логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

11.12.2010 год.

(сабота)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

14-ден

 

 Tome.sv.Ekaterina3.jpg

 

14 ден: Лука 17-21
17 | 18 | 19 | 20 | 21

 

 

17

1 И им рече: “Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној, преку кого доаѓаат;
2 за него би било полесно да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.
3 Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае - прости му.
4 И седупати на ден згреши против тебе и дедумпати дојде и ти рече: ‘Се кајам’ - прости му,”
5 И му рекоа апостолите на Господа: “Засили ја во нас верата!”
6 А Господ му рече: “Кога би имале вера колку синапово зрно и и речете на оваа црница: ‘Откорни се и пресади се в море!’ и таа би ве послушала.
7 Кој од вас, кога се врати неговиот слуга од поле, орач или овчар, веднаш му рече: “Дојди бргу и седни на трпеза!’
8 Нема ли да му каже: ‘Приготви ми на вечера, препаши се и служи ми дури јадам и пијам, а потоа и ти јади и пиј!’
9 Зар ќе му благодари на тој слуга, што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
10 Па така и вие, кога исполните се, што ви е заповедано, речете: ‘Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бедме должни да го извршиме.’”
11 А кога одеше во Ерусалим, Он поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
12 И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа поодалеку,
13 па со силен знак повикаа; “Исусе Наставниче, смилуј се!”
14 Штом ги виде, им рече: “Одете и покажете им се на свештениците!” И тие, одејќи, се очистија.
15 А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и Го прослави Бога гласно;
16 и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
17 Исус, пак, одговори и рече: “Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?
18 Како не се најдоа да се вратат и другите да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?”
19 И Му рече: “Стани, оди си! Твојата вера те спаси!”
20 Запрашан од фарисеите, кога ќе дојде царството Божјо, Он им одговори: “Царството Божјо нема да дојде забележливо,
21 ниту ќе кажат: ‘Еве, овде е’ или: ‘Ене, онде е’. Зашто царството Божјо е во вас внатре.”
22 И им рече: “Ќе дојдат дни, кога ќе сакате да видите едед од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:
23 и ќе речат: ‘Еве, овде е’ или: ‘Ене, овде е’. - Не одете и не барајте!
24 Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
25 Но, најнапред Он треба да пострада и да биде отфрлен од овој род.
26 Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
27 јадеа, пиеја, се женеа, се до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.
28 Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
29 но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулгур и ги изгоре сите;
30 така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки.
31 Во тој ден, кој е на покрив, а покучнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој е в поле, исто така, да не се враќа.
32 Сеќавајте се на Лотовата жена.
33 Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи.
34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца во една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
35 две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават;
36 двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
37 И, кога одговорија, Му рекоа: “Каде, Господи?” А Он им рече: “Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.”

 

18

1 Им кажа порабола за тоа, оти секогаш треба да се молат и да не паѓаат со духот.
2 И рече: “Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше.
3 Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‘Заштити ме од мојот противник!’
4 Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ‘Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам,
5 но, бидејќи оваа вдовоца не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’”
6 И рече Господ: “Чујте што зборува несправедливиот судија!
7 Та Бог нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?
8 Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?”
9 А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:
10 “Два човека влегоа во храм да се молат: едниот фарисеј, а другиот митник.
11 Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: ‘Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејќи, или како овој митник.
12 Постам два пати во седмицата, давам десеток од се што придобивам.’
13 А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури и очите да ги подигне кон небото, дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешниот!’
14 Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој кој се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.”
15 При Него донесуваа и младенци, за да се допре до нив; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа.
16 Но Исус, кога ги повика, им рече: “Оставете ги децата да доаѓаат при Мене, и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо!
17 Вистина ви велам: кој не го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него.”
18 И Го праша еден управник, велејќи: “Учителе, добар, што да направам за да наследам живот вечен?”
19 А Ису Му рече: “Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог.
20 Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.”
21 А тој рече: “Сето тоа сум го запазил во младоста своја.”
22 Штом го чу тоа, Исус му рече: “Уште едно ти недостига: продај се што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа дојди и врви по Мене!”
23 А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беш многу богат.
24 Штом виде дека тој се разжалости, Исус рече: “Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство?
25 Полесно и на камила да мине низ иглени учи, отколку богат да влезе во царството Божјо.”
26 Оние, што го чуја тоа, му рекоа: “Тогаш, кој може да се спаси?”
27 А Он одговори: “Неможно за луѓето е можно за Бога.”
28 Петар, пак, речЕ: “Ете, ние оставивме се и врвиме по тебе.”
29 Он им рече: “Вистина ви велам, дека нема ниеденм што оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо,
30 а д не добил многу повеќе, од тоа ѕште сега, во ова време, а во идниот век - живот вечен.”
31 И кога ги зеде во Себе дванаесетте, им рече: “Еве, одиме кон Ерусалим и се ќе се исполни, што напишале проровите за Синот Човечки:
32 дека ќе Го предат на незнабожците и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го оскрбат и ќе Го плукаат,
33 ќе Го бичуваат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскрсне.”
34 Но тие ништо од ова не равбраа; овие зборови за нив беа сикриени и тие не разбраа што им кажа.
35 А кога се приближуваше Он до Ерихон, еден слепец седеше кај патот и просеше;
36 и штом чу дека покрај него врви народ, праша: “Што е тоа?”
37 Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
38 Тогаш тој извика и рече: “Исусе, Сине Давидов, помилиј ме!”
39 Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: “Сине Давидов, помилуј ме!”
40 Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,
41 велејќи: “Што сакаш да ти направам?” Тој рече: “Господи, да прогледам!”
42 Тогаш Исус му рече: “Прогледај! Верата твоја те спаси.”
43 И оддеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога, И сиот нард, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

 

19

1 Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.
2 И ете, некој човек по има Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше многу богат,
3 сакаше да го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.
4 Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.
5 Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледа угоре, го виде и му рече: “Закхеј, слези погргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.”
6 И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
7 И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: “Отриде во куќата на грешен човек.”
8 А Захеј застана и Му рече на Господа: “Господи, еве половината од својот имот ќег го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.”
9 А Исус му речЕ: “Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов.
10 Оти, Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси изгубеното.”
11 А на оние, што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се открие царството Божјо,
12 па рече: “Еден човек од висок род заминуваше во далечна земја да прими царство за себе и да се врати;
13 и кога ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‘Тргувајте со нив, дури не се вратам!”
14 Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‘Нејќеме тој да царува над нас.’
15 А кога се врати, по приемот на царството, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види, кој колку спечалил.
16 Дојде првиот и му рече: ‘Господаре, твојата мина придонесе десет мини.’
17 И му рече: ‘Добро, верни слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.’
18 Дојде вториот и му рече: ‘Господаре, твојата мина придонесе пет мини.’
19 А тој и нему му рече: ‘И ти биди - над пет градови.’
20 И друг дојде, велејќи: ‘Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа,
21 оти се плашев од тебе, бидејќи си жесток човек: земаш од каде што не си сеел.’
22 А господарот му рече: ‘Со твојата уста ќе ти судам, лукави слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам, од каде што не сум оставил, и жнеам, каде што не сум сеел;
23 тогаш, зошто не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?’
24 Па им рече на присутните: ‘Земете ја од него мената и дајте му ја на оној, што има десет мини!’
25 И му рекоа: ‘Господаре, тој има десет мини!’
26 Ви велам, дека секому што има, ќе му се додаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она, што го има.
27 А оние мои непријатели, што не сакаа да царувам над нив, додедете ги тука и погубете ги пред мене!”
28 Кога го рече тоа, Он тргна понатаму, искачувајќи се он Ерусалим.
29 И кога се приближи кон Витфагија и Витанија, до гората наречена Елеонска, испрати два ученика,
30 велејќи: “Отидете во спротивното село! Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано осле, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го!
31 И ако ве праша некој: ‘Зошто одврзувате?’
32 Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол.
33 И кога го одврзуваа ослето, стопаните му рекоа: “Зошто го одврзувате ослето?”
34 Тие одговорија: “Потребно Му е на Господа.”
35 И го доведоа при Исуса; па штом ги нафрлија облеките свои на ослето, Му помогнаа на Исуса да се качи.
36 И кога минуваше Он, ги постилаа своите облеки на патот.
37 А кога наближи до местото од каде што се слегува од Елеонската Гора, сето мноштво ученици почнаа радосно да Го прославуваат Бога со висок глас, за сите чудеса шо ги видоа,
38 велејќи: “Благословен е Царот, Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава на висините!”
39 А некои фарисеи од народот Му рекоа: “Учителе, забрани им на учениците Твои!”
40 Но Он им одговори и рече: “Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.”
41 А кога се приближи и го виде градот, заплака за него
42 И рече: “Да беше и ти узнал барем во овој твој ден,што служи за твојот мир? Но тоа е сега сокриено од твоите очи,
43 зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со окопи и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите стани;
44 и ќе те разрушат тебе и ќе ги избиајт децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, оти не го позна времето, кога беше посетен.”
45 И кога влезе во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во него,
46 велејќи им: “Наспишано е: ‘Домот Мој е дом за молиитва, а вие го направивте разбојничка пештера’.
47 И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, гледаа да Го погубат,
48 но не можеа ништо да Му направат, зашто сиот народ беше приврзан кон Него и Го слушаше.

 

20

1 КОга Он, во еден од оние денови, го поучуваше народот во храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините
2 и Му рекоа, велејќи: “Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој ти ја дал таа власт?”
3 А Он им одговори и рече: “Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој ти ја дал таа власт?”
4 крштевањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето?”
5 А тие, размислувајќи помеѓу себе, си велеа: “Ако кажеме, ‘Од небото’, ќе речеа: ‘Зошто не му поверувавте?’
6 Ако, пак, речеме - ‘Од луѓе’, тогаш сиот народ ќе не затрупа со камења, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.”
7 Па одговорија: “Не знаеме од каде е.”
8 Исус му рече: “Ни јас нема да ви кажам, со каква власт го вршам тоа.”
9 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: “Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време.
10 А потоа испрати кај лозарите еден слуга, за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.
11 И испрати осново друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен.
12 Испрати и трет, а тие и него го ранија и го испадија.
13 Тогаш господарот на лозјето рече: ‘Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син; можеби, кога ќе го видат, ќе се засрамат.’
14 Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа му себе, ве;ејќи: ‘Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!’
15 И кога го изнесоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16 Ше дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.” А оние, што слушаа, рекао: “Да не даде Бог!”
17 Но Он, кога ги погледна, им рече: “Што значи тогаш напишаното: ‘Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот?’
18 Секој што падне врз тоај камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.”
19 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; оти разбраа дека за нив ја кажа оваа парабола.
20 И следејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преставуваа за праведни, за да Го фатат во некој збор и да Го предадат на поглаварите и на власта управникува.
21 И Го прашаа, велејќи: “Учителе, знаеме дека право говориш и учиш, и не гледаш кој што е, туку вистински поучуваш за патот Божји;
22 позволено ли е да даваме данок на ќесарот или не?
23 А Он го разбра нивното лукаство и им рече: “Што ме искушувате?
24 Покажете Ми еден динариј: Чиј образ и натпис има?” Тие одговорија: “Ќесарев.”
25 Па им рече: “Дајте го ќесаревото на ќесарот, а Божјото на Бога!”
26 И не можеа да ги покудат зборовите Негови пред народот, но се почудија на одговорот Негов и замолкнаа.
27 Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:
28 “Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена, и да го подигне потомството на брата си.
29 Имаше седум браша и првиот, откако се ожени, умре без деца;
30 жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца;
31 ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца;
32 по сите нив, умре и жената.
33 При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммина живеела?”
34 Им одговори Исус и рече: “Синовите на овој век се женат и мажат;
35 но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36 И да умрат веќе не ќе можат, оти се еднакви со ангелите, и бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37 А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј при капината, кога го нарече Господа - Бог Аврамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38 А Бог не е Бог на мртвите, туку Бога на живите, оти во Него се сите живи.”
39 На тоа, некои од книжниците, рекоа: “Учителе, добро рече!”
40 И не смееја повеќе ништо да Го прашаат. А Он им рече:
41 “Како, пак, велат дека Христос е син Дависов?
42 Та и сам Давид вели во Книгата на псалмите: ‘Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43 дури не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!’
44 И така, Давид, значи. Го нарече Господ. Како тогаш тој му е Он син?”
45 И кога сиот народ слушаше, Он им рече на учениците Свои:
46 “Чувајте се од книжниците, што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места по синагогите и да се први на гозбите;
47 што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат; тие ќе добијат потешка осуда.”

 

21

1 Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во цркованата каса;
2 виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две липти,
3 па рече: “Вистина ви велам, оваа вдовица, која ја напушти од сите повеќе пушти;
4 сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти - се што имаше за својот живот.”
5 И кога некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и ведени дарови, Он рече:
6 “Ќе дојдат дни и сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што нема да биде урнат.”
7 И Го прашаа, говорејќи: “Учителе, а кога ќе биде тоа и како ќе биде знакот, дека ќе стане тоа?”
8 Он рече: “Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе зборуваат оти сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!
9 А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба да стане, но се уште не е крајот.”
10 Тогаш им речЕ: “Ќе се крене народ против народ и царство против царство;
11 а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото.
12 А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве на синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име.
13 И тоа ќе ви биде вам за сведоштво.
14 И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што е одговарате,
15 зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да и противречат ниту да и се спротивтават сите ваши противници.
16 Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели, а никои од вас ќе бидат и убиени;
17 и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име.
18 Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;
19 со трпение спасувајте си ги душите.
20 А кога ќе го видите Ерусалим опкружен со војски, знајте - дека се приближило неговото запустување.
21 Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планинител и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
22 затоа тоа се дните на одмазда, за да се изврши се она што е напишано.
23 Но тешко на бремените и доилките во тие дни: зошто голема мака ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ;
24 и ќе паднат од сечило на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабожци, се додека не се свршат времињата на незнабожците.
25 И ќе има знаци на сонцето, и на месечината, и на ѕвездите; а на земјата - тага на народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и на брановите;
26 луѓето, пак, ќе умираат од страв и исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе попуштат.
27 И кога ќе Го видат Синот Човечји како доаѓа на облаци, со сила и слава голема.
28 А кога почне тоа да ставува, исправете се и подигни ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение.”
29 И им кажа парабола: “Погледајте ја смоквата и ситед дрвја;
30 кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете дека летото е близу.
31 Па така, кога ќе видите дека ставува ова, знајте дека се приближи царството Божјо.
32 Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни.
33 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
34 Само пазете се: вашите срца да се бидат оптпварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече овој ден ненадејно;
35 оти тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја;
36 бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она, што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки!”
37 Дење проповедаше Он во храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората, наречена Елеонска.
38 И сиот народ доаѓаше наутро при Него во храмот, за да Го слуша.

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная