логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

06.12.2010 год.

(понеделник)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

9-ден

 

 ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО

9 ден: Марко 13-16
13 | 14 | 15 | 16

 

Глава  13

 

    1 И кога излегуваше од Храмот, еден од Неговите ученици Му рече: „Учителе! Гледај - какви камења и каква зграда!”

  2 А Исус му рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Нема да остане камен на камен, што не ќе биде разурнат.

  3 И кога седеше на Маслиновата Гора, спроти Храмот, Петар и Јаков и Јован и Андреј Го прашаа насамо:

  4 ”Кажи ни кога ќе биде тоа, и каков е знакот, кога сè тоа ќе се исполни?”

  5 А Исус почна да им зборува: „Пазете се, некој да не ве измами!

  6 Мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас Сум’ - и ќе измамат мнозина.

  7 Кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се! Зашто тоа треба да биде, но уште не е свршеток;

  8 зашто ќе се крене народ против народ и царство против царство; ќе има земјотреси по разни места; ќе има глад. Тоа е почеток на страдањата.”

  9 ”Но вие, чувајте се! Ќе ве предаваат на судовите и ќе ве бијат по синагогите; и пред управниците и царевите ќе стоите заради Мене, ним за сведоштво.

10 Најнапред треба да им биде проповедано Евангелието на сите народи.

11 А кога ќе ве поведат и ве предадат, не грижете се однапред што ќе зборувате; туку што ќе ви биде дадено во тој час, зборувајте го тоа: зашто нема да зборувате вие, туку Светиот Дух.

12 И брат брата ќе предаде на смрт, и татко - чедо. И децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат.

13 И сите ќе ве мразат заради Мене, а кој претрпи до крај, тој ќе се спаси.

14 А кога ќе видите дека ‘мерзоста на запустението’ како што рече пророкот Даниел, да стои, каде што не треба - кој чита, нека разбере! - тогаш оние, кои се во Јудеја, нека бегаат по горите!

15 Кој е на покривот, нека не слегува и нека не влегува да земе нешто од својата куќа;

16 а кој е во полето, нека не се враќа да ја земе својата наметка.

17 Тешко им на трудните жени и на доилките во тие дни!

18 Молете се, тоа да не биде зиме!

19 Зашто во тие дни ќе има неволја каква немало од почетокот на Божјото создавање, па досега, и нема да биде.

20 И ако Господ не ги скрати тие дни, не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра, ги скрати дните.

21 И ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, тука е Христос! Ене, таму!’ не верувајте;

22 зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат знаци и чуда, за да ги измамат избраните, ако е можно.

23 А вие внимавајте! Ете, ви кажав сè однапред!”

24 ”Во тие дни - после тие неволји - сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,

25 ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се расклатат.

26 И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облаците, со голема сила и слава.

27 И тогаш, Тој ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги собере своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.”

28 А од смоквата научете ја приказната: кога нејзината гранка омекне и разлиста, знаете дека летото е близу.

29 Така и вие, кога ќе видите дека се случува ова, знајте дека е близу - пред врата.

30 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине, додека сè ова не се збидне.

31 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.

32 А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”

33 ”Внимавајте, бдејте! Зашто не знаете, кога ќе биде времето!

34 Како човек, кој - тргнувајќи на пат - ја остави својата куќа и ги овласти своите слуги, секому му ја одреди неговата работа, а на вратарот му нареди да бдее.

35 И така: бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде господарот на куќата: навечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропеат, или наутро,

36 за да не дојде одненадеж и да ве најде заспани.

37 А што ви зборувам вам, на сите им зборувам: бдејте!”

 

 

Глава  14                                   

   
  1 А беа два дни до Пасха и до празникот на Бесквасните лебови. И главните свештеници и книжниците бараа како да Го фатат на измама и да Го убијат,

  2 но зборуваа: „Не на празникот, за да не се побуни народот.”

  3 И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот, додека беше прилегнат покрај трпезата, дојде една жена, која имаше сад од алабастер, со чисто скапоцено нардово миро; таа го скрши садот од алабастер и го излеа мирото врз Неговата глава.

  4 А некои негодуваа, говорејќи меѓу себе: „Зошто да се растура така мирото!

  5 Имено, мирото можеше да биде продадено за повеќе од триста денарии и да им се даде на сиромасите!” И негодуваа против неа.

  6 Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто и досадувате? Таа направи добро дело на Мене.

  7 Зашто бедните ги имате секогаш со себе, и можете да им направите добро кога ќе посакате; а Мене Ме немате секогаш.

  8 Таа направи што можеше; Го помаза предвреме Моето тело за погребение.

  9 И вистина ви велам, каде и да биде проповедано Евангелието, по целиот свет, ќе се раскаже и што направи таа, за нејзин спомен.”

10 И Јуда Искариотски, еден од Дванаесетмината, отиде при првосвештениците, за да им Го предаде.

11 А тие, кога чуја, се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници. И бараше погоден случај, за да Го предаде.

12 А во првиот ден на Бесквасните лебови, кога колеа за Пасха, Неговите ученици Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме за да ја јадеш Пасхата?”

13 И испрати двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во град и ќе ве сретне човек, кој носи вода во врчва. Одете по него

14 и каде ќе влезе, речете му на домаќинот: „Учителот праша: „Каде е Мојата соба, каде ќе ја јадам Пасхата со Моите ученици?”

15 И тој ќе ви покаже голема соба - горница, послана, приготвена; згответе ни таму!”

16 И Неговите ученици излегоа и отидоа во градот, и најдоа како што Тој им рече, па ја приготвија Пасхата.

17 А кога се свечери, дојде со Дванаесетмината.

18 И кога беа прилегнати покрај трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам, еден од вас - кој јаде со Мене - ќе Ме предаде.”

19 Тие се нажалија и почнаа да Му велат еден по еден: „Да не сум јас?” А друг: „Дали јас?”

20 А Тој им рече: „Еден од Дванаесетмината, кој макнува со Мене во чинијата.

21 Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човечкиот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.”

22 И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”

23 И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.

24 И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.

25 Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.”

26 И откако испеаја песна, излегоа на Маслиновата Гора.

27 И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”

28 А по Своето воскресение, ќе отидам пред вас во Галилеја.”

29 А Петар Му рече: „Ако и сите се соблазнат, но јас - не.”

30 И Исус му рече: „Вистина ти велам, дека ти денес, во оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.”

31 Но тој уште поупорно зборуваше: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!” И сите го велеа истото.

32 И дојдоа до место, по име Гетсиманија, и им рече на Своите ученици: „Седете тука, додека се помолам!”

33 И ги зеде со Себе: Петра, Јакова и Јована, се натажи, и почна длабоко да се вознемирува.

34 И им рече: „Мојата душа е нажалена до смрт; останете тука и бдејте!”

35 И отиде малку подалеку, падна на земја и се молеше, - ако е можно - да Го одмине тој час,

36 и велеше: „Ава, Татко! Сè е можно за Тебе. Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!”

37 И дојде и ги најде како спијат; и му рече на Петра: „Симоне, спиеш ли! Не можеше ли да бидеш буден еден час!

38 Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо.”

39 И пак отиде и се помоли, изговарајќи ја истата молитва.

40 Кога се врати, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале и не знаеја што да му одговорат.

41 И дојде по третпат и им рече: „Сè уште спиете и почивате!” Доста е, часот дојде! Еве, Го предаваат Човечкиот Син во грешнички раце.

42 Станете, да одиме! Еве, наближи Мојот предавник!”

43 И веднаш, додека Тој уште зборуваше, дојде Јуда - еден од Дванаесетмината, и со него множество, со мечеви и со стапови; испратени од главните свештеници, книжниците и старешините.

44 А Неговиот предавник им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е; фатете Го Него и одведете Го внимателно.”

45 И кога дојде, веднаш Му пристапи и рече: „Рави! Рави! И Го целива топло.”

46 А тие ставија раце на Него и Го фатија.

47 А еден од оние, кои стоеја таму, истрга меч и го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.

48 Исус пак одговори и им рече: „Излеговте како на разбојник, со мечеви и стапови, за да Ме фатите!

49 Секој ден бев при вас, во Храмот, и поучував, но не Ме фативте. Но, Писмата треба да се исполнат!”

50 Тогаш, сите Го оставија и се разбегаа.

51 А по Него одеше еден млад човек, наметнат со платно на голото тело, и го фатија него;

52 но тој го остави платното и избега гол од нив.

53 И Го одведоа Исуса при првосвештеникот, и се собраа сите главни свештеници, старешини и книжници.

54 А Петар Го следеше оддалеку сè до - во дворот на првосвештеникот. Таму седеше со слугите и се грееше покрај огнот.

55 А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштво против Исуса, за да Го убијат, но не најдоа.

56 Зашто мнозина сведочеа лажно против Него, но сведоштвата не беа еднакви.

57 И некои станаа и сведочеа лажно против Него, велејќи:

58 ”Ние Го чувме како зборуваше: „Ќе го урнам овој ракотворен Храм и за три дни ќе изградам друг - неракотворен. „

59 Но ни така нивното сведоштво не беше еднакво.

60 Тогаш првосвештеникот стана на средина и Го праша Исуса, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”

61 А Тој молчеше и ништо не одговори. Првосвештеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”

62 А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.”

63 Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Зошто ни се потребни веќе сведоци?

64 Чувте богохулство! Како ви се гледа?” А тие сите Го осудија дека заслужува смрт.

65 И некои почнаа да Го плукаат и да Му го покриваат лицето, да Го удираат со тупаници и да Му велат: „Проречи!” И слугите Го удираа по образите.

66 И кога Петар беше долу, во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот;

67 и кога го виде Петра, како се грее, го погледна и му рече: „И ти беше со Исуса Назареецот!”

68 Но тој одрече, велејќи: „Ниту знам, ниту разбирам што зборуваш!” И излезе надвор во преддворјето и петел запеа.

69 А слугинката го виде и почна пак да им зборува на оние, кои стоеја таму: „И овој е од нив!”

70 А тој пак одрече. Подоцна, оние, кои стоеја таму, пак му рекоа на Петра: „Навистина си од нив, зашто и ти си Галилеец а и говорот се сложува.”

71 А тој почна да се колне и да се заколнува: „Не Го познавам човекот за Кого зборувате.”

72 И веднаш петелот запеа по вторпат. А Петар се сети на зборовите, што му ги рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, трипати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.

 

 

Глава  15                                        

   
  1 И веднаш наутро, првосвештениците, со старешините и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата.

  2 И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!”

  3 Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо.

  4 А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!”

  5 Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше.

  6 А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа.

  7 Беше во окови наречениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство.

  8 И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел.

  9 А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”

10 Зашто знаеше дека првосвештениците Го предадоа од завист.

11 Но првосвештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава.

12 А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?”

13 Но тие извикаа повторно: „Распни Го!”

14 Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”

15 Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичуваа, Го предаде да биде распнат.

16 Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета.

17 И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него.

18 И почнаа да Го поздравуваат: „Здраво, Јудејски Царе!”

19 И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа.

20 А кога Му се наругаа, ја соблекоа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.

21 И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст.

22 И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи.

23 И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими.

24 Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив - кој што да земе.

25 А беше третиот час, кога Го распнаа.

26 И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.”

27 И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него.

28 И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.”

29 А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни,

30 спаси Се Себеси и слези од крстот!”

31 Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси!

32 Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!” Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него.

33 А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.

34 А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!”- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!”

35 Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа:”Ете, го вика Илија!”

36 И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!”

37 А Исус викна со силен глас и издивна.

38 И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу.

39 А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!”

40 А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома,

41 кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим.

42 А кога веќе се свечери, бидејќи беше подготвување, односно ден спроти сабота.

43 Дојде Јосиф од Ариматеја, почитуван советник, кој и самиот го чекаше Божјото Царство, се осмели и влезе при Пилата и го побара Исусовото тело.

44 А Пилат се зачуди дека веќе починал; и го повика стотникот и го праша дали починал одамна.

45 А штом узна од стотникот, му го даде на Јосифа мртвото тело.

46 Тој купи ленено платно, Го симна, Го завитка во платното и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен пред вратата на гробот.

47 А Марија Магдалена и Марија Јосиева гледаа каде е положен.

 

 

Глава  16                        

   
  1 А кога мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Салома, купија мириси, за да дојдат и да Го помажат.

  2 И многу рано, во првиот ден на седмицата, дојдоа на гробот кога изгреваше сонцето.

  3 И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одмести каменот од вратата на гробот?”

  4 И кога погледаа, видоа дека каменот е одместен. Имено, беше многу голем.

  5 А кога влегоа во гробот, видоа младич во долга бела облека, како седи оддесно и се зачудија.

  6 Но тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Назареецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија.

  7 Туку одете и кажете им на Неговите ученици, и на Петра; дека ‘Тој отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви рече.’”

  8 А тие излегоа и побегнаа од гробот, зашто ги опфати трепет и страв. И никому ништо не рекоа, зашто се боеја.

  9 А кога воскресна рано, во првиот ден на седмицата, и се јави прво на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.

10 Таа отиде и им јави на оние, кои беа со Него - кои тагуваа и плачеа.

11 А тие, кога чуја дека е жив и дека таа Го видела - не поверуваа.

12 Потоа им се јави во друг лик, на двајца од нив, по патот, кога одеа во селото.

13 И тие отидоа и им јавија на другите; но и ним не им поверуваа.

14 Најпосле им се јави и на Единаесетмината, додека беа покрај трпезата, и ги укори заради нивното неверие и закоравеноста на срцето, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.

15 И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!

16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

17 А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици;

18 ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат.

19 А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небо и седна оддесно на Бога.

20 А тие излегоа и проповедаа насекаде; а Господ помагаше и го утврдуваа словото со знаци, кои го придружуваа. Амин!

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.


(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

29/07/2024 - понеделник

Св. свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија; Св. маченичка и девица Јулија; Петанесет илјади Свети маченици; Св. маченик Атиноген; Споменот на шесте Вселенски Собори;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная