логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


10.12.2010 год.

(петок)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

13-ден

 

 Tome.sv.Ekaterina3.jpg

13 ден: Лука 12-16
12 | 13 | 14 | 15 | 16

 

12

1 Меѓутоа, кога се насобраа илјадници народ - така што се газеа еден од друг, Он почна да им зборува најнапред на Своите ученици: “Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.
2 Нема ништо сокриено, а да не се открие, ни тајно - што не ќе се узнае;
3 па затоа, што сте рекле во темнина, ќе се чуе во видело; и то сте рекле нс уво во скривнца, ќе биде разгласено од покривите.
4 А вам, на моите пријатели, ви велам: не бојте се од оние, што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат;
5 но ќе ви кажам од кого да се боите, бојте се од Оној, Кој по убивањето има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него бојте се!
6 Зар не се продаваат пет врапчиња за два асарија? И ниедно од нив не е заборавено од Бога.
7 А вам, и косата на главата ви е изброена.. Па така, не бојте се: од многу врапчиња вие сте поскапи.
8 И ви велам: секој што Ме признае мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го презнае пред Божјите ангели;
9 а кој се одрече од мене пред луѓето, и тој тој ќе биде одречен од Божјите ангели.
10 На секој, што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој похули на Светиот Дух, нема да ми се прости.
11 А кога ве одведат во синагофите и пред властите и началствата, не грижете се што ќе говорите, или што ќе кажете;
12 зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час, ќто треба да кажете.”
13 Некој од народот Му рече: “Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене неследството!”
14 А Он му рече: “Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?
15 Потоа им кажа: “Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човекот не зависи од изобилството на неговиот имот.”
16 И им кажа парабола и рече: “На некој богат човек нивата му родила многу;
17 и мислише во себе, велејќи: ‘Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.’
18 Па рече - вака ќе направам: ‘ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,
19 и ќе и речам на душата своја: душо, имаш многу добра, проготвени за многу години; јади, пиј и весели се!’
20 Но Бог му рече: ‘Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?’
21 Така бива со оној што собира добра за себе, а не со богати во Бога.”
22 И им рече на учениците Свои : “Затоа ви велам: не грижете се за душата своја, што ќе јадете, ниту за телото свое, што ќе овлечете.
23 Зашто, душата е многу поскапа од храната, и телото - од облеклото.
24 Погледајте ги гавраните како ни сеат, ни жнеат; тие немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи од птиците?
25 Па кој од вас, грижејќи се, може да му додаде еден лакот на својот раст?
26 И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зашто се грижите за друго?
27 Погледајте ги лијаните како растат: ни се трудат, ниту предат; но ви велам, дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.
28 Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе вас, маловерни!
29 Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте!
30 Сето тоа го бараат и незнабожците на овј свет; а вашиот Отец знае што ви е потребно.
31 Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќ ви се придаде!
32 Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да го даде царството.
33 Продајте си ги имотите ваши и давајте милостиња! Згответе си кесиња, што нема са изветват, сокровиште на бебото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34 зашто, каде што е сокровиштето ваше. таму ќе биде и срцето ваше.
35 Нека ви биде крстот стегнат и светилата - запалени!
36 Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што чекаа својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.
37 Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни, кога ќе дојде! Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
38 А ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги!
39 Знајте го и тоа дека, ако домачинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој не би дозволил да му ја поткопаат куќата.
40 И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!”
41 А Петар Му рече: “Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за сите?”
42 Тогаш Господ рече: “Кој е тој верен и мудар слуга, кого го поставил господарот над своите слуги, за да им дава потребна храна навреме?
43 Блазе, н тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува!
44 Вистина ви велам, дека тој го постави него над целиот свој имот.
45 Ако, пак, тој слуга рече во срцете свое: ‘Нема скоро да дојде мојот господар!’, па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива,
46 господарот на тој слуга ше дојде во ден, во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го одели и ќе го постави меѓу неверните.
47 А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен.
48 Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
49 Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веше разгорел.
50 Со крштевање треба да се крстам и колку Ми е мачно дури не се сврши тоа.
51 Мислите дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не , ви велам, туку раздвојување;
52 оти отсега, петина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца;
53 ќе биде татко против сина си и син против татка си; мајка против ќерка си и ќерка против мајка си; свекрва против снаата своја и снаата против свекрвата своја.”
54 А на народот му рече: “Кога велите дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‘Ќе врне дожд!’ Така и бива.
55 А кога дува јужниот ветар, велите: ‘Ќе биде горештина!’ Па така и бива.
56 Лицемери, лицето на небото и земјата умеете да го распознавате, а ова време како не го познавате?
57 Зошто сами од себе не судите што е праведно?
58 Кога одиш со својот противник пред власта, гледај уште по патот да се смириш со него, за да не предаде на судијатам, а судијата на слугата и слугата да те фрли в затвор.
59 Ти велам, оттаму нема да излезеш, дури не ја дадеш и последната лепта.”


13

1 Во тоа време дојдоа некои и Му кажаа за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со невните жртви.
2 Исус им одговори и рече: “Мислите дека тие Галилејци беа најгршни од сите најгрешни од сите Глилејци, та така пострадаа?
3 Не, ви велам: ако не се покаете, сите така ќе изгинете?
4 Или мислите дека оние осумдесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа најгрешни од сите жители на Ерусалим?
5 Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.”
6 И ја кажа оваа парабола: “Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа плот, и не најде.
7 Тогаш му рече на лозарот: ‘Ете, три години доаѓам и барам плод од оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?’
8 А тој му одговори и рече: ‘Господаре остави ја уште оваа година, дури да ја окопам и и ставам ѓубре;
9 па, ако се роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш‘.”
10 Во една од синагогите поучуваше Он во сабота.
11 И ете, дојде една жена која беше опседната со дух на немоќта осудена осумнаесет години; таа беше згрбавена и накако не можеше да се исправи;
12 штом ја виде Исус, ја повика и и рече: ‘Жено, се ослободуваш од болеста своја.”
13 И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14 А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: “Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувај те се, а не со саботен ден!”
15 Но Господ му одговори и рече: “Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16 А оваа ќерка Аврамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?”
17 А кога го зборуваше ова, сите што беа против него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.
18 А он рече: “На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19 Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си правата гнезда на неговите гранки.”
20 И пак рече: “Со што да го споредам царството Божјо?
21 Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека не скисне сето.”
22 И минеше низ градови и села и поучуваше, патувајќи кон Ерусалим.
23 Некој, пак, Му рече: “Господи, малку ли се оние што ќе се спасат?”
24 “Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакаата да влезат но не ќе можат.
25 Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‘Господи, Господи, отвори ни!’ Он ќе ви одговори и рече: ‘Не ве знам од каде сте.’
26 Тогаш ќе почнете да зборувате: ‘Ние јадевме пред тебе и пиевме; и по нашите улици Ти почуваше.”
27 А Он ќе рече: ‘Ви велам: не ве познавам од каде сте; одстапете од Мене сите што вршите неправда!’
28 Таму ќе биде крцкање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова, и сите пророци во царството Божјо, а себе - истерани надвор.
29 И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.
30 И ете, има последни, што ќе бидат први, а и први, што ќе бидат последни.”
31 Во тој ден простапика некои од фатисеите и Му рекоа: “Излези и оде си од овде, оти Ирод сака да Те убие!”
32 И им рече: “Одете и кажете и на таа лисица: еве, истерувам бесови, и лекувам денес и утре - и на третиот ден ќе свршам;
33 но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророк да загине во Ерусалим.
34 Ерусалиме, Ерусалиме, ти ќто ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилиењата свои под крилја, но не сакавте.
35 И ете, домот ваш ќе ви се остави пуст. И Ја ви велам, дека нема да Ме видите се дури не дојде времето да кажете: “Благословен е Оној што иде во името Господово!”


14

1 Еднаш во саботен ден влезе кај еден од фарисејките старешини и јадеше леб; а тие пазеа на Него.
2 Одеднаш застана пред Него еден човек, болен од водена болест.
3 И кога одговори Исус, им рече на закониците и фарисеите, велејќи: “Дозволено ли е да се лекува со сабота?”
4 А тие замолкнаа. И кога се допре, го излекува и го испрати.
5 Потоа им рече: “Кој од вас, ако му падне в бунар вол или осле, нема да го извади веднаш, и тоа во саботен ден?”
6 Не можеа да му одговорат на тоа.
7 А кога забележа, како поканетите избираат први места, им кажа парабола и рече:
8 “Ако те покани некој на свадба, не седнувај на првото место, за да не влезе некој од гостите да биде со поголема чест од тебе,
9 и, да не дојде оној, што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‘Отстапи го местото на овој!’ и тогаш, застамен ќе седнеш на последното место.
10 Но, кога ќе бидеш поканет, отиди и седни на последното место, та оној, што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‘Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест од гостите, што седат со тебе.
11 Зашто, секој што се издига, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде издигнат.
12 А на оној, што го беше поканил, му рече: “Кога даваќ ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ни роднините свои, ниту браќата свои, ниту богатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш да не ти вратат.
13 Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, хромите, слепите,
14 и ќе бидеш блажен, оти не можат да ти вратат, а ќе ти биде отплатено при воскресението на праведните.”
15 А кога го чу еден од оние, што седеа со Него на трпезата, Му рече: “Блажен е оној, кој ќе јаде леб во царството Божјо!”
16 А Он му одговори: “Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;
17 и кога беше време за вечера, го испрати слугата свој да им каже на поканетите: ‘Дојдете, оти се е готово!’
18 И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: ‘Купив нева и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!’
19 Вториот рече: ‘Купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам - извини ме!’
20 Третиот рече: ‘Се оженив и затоа не можам да дојдам.’
21 Кога се врати слугат, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домачинот на куќата и му рече на својот слуга: ‘Отиди бргу по раскрниците и улиците градски и доведи ги бедните,слабите, хромите и слепите!’
22 И рече слугата: ‘Господаре, направил како што ми заповеда и уште има место.’
23 И му рече господарот на слугата: ‘Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом!’
24 Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја. Оти мнозина се поканети, но малкумина се избрани.”
25 Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече:
26 “Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.
27 И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28 Зашто,кој од вас, сакајќи да соѕида кула, не ќе седне најнапред да направи сметка колку ќе чини и дали има се, што е потребно за нејзиното довршување,
29 та, откако ги постави темелите и не може да воврши, да не почнат да му се смеат,
30 и да речат: ‘Овој човек почна да ѕида и не може да доврши’.
31 Или кој цар, одејќи во војна против друг цар, не ќе седне да се советува најнапред, може ли со десет илјади да издржи пред оној, што иде против него со дваесет илјади?
32 Инаку, дури е оној уште далеку, ќе испрати слуги и ќе моли за мир.
33 Така и секој од вас, кој не се откаже од се што има, не може да биде Мој ученик.
34 Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се осоли?
35 Ниту на земјата, ниту на ѓубрето му е потребна; па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!”

15

1 Се приближуваа кон Него сите митници, и грешници за да Го слушаат.
2 А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: “Овој прима грешници и јаде со нив.”
3 Но Исус и ја кажа оваа парабола и рече:
4 “Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги оставу деведесет и деветте во пустињата и не тргне по загубената, додека не ја најде?
5 А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6 и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, оти ја најдов мојата загубена овца!’
7 Ви велам, дека и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што намаат потреба за каење.
8 Или која жена, имајќи десет драхми, кога загуби една, нема да запали светило и да ја помете куќата, за да побара внимателно, дури не ја најде?
9 А штом ќе најде, ќе повика пријатели и сосетки, велејќи: ‘Радувајте се со мене, оти ја најдов загубената драхма!’
10 Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, кој се кае.”
11 И рече: “Еден човек имаше два сина.
12 Помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај му го делот што ми припаѓа од омотот!’ И таткото им го раздели имотот.
13 По неколку дена, помладиот син, кога собра се, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно.
14 И откако потроши се, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака;
15 па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи.
16 И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад.
18 Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе,
19 и не сум достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници’.
20 Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.
21 И синот му рече: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум достоен да се наречам твој син!’
22 А таткото им рече на слугите свои: ‘Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;
23 па дотерајте се и заколете угоено теле; да јадеме и да се веселиме,
24 оти овој мој син мртов беше и ожеве, изгубен беше и се најде’. И почнаа да се веселат.
25 А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици.
26 Па, кога повика еден од слугите, го праша: ‘Што е ова?’
27 А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и татко ти закла угоено теле, оти го виде здрав.’
28 Тој се налути и нејќеше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.
29 А тој му одговори на татка си и му рече: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се повеселам со моите пријатели;
30 а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле.’
31 А он му рече: ‘Синко, ти секогаш си со мене и се мое е твое;
32 но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.’”


16

1 А на Учениците Свои им рече: “Еден човек беше богат и имаше настојник; и тој наклеветен од него дека го растура ниговиот имот.
2 И кога го повика, му рече: ‘Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.’
3 А настојникот си рече во себе: ‘Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам - се срамам.
4 Знам што да правам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од раководењето на куќата'‘
5 И кога ги повика должниците на својот господар, секого пооделно, му рече на првиот: ‘Колку му должиш на мојот господар?’
6 Тој одговори: ‘Сто мери елеј.’ И му рече: ‘Земи си ја потврдата, сиди бргу и напиши: ,педесет!’
7 Потоа му рече на другиот: ‘А ти, колку должиш?’ Тој одговори: ‘Сто мери пченица.’ И му рече: ‘Земи си ја потврдата и напиши: ‘осумдесет!’
8 И го пофали господарот несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овпј свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9 И ви велам: создадете си пријатели со направедно богатство, па, кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.
10 Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е неспреведлив.
11 Па така, ако во несправедното богатство ен бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12 И ако во туѓето не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе ги замрази, а другиот ќе го засака, или на другиот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.”
14 Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљубци, и Му се потсмеваа.
15 И им рече: “Вие се прикажувате пред луѓето како праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
16 Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
17 Но полесно им на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18 Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.
19 Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20 Имаше, исто така, и еден сиримав, по име Лазар, кој спруполив лежеше пред вратата негова;
21 и сакаше да се нахрани од трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22 Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Аврамово; умре и богатиот и го погребаа.
23 И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово.
24 и, откако извика, рече: ‘Оче Аврааме, слилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!’
25 Но Авраам рече: ‘Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.
26 Освен тоа, меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и оние оттаму - при нас.’
27 А тој рече: ‘Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28 зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!’
29 Авраам му рече: ‘Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!’
30 А тој рече: ‘Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.”
31 Авраам му рече: ‘Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаа, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.’”

  

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная