логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 

15.12.2010 год.

среда)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

18-ден

  Tome.sv.Ekaterina3.jpg

18 ден: Јован 11-16
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16

 

Глава  11                                     

  
1 Беше и еден болен, Лазар од Витанија, од селото на Марија и сестра и Марта.
  2 А Марија - чиј брат Лазар беше болен - беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша Неговите нозе со својата коса.
  3 И така, сестрите пратија до Него да Му кажат: „Господи, ете, болен е оној кого го љубиш.”
  4 А штом Исус го чу тоа, рече: „Болеста не е смртоносна, туку за Божја слава, за да се прослави Божјиот Син.”
  5 А Исус ги љубеше: Марта, и нејзината сестра, и Лазара.
  6 И кога чу дека е болен, остана тогаш уште два дена во местото, каде се наоѓаше.
  7 Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја.”
  8 Учениците Му рекоа: „Рави, Јудејците сега сакаа да Те убијат со камења, а Ти пак одиш онаму?”
  9 Исус одговори: „Зар денот нема дванаесет часови? Ако некој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет;
10 а ако некој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.
11 Тоа им рече, а потоа продолжи: „Нашиот пријател Лазар заспа; туку, одам да го разбудам.”
12 Тогаш учениците Му рекоа: „Господи, ако заспал, ќе оздрави.”
13 Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие мислеа дека зборува за починка во сон.
14 Тогаш Исус им рече јасно: „Лазар умре;
15 и се радувам заради вас, дека не бев таму, - за да поверувате; туку, да отидеме при него.”
16 Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на соучениците: „Да отидеме и ние да умреме со Него!”
17 Исус пак дојде и најде дека е четири дена во гробот.
18 А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;
19 и мнозина Јудејци беа дошле при Марта и Марија да ги утешат за братот.
20 Штом чу Марта дека доаѓа Исус, Му излезе во пресрет; а Марија седеше дома.
21 Тогаш Марта Му рече на Исуса: „Господи, ако беше тука, не ќе умреше брат ми.
22 И сега знам дека Бог ќе Ти даде, што и да помолиш од Бога.”
23 Исус и рече: „Твојот брат ќе воскресне.”
24 Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне, при воскресението, во последниот ден.”
25 Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее.
26 И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?”
27 Му рече: „Да, Господи; јас верувам дека Ти си Христос, Божјиот Син, Кој треба да дојде во светов.”
28 Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија и и рече скришно: „Учителот е тука и те вика!”
29 И таа, штом го чу тоа, стана брзо и отиде при Него;
30 имено, Исус уште не беше дошол во селото, туку беше на местото, каде Го сретна Марта.
31 Јудејците пак, кои беа со неа дома и ја утешуваа, штом видоа дека Марија стана бргу и излезе, тргнаа по неа, мислејќи дека оди на гробот, за да плаче таму.
32 А кога Марија дојде таму, каде што беше Исус и кога Го виде падна пред Неговите нозе и Му рече: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми.”
33 Кога Исус ја виде како плаче, и како плачат Јудејците, кои дојдоа со неа, се растажи во духот, и се потресе
34 и рече: „Каде го положивте?” Му рекоа: „Господи, дојди и види!”
35 Исус просолзи.
36 Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!”
37 А некои од нив рекоа: „Не можеше ли Овој, Кој му ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?”
38 А Исус пак се растажи силно во Себеси и дојде на гробот; а тоа беше пештера и камен навален на неа.
39 Исус рече: „Поместете го каменот!” Марта, сестрата на покојниот, Му рече: „Господи, веќе смрди, зашто е четири дни во гробот.”
40 Исус и рече: „Не ли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
41 Тогаш го поместија каменот, а Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Татко, Ти благодарам, што Ме послуша.
42 Јас знаев дека секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот, кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.”
43 Откако го рече тоа, викна со силен глас: „Лазаре, излези надвор!”
44 Умрениот излезе, завиткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!”
45 Тогаш мнозина од Јудејците, кои дојдоа со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него;
46 а некои од нив отидоа при фарисеите и им рекоа што направи Исус.
47 Затоа свештеничките главатари и фарисеите го свикаа Синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Зашто Овој човек прави многу чудеса?
48 Ако Го оставиме така, сите ќе веруваат во Него, и Римјаните ќе дојдат и ќе ни ги одземат и земјата и народот!”
49 А еден од нив, Кајафа, кој беше првосвештеник во таа година, им рече: „Вие не знаете ништо,
50 ниту помислувате, дека е подобро за вас да умре еден човек за народот, а не сиот народ да пропадне.”
51 А ова не го рече сам од себе, туку - како првосвештеник во таа година - прорече, дека Исус ќе умре за народот,
52 и не само за народот, туку и за да ги собере во едно распрснатите Божји деца.
53 Така, по тој ден, се договорија да Го убијат.
54 Затоа Исус веќе не се движеше јавно меѓу Јудејците, туку отиде оттаму во крај близу до пустината, во градот наречен Ефрем, и таму престојуваше со учениците.
55 А наближуваше јудејската Пасха, па мнозина од внатрешноста отидоа горе во Ерусалим, пред Пасхата, за да се очистат.
56 Го бараа Исуса, и стоејќи во Храмот, зборуваа меѓу себе: „Што мислите вие? Нема ли да дојде на празникот?”
57 А главните свештеници и фарисеите веќе беа издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

 

Глава  12                                     

  
1 На шест дни пред Пасхата, Исус дојде во Витанија, каде беше Лазар, кого го воскресна од мртвите.
  2 Таму Му приготвија вечера, и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние кои со Него седеа покрај трпезата.
  3 Тогаш Марија зеде литар миро, од чист и скапоцен нард, ги помаза Исусовите нозе и Му ги избриша нозете со својата коса; и куќата се наполни со мирис од мирото.
  4 А Јуда Искариотски, еден од Неговите ученици, кој сакаше да Го предаде, рече:
  5 ”Зошто мирово не е продадено за триста динарии, за да бидат раздадени на сиромасите?”
  6 Тоа не го рече дека се грижеше за бедните, туку зашто беше крадец; кај него беше ковчежето и земаше од она, што пуштаа во него.
  7 Но Исус рече: „Оставете ја! Нека го запази тоа за денот на Моето погребение.
  8 Зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”
  9 Многу Јудејци научија дека е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого го воскресна од мртвите.
10 Главните свештеници пак одлучија да го убијат и Лазара,
11 зашто многу Јудејци заминуваа заради него и веруваа во Исуса.
12 На другиот ден, множество народ, што беше дошол на празникот, кога чу дека Исус доаѓа во Ерусалим,
13 зеде палмини гранки и Му излезе во пресрет и викаше: „Осана! Благословен Кој доаѓа во Господовото име, Израелевиот Цар!”
14 А Исус најде осле, и седна на него, како што е напишано:
15 ”Не бој се, Сионова Ќерко! Еве, твојот Цар иде, седејќи на осле.”
16 Неговите ученици не го разбраа тоа отпрвин, но кога Исус се прослави, тогаш се сетија, дека тоа беше напишано за Него, и дека тоа Му Го сторија.
17 А народот, кој беше со Него, сведочеше дека Тој го повика Лазара од гробот и го воскресна од мртвите.
18 Заради тоа народот и Му излезе во пресрет, зашто чуја дека Тој го направи тоа чудо.
19 Фарисеите пак си рекоа меѓу себе: „Гледате дека не можете ништо; ете, светот тргна по Него.”
20 Меѓу поклониците, дојдени на празникот, имаше и некои Грци.
21 Тие му пристапија на Филипа, кој беше од Галилејска Витсаида, и го помолија, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса.
22 Филип отиде и му кажа на Андреја; потоа Андреј и Филип отидоа и Му кажаа на Исуса.
23 А Исус им одговори: „Дојде часот да се прослави Човечкиот Син.
24 Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод.
25 Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.
26 Ако некој Ми служи Мене - нека Ме следи; каде Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. Ако некој Ми служи Мене; Мојот Татко ќе го почитува него.”
27 Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам? Татко, избави Ме од овој час! - Но, заради тоа и дојдов до овој час!
28 Татко, прослави го Твоето име! Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам.”
29 А народот, кој стоеше и го чу, рече: „Загрми!”- а други рекоа: „Ангел Му говори!”
30 Исус во одговор рече: „Овој глас не дојде заради Мене, туку заради вас.
31 Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на светов ќе биде исфрлен надвор!
32 А Јас - кога ќе бидам издигнат од земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.”
33 Тоа го рече за да покаже со каква смрт ќе умре.
34 Тогаш народот Му одговори: „Ние чувме од Законот дека Христос останува вечно. Тогаш, како велиш Ти дека Човечкиот Син треба да биде издигнат? Кој е тој Човечки Син?”
35 Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е меѓу вас! Одете додека имате светлина, за да не ве опфати темнината! Кој оди по темнина, не знае каде оди.
36 Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината.” Исус го рече тоа, па отиде и се сокри од нив.
37 Иако направи толку чуда пред нив, не веруваа во Него,
38 за да се исполни словото, што го рече пророкот Исаија: „Господи, кој и поверува на нашата проповед? И кому му се откри Господовата рака?”
39 Затоа не можеа да веруваат, зашто Исаија уште рече: „
40 Им ги заслепи очите, и им ги скамени срцата; за да не гледаат со очите, за да не разбираат со срцето; и за да не се обратат - и да не ги излечам.”
41 Исаија го рече тоа, зашто ја виде Неговата слава и зборуваше за Него.
42 Сепак, мнозина од првенците поверуваа во Него, но заради фарисеите не исповедуваа јавно, за да не бидат исфрлени од синагогата;
43 зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава.
44 А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној, Кој Ме пратил.
45 И кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Кој Ме прати.
46 Јас - Светлината - дојдов во светот, та ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина.
47 И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.
48 Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден.
49 Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.
50 И знам дека Неговата заповед е вечен живот. И така, што зборувам Јас; зборувам онака како што Ми зборуваше Мојот Татко.”
 

Глава  13                                     

  
1 Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај.
  2 За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде -
  3 Исус, знаејки дека Таткото Му предаде сè во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога
  4 стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се препаша.
  5 Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.
  6 Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”
  7 Исус одговори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.”
  8 Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.”
  9 Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.”
10 Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.”
11 Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!”
12 А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив?
13 Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум.
14 И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг;
15 зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас.
16 Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној, кој го пратил.
17 Кога го знаете ова, блажени сте - ако го исполнувате тоа.
18 Не зборувам за сите вас; Јас знам кои ги избрав; туку треба да се исполни Писмото: ‘Кој го јаде Мојот леб, ја подига својата петица против Мене.’
19 Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас.
20 Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.”
21 Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22 Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува.
23 А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради;
24 тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!”
25 Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Господи, кој е?”
26 Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.” И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот.
27 И откако го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!”
28 Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа.
29 Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!” или да раздаде нешто на сиромасите.
30 Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ.
31 А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него.
32 Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави.
33 Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега.
34 Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.
35 По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!”
36 Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?” Исус му одговори: „Каде одам Јас, ти сега не можеш да тргнеш по Мене, но подоцна ќе Ме следиш.”
37 Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе.”
38 Исус одговори: „Својот живот ли ќе го дадеш за Мене? Вистина, вистина ти велам, петел нема да пропее, додека трипати не се одречеш од Мене.”

Глава  14                                     

  
1 „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!
  2 Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
  3 И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
  4 А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.”
  5 Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?”
  6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
  7 Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!”
  8 Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Таткото, и доста ние.”
  9 Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’
10 Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги прави делата.
11 Верувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото во Мене; ако пак не - верувајте заради самите дела.
12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги правам Јас, ќе ги прави и тој. Ќе прави и поголеми од овие, зашто Јас одам при Мојот Татко.
13 И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.”
15 ”Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.
16 И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека:
17 Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.
18 Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас.
19 Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме видите; зашто Јас живеам и вие ќе живеете.
20 Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас.
21 Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.”
22 Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа: дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?”
23 Исус во одговор му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме.
24 Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови; а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.”
25 ”Ова ви го зборував, додека бев при вас;
26 а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.
27 Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.
28 Чувте дека ви реков: Одам и ќе ви дојдам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам при Мојот Татко, зашто Таткото е поголем од Мене.
29 И ви реков сега, пред да се збидне, за да поверувате кога ќе се збидне.
30 Не ќе зборувам уште многу со вас, зашто доаѓа кнезот на овој свет; тој нема ништо во Мене;
31 но, за да сознае светот дека Јас Го љубам Таткото и дека правам, како што Ми заповеда Мојот Татко! Станете! Да си одиме оттука!”

 

Глава  15                                     

  
1 Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.
  2 Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод.
  3 Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував.
  4 Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.
  5 Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
  6 Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
  7 Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.
  8 Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.
  9 Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!
10 Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.
11 Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.
12 Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14 Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.
15 Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.
16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.
17 Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”
18 ”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!
19 Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.
20 Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.
21 Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил.
22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.
23 Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.
24 Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.
25 Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’
26 ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;
27 а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.”

 

Глава  16                                     


 1 „Ова ви го кажав, за да не се соблазните.
  2 Ќе ве истеруваат од синагогите; а ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му служи на Бога.
  3 А тоа ќе го прават затоа што не Го запознаа Мојот Татко, ниту Мене.
  4 А Јас ви го кажав ова, за да се сетите, кога ќе дојде времето, дека ви го реков тоа. Ова не ви го реков од почеток, зашто бев со вас.”
  5 ”А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’
  6 Туку, вашето срце се наполни со тага, зашто ви го кажав тоа.
  7 Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам.
  8 А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд.
  9 За грев - зашто не веруваат во Мене;
10 за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите;
11 за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет.
12 Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите.
13 А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат.
14 Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави.
15 Сè што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви јави.”
16 Уште малку и веќе не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите.
17 А некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што е тоа, што ни вели: ‘Уште малку, и не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите?’ и ‘Си одам при Мојот Татко?’
18 И си зборуваа: „Што е тоа ‘малку’ за кое зборува? Не знаеме што зборува!”
19 Исус разбра дека сакаат да го прашаат и им рече: „Затоа ли се прашувате меѓу себе за она што ви реков: ‘Уште малку и не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите?’
20 Вистина, вистина ви велам: вие ќе плачете и ќе ридате, а светот ќе се радува; и вие ќе бидете жалосни но вашата жалост ќе стане радост.
21 Жената е жалосна, кога раѓа, зашто дошол нејзиниот час; но штом ќе го роди детето, не си спомнува веќе за маката - од радоста дека се родил човек на светот.
22 Така и вие сега сте нажалени; но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе.
23 Во оној ден нема да Ме прашате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да молите од Мојот Татко, во Мое име, ќе ви даде.
24 Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна.”
25 Ова ви го зборував во слики; доаѓа час кога нема да ви зборувам веќе во слики, туку ќе ви зборувам отворено за Таткото.
26 Во тој ден ќе барате во Мое име; и не ви велам дека Јас ќе Го молам Мојот Татко за вас;
27 зашто Самиот Татко ве љуби, зашто вие Ме љубевте Мене и верувавте дека Јас Сум излегол од Бога.
28 Излегов од Таткото и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Таткото.”
29 Неговите ученици рекоа: „Еве, сега зборуваш отворено, и не зборуваш во слики.
30 Сега знаеме дека знаеш сè и нема потреба некој да Те прашува; затоа веруваме дека си излегол од Бога.”
31 Исус им одговори: „Сега ли верувате?
32 Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.
33 Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри - Јас го победив светот.”


http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная