте чуле дека антихрист иде, така сега се подигнаа многу антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час.
19 Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас.
20 А вие имате помазание од Светиот и знаете сè.
21 Не ви пишав како да не ја знаете вистината, туку зашто ја знаете и зашто ниедна лага не е од вистината.
22 Кој е лажецот, ако не оној, кој одречува дека Исус е Христос? Ова е антихрист - кој ги одречува Таткото и Синот.
23 Секој, што Го одречува Синот Го нема ни Таткото; кој Го исповедува Синот, Го има и Таткото.
24 Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото.
25 А ова е ветувањето што Тој ви го вети: вечен живот.
26 Ова ви го пишав заради оние, кои ве заведуваат.
27 А вие, во вас останува помазанието што го примивте од Него и не е потребно некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве учи за сè, и е вистинско и не е лага, и како што ве научи, така останете во Него.
28 И сега, дечиња, останете во Него, за да имаме смела доверба кога ќе се јави Тој и за да не се засрамиме пред Него, при Неговото доаѓање.
29 Ако знаете дека Тој е праведен, знајте дека секој кој врши правда, е роден од Него.

 

Глава  3                                    

1 Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не нè познава нас, зашто не Го позна Него.
  2 Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е.
  3 И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист.
  4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.
  5 И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.
  6 Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
  7 Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.
  8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.
  9 Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога.
10 По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.
11 Зашто ова е веста што ја чувте од почеток: да се љубиме еден со друг!
12 Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си. И зошто го уби? Зашто неговите дела беа зли, а на брата му - праведни.
13 Не чудете се, браќа, ако светот ве мрази.
14 Ние знаеме дека преминавме од смртта во живот, зашто ги љубиме браќата. Кој не го љуби братот свој, тој пребива во смртта.
15 Секој, кој го мрази својот брат, е човекоубиец, а знаете дека во ниеден човекоубиец не пребива вечен живот.
16 По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас; и ние сме должни да ги положиме своите животи за браќата.
17 А кој има светски блага и го види брата си во немаштина, па го затвори своето срце кон него, како ќе остане Божјата љубов во него?
18 Дечиња мои, да не љубиме со зборови или само со јазикот, туку во дело и вистина.
19 По тоа ќе познаеме дека сме од вистината, па ќе ги увериме своите срца пред Него,
20 зашто кога нашето срце нè осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сè.
21 Возљубени, ако срцето не нè осудува, имаме смелост пред Бога,
22 и што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23 А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.
24 И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој - во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал. 

 

Глава  4                                     

1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.
2 По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека Исус Христос дојде во тело, од Бога е;
  3 а секој дух кој не исповедува дека Исус Христос дојде во телото, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека иде, и сега е веќе во светот.
  4 Вие сте од Бога, дечиња, и вие ги победивте, зашто е поголем Оној, Кој е во вас, отколку оној, кој е во светот.
  5 Тие се од светот, затоа зборуваат светски и светот ги слуша.
  6 Ние сме од Бога, кој Го познава Бога нè слуша нас; кој не е од Бога не нè слуша нас. По тоа го познаваме духот на вистината и духот на заблудата.
  7 Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога.
  8 А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов.
  9 Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него.
10 Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.
11 Возљубени, ако Бог нè возљуби така, и ние треба да се љубиме еден со друг.
12 Бога никој никогаш не Го видел; ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов стана совршена во нас.
13 По тоа познаваме дека остануваме во Него и Тој во нас, што ни дал од Својот Дух.
14 И ние гледавме и сведочевме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот.
15 Ако некој исповеда дека Исус е Син Божји, Бог останува во него и тој во Бога.
16 И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.
17 Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов.
18 Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.
19 Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас.
20 Ако некој рече: „Го љубам Бога”, а го мрази брата си, лажец е; зашто кој не го љуби брата си, кого го видел, не може да Го љуби Бога, Кого не Го видел.
21 И оваа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и својот брат.
 

Глава 5

                               
  1 Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него.
  2 По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.
  3 Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки,
  4 зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
  5 Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?
  6 Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината.
  7 (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно).
  8 И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни.
  9 Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син.
10 Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син.
11 И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.
12 Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот.
13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.
14 И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.
15 И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.
16 Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.
17 Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.
18 Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.
19 Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.
20 Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.
21 Дечиња, пазете се од идолите. Амин!

Второ послание на Св.Јован                                                                                                         
1

 

Глава 1

 

1 Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистина, и не само јас, туку и сите, кои ја познаа вистината,
  2 заради вистината, што останува во нас и што ќе биде со нас довека.
  3 Благодат, милост и мир ќе бидат со нас од Бог Таткото и од Господа Исуса Христа, Синот на Таткото, во вистина и љубов.
  4 Многу се зарадував зашто меѓу твоите деца најдов такви, кои одат во вистината, како што примивме заповед од Таткото.
  5 И сега те молам, госпоѓо, - не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почеток: да се љубиме еден друг.
  6 А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди. Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.
  7 Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист.
  8 Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда.
  9 Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.
10 Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го;
11 зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.
12 Имам многу да ви пишувам, ама не сакам со книга и мастило, туку се надевам дека ќе ви дојдам и усно да зборувам со вас, за да биде нашата радост полна.
13 Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра. Амин!
 
Трето послание на Св.Јован

 

Глава 1

1 Старешината до возљубениот Гај, кого го љубам во вистина.
  2 Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.
  3 Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.
  4 За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.
  5 Возљубен мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, и тоа за туѓинците,
  6 кои пред црквата ја посведочија твојата љубов; ќе направиш добро, ако ги испратиш по начин, како што е достојно пред Бога,
  7 зашто тргнаа поради Неговото име, не примајќи ништо од народите.
  8 И така, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме соработници за вистината.
  9 пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нè прими нас.
10 Затоа ако дојдам таму, ќе потсетам за неговите дела, што ги врши, напаѓајќи нè со лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.
11 Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога.
12 За Димитрија имаше сведоштво од сите - и од самата вистина. А и ние сведочиме; а знаеш дека нашето сведоштво е вистинско.
13 Имав да ти пишувам многу, но не сакам да ти пишам со мастило и перо,
14 а се надевам дека ќе те видам скоро, и ќе разговараме усно.

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная