логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


08.12.2010 год.

(среда)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

11-ден

 

11 ден: Лука 4-7
4 | 5 | 6 | 7

4
1 Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустиња.
2 Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот, и ништо не јаде во тие дни; а кога изминаа тие, најпосле огладне.
3 И Му рече ѓаволот: “Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.”
4 А Исус му одговори и рече: “Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку со секој збор Божји.”
5 И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот му ги покажа наеднаш сите царства во светот.
6 И Му рече ѓаволот: “Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7 Ако ми се поклониш, сетоа тоа ќе биде Твое.”
8 Но Исус му одговори и рече: “Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!’”
9 И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на храмовиот покрив, па Му рече: “Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!
10 Зашто е напишано: ‘На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат;
11 и на раце ќе Те земат, да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен’.”
12 И Исус му одговори и рече: “Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, својот Бог!’”
13 Па како заврши ѓаволот со сите свои искушенија, отиде од Него за некое време.
14 И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15 А Он поучуваше по синагогите нивни, прославуван од сите.
16 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита.
17 Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:
18 “Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
19 да ја проповедам благопријатната година Господова!”
20 И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
21 И почна да им говори: “Денес се исполни ова Писмо, што го чувте.”
22 И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова, и велеа: “Не е ли Овој синот на Јосифа?”
23 А Он им рече: “Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: ‘Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она, што чувме дека се случило во Капернаум.’”
24 Па им рече: “Вистина ви велам: ниеден пророк не е мил во земјата своја.
25 Навистина ви кажувам: имаше вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад во целата земја;
26 и при ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска;
27 и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.”
28 А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
29 па како станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.
30 Но Он си помина меѓу нив и си отиде.
31 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32 И се чудеа на Неговата наука, зашто словото Му беше со власт.
33 Во синагогата се наоѓаше еден човек, во кого имаше нечист бесовски дух, и тој извика гласно:
34 “О, што имаш со нас, Ти, Исусе Назарејче? Си дошол ли да не погубиш? Те знам кој си, Ти си Светец Божји.”
35 А Исус му забрани говорејќи: “Молкни и излези од него!” Па откако го кутна насреде, бесот излезе од него и ништо лошо не му направи.
36 И сите се уплашија, и расудуваа, говорејќи помеѓу себе: “Какви се овие зборови, со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат?”
37 Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
38 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а бабата на Симона имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39 И како застана над неа, Он ја отстрани треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.
40 И на зајдисонце, сите, што имаа болни од разни болести, ги доведуваа при Него; а Он, возлагајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
41 Од мнозина излегуваа бесови со викање, и велеа: “Ти си Христос, Син Божји!” А Он забрануваше и не им позволуваше да кажуваат, оти знаат дека е Он Христос.
42 Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43 А он им рече: "И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен."
44 И проповедаше по синагогите галилејски.
5
1 Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше појрај Генисаретското Езеро.
2 Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плетеа мрежите.
3 Кога влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.
4 А штом престана да говори, му рече на Симона: "Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!"
5 Но Симон Му одговори и рече: "Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.
6 И штом го направија тоа, тие уловија голема количина на риба, та дури и мрежата им се скина.
7 Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и ги исполнија и двата така, што за малку ќе потонеа.
8 А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови И Му рече: "Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!"
9 Зашто беше влегол страв во него, и сите што беа во него, од тој лов на риби, што го уловија;
10 а исто така и во Јакова и во Јована, синовите Завеедеви, кои му без другари на Симона. И му рече Исус на Симона: "Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!"
11 Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија се и тргнаа по Него.
12 А кога бише Исус во еден град, дојде некој човек сиот лепрозен, и штом го виде Исуса, падна ничкум и молејќи му се, рече: "Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш."
13 Исус протегна рака, се допре до него и рече: "Сакам, очисти се!" И веднаш лепрата падна од него.
14 И му заповеда никому да не кажува; и му рече: "Оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво!"
15 Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу народ доаѓаше да Го слуша и да ги лекува болните нивни.
16 А Он се повлекуваше на осамени места и се молеше.
17 Еден ден, додека Он поучуваше, седеа таму фарисеи и законоучители, кои беше дошле од сите села на Галилеја и Јудеја, и од Ерусалим; а Он имаше сила Господова да лекува.
18 И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше фатен, и сакаа да го внесат и положат пред Него;
19 па, како не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија со се постелата насреде Исуса.
20 А Он, штом ја виде верата нивна, рече: "Човеку, ти се простуваат гревовите!"
21 Книжниците, пак, и фарисеите почнаа да размислуваат и да велат: "Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен едниот Бог?"
22 А Исус, кога ги разбра нивните помисли, им одговори и рече: "Што размислувате во срцата свои?
23 Што е полесно да се каже: ‘Ти се простуваат гревовите,’ или да кажам: ‘ Стани и оди’?
24 Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите” - па му рече на фатениот: “Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!”
25 И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде дома, славејќи Го Бога.
26 ужас ги опфати сите и Го славеа Бога; па, кога се исполнија со страв, говореа: “Чудни работи видовме денес!”
27 А кога излезе Исус и виде еден митник, по име Левиј, кој седеше на митницата, и му рече: “Врви по Мене!”
28 Тој остави се, стана и тргна по Него.
29 И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многи митници и други, што седеа на трпеза со нив.
30 Книжниците, пак, и фарисеите негодуваа против Него и им говореа на учениците Негови: “Зошто со митници и грешници јадете и пиете?”
31 Исус им одговори и рече: “Здравите немаат потреба од лекар, но болните;
32 не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.”
33 А тие му рекоа: “Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисеите, а Твоите јадат и пијат?”
34 Он им рече: ”Зар можете да ги натерата сватовите да постат, додека е со нив младоженецот?
35 Но ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат.”
36 Им ја кажа оваа порабола: “Никој не пришива на стара облека крпа од нова облека; оти и новата ќе се отпара, а на старата не и прилега нова крпа.
37 И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат;
38 но ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се запази и едното и другото.
39 И никој, откако пил старо вино, нема да побара ново; оти вели: ‘Старото е подобро.’”
6
1 Вo првата сабота, по вториот ден на Пасха, намисли да мине преку невјата и учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа.
2 А некои од фарисеите им рекоа: “Зошто го правите тоа, што не бива да се прави во сабота?”
3 Исус им одговори и рече: “Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне сам тој и оние што беа со него?
4 Кога влезе во домот Божји, ги зеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде некој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние, што беа со него!”
5 И им рече: “Синот Човечки е господар и на саботата.”
6 Потоа, пак, и гругата сабота влезе со синагогата и почуваше; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.
7 Книжниците и фарисеите гладаа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да Го обвинат.
8 Но Он, знаејќи ги нивните помисли, му рече на човекот со исушената рака: “Дигни се и застани насреде!” И тој се дигна и застана,
9 Тогаш му рече Исус: “Ќе ве запрашам: што е позволено да прави човек во сабота - добро или зло?Да спаси ли една душа или да ја погуби?” А тие молчеа.
10 Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: “Протегни ја раката своја!” Тој направи така; и раката му стана здрава како другата.
11 А овие се разгневија многу и се советуваа помеѓу себе, што да Му направат на Исуса.
12 Тие денови се искачи на една гора, за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога.
13 А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече и апостоли:
14 Симона, кому што му даде и име Петар, и брат му Андреја, Јакова и Јована, Филипа и Вартоломеја,
15 Матеја, Тома, Јакова Алфеев и Симона, наречен Зилот,
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариот, кои Го и предаде.
17 Па како слезе заедно со нив, Он се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско,
18 кои биле дошле за Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и онои што страдаа од нечисти духови; и се излекуваа.
19 И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
20 А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: “Блажени сте вие, сиромашните, зашто е ваше царството Божјо!
21 Блажени сте вие, што сегагладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете!
22 Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!
23 Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!
24 Но тешко вам, богати, заштовеќе сте ја примиле својата утеха!
25 Тешко вам, преситени сега, оти ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете!
26 Тешко вам, кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто така им правеа на лажните пророци и нивните тетковци!
27 Но вам, што слушате, ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат;
28 благословувајте ги оние што ве навредуваат!
29 На оној, што ќе ве удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној, што сака да ти ја земе горната облека, подај му ја и кошулата.
30 Секому, кој бара, подај; а од оној, што зема од тебе нешто, не сакај да ти го врати!
31 Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32 И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив!
33 И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата?Оти и грешниците го прават тоа.
34 И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви вратат каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа.
35 Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.
36 И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.
37 Не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде опростено;
38 давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.”
39 И им кажа парабола: “Може ли слепец слепец да води? Не ќе паднат ли обајцата во јама?
40 Нема ученик поголем од својот учител; но секој, што ќе се усоврши, ќе бите како и учителот негов.
41 И зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележуваш?
42 Или, како можеш да му кажеш на својот брат: позволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си.
43 Оти, нема дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод.
44 Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
45 Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште од своето срце изнесува лошо; оти, од преполнетото срце зборува устата негова.
46 И зошто Ми велите: ‘Господи, Господи!’ а не го извршувате она што ви го кажувам?
47 Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега.
48 Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави куќа на камен; а кога настана наводение, раката напна на таа куќа и не можеш да ја помести, оти беше основана на камен.
49 А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна на реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо.”
7
1 И кога ги наврши зборовите Свои кон народот, што слушаше, Он влезе во Капернаум.
2 Слугата на еден стотник беше тешко болен, на умирање; а многу го сакаше.
3 Па како чу за Исуса, ги прати при Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го излекува слугата негов.
4 А тие, штом дојдоа при Исуса, Го молеа усрдно и велеа: “Достоен е да му го направиш тоа,
5 оти го сака нашиов народ, и синагогата тој ни ја направи.”
6 И тргна Исус со нив. А кога беа веќе до куќата, стотникот ги прати пријателите свои при Него, говорејќи: “Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив;
7 затоа и сам себе не се најдов достоен да дојдам при Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави;
8 оти и јас сум човек подвластен, а имам и подчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‘Оди!’ - и тој оди; на другиот: ‘Дојди!’ - и тој доаѓа; и на слугата свој: ‘Направи тоа!’ - и тој прави.”
9 Штом го чу тоа, Исус се зачуди и кога се сврте кон народот, што врвеше по Него, рече: “Ви велам, ни во Израилот не најдов толку голема вера!”
10 Испратените кога се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.
11 И се случи по тоа да оди во градот наречен Наин; и со него одеа мнозина негови ученици и многу народ.
12 А кога се приближи до градската порта, етее, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше по неа.
13 Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па и рече: “Не плачи!”
14 И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Он рече: “Момче, тебе ти велам, стани!”
15 Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и Он го предаде на мајка му.
16 И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: “Голем пророк се јави меѓу нас.” и “Бог го посети Својот народ.”
17 И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
18 И му соопштија на Јована учениците негови за сето тоа.
19 Јован, пак, повика двајца свои ученици и ги испрати при Исуса, говорејќи: “Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?”
20 И кога дојдоа при Него, тие Му рекоа: “Јован Крстител не прати при Исуса, велејќи: ‘Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?’”
21 Во тој час Он исцели мнозина од болести, и од рани, и од зли духови, и на мнозина слепи им подари вид.
22 И им одговори Исус и рече: “Одете и кажете му на Јована што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Евангелието;
23 и блажен е оној, кој не ќе се соблазни поради Мене.”
24 А кога си отидоа учениците Јованови, Он почна да му зборува на народот за Јована: “Што излеговте да видите во пустињата? Трска ли, што се лулее од ветар?
25 Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние, што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се.
26 Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк.
27 Овој е, за кого што е напишано: ‘Ете, Јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе.’
28 Оти ти велам: меѓу родените од жени нема ниеден поголем пророк од Јована Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.”
29 И сите луѓе, што слушаа, па и митниците, Му благодареа на Бога дека се беа крстиле со крштавањето Јованово;
30 а фарисеите и закониците го отфрлија советот Божји за нив, и не се крстија он него.
31 И рече Господ: “Со кого да ги споредам луѓето од овој род? И кому се слични?
32 Тие личат на деца што седат по пазаришта и викаат едно на друго, велејќи: ‘Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте!’
33 Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие велите: “Бес има.’
34 Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‘Еве човек што многу јаде и пие, пријател на митниците и на грешниците!’
35 И се оправда Премудроста од сите свои чеда.”
36 Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него; и Он, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом чу дека Он седи на трпеза во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
38 па, како застана при нозете Негови одзади, плачејќи, почна, почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро.
39 А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: “Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, што се допира до Него, оти таа е грешница.”
40 Му одговори Исус и рече. “Симоне, имам нешто да ти кажам. “А тој одврати: “Учителе, кажи!”
41 Исус му рече: “Двајца му беа на еден заемодавец: едниот му должеше петстотини динарии, а другиот педесет.
42 Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе го милува?”
43 Симон одговори и Му рече: “Мислам оној, кому повеќе му прости.” А Он му рече: “Мислам оној, кому повеше му прости.” А Он му рече: “Право пресуди.”
44 И кога се сврте кон жената, му рече на Симона: “Ја вледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри.
45 Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.
46 Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.
47 Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има.”
48 Нејзе, пак и рече: “Ти се простуваат гревовите!”
49 А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: “Кој е Овој што и гревови проштава?”
50 На жената, пак, и рече: “Верата твоја те спаси; оди си со мир!”

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

 

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная