логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

05.12.2010 год.

(недела)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

8-ден

 

 

 

 ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО

8 ден: Марко 9-12
9 | 10 | 11 | 12

Глава  9

  1 И им рече: „Вистина ви велам - има некои меѓу овие, кои стојат тука, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото Царство дојдено во сила.”

  2 И по шест дни, Исус ги зеде Петра, Јакова и Јована и ги изведе само нив на една висока планина, насамо, и се преобрази пред нив;

  3 и неговите облеки станаа блескави и многу бели, како што белител на земјата не може да ги избели.

  4 И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса.

  5 А Петар проговори и Му рече на Исуса: „Рави! Учителе, добро е да сме тука; да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија.”

  6 Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени.

  7 И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!”

  8 И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса.

  9 А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажуваат што видоа, додека Човечкиот Син не воскресне од мртвите.”

10 И тие го држеа цврсто тој збор, но меѓусебно расправаа: што значи - да се воскресне од мртви?

11 И Го прашаа: „Зошто книжниците велат дека првин Илија треба да дојде?”

12 А Тој им рече: „Илија ќе дојде првин, и ќе воспостави сè. А како е напишано за Човечкиот Син: дека треба многу да пострада и да биде презрен?

13 Но, Јас ви велам, дека Илија дојде, и постапија со него, како што сакаа, како што е напишано за него.”

14 И кога дојдоа при учениците, видоа многу големо множество околу нив и книжници, кои се препираа со нив.

15 И штом целото множество Го виде, се зачудија, и се стрчаа и Го поздравуваа.

16 И ги праша: „За што се препирате со нив?”

17 А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух;

18 и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.”

19 А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!”

20 И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пенеше.

21 Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството,

22 а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!”

23 Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сè е можно на оној, кој верува!”

24 Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!”

25 А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!”

26 И извика, и го стресе силно детето и излезе. И беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.

27 А Исус го фати за рака, го поткрена и тоа стана.

28 А кога дојде во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?”

29 И им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”

30 И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа;

31 имено, ги поучуваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден.

32 Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.”

33 И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?”

34 А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем.

35 Тој пак седна, ги повика Дванаесетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!”

36 Тогаш зеде едно детенце, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37 ”Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испратил.”

38 Јован Му рече: „Учителе, видовме еден - кој во Твое име - изгонуваше зли духови, а не оди по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.”

39 А Исус рече: „Не бранете му! Зашто нема никој, кој би правел чудо во Мое име и да може веднаш потоа да говори зло за Мене.

40 Зашто, кој не е против нас, тој е со нас.”

41 И кој ќе ве напои со чаша ладна вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.

42 А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, подобро ќе му биде да му обесат на вратот воденички камен и да биде фрлен во морето.

43 И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган,

44 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.

45 Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,

46 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.

47 И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот,

48 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува.

49 Зашто секој ќе биде посолен со оган, и секоја жртва ќе се осоли со сол.

50 Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја поправите? Имајте сол во себе и имајте мир помеѓу себе.”

 

      Глава  10                             
  1 И стана оттаму и дојде во пределите на Јудеја, од онаа страна на Јордан; и пак народот Му се придружи, а Тој ги поучуваше, според Својот обичај.

  2 И Му пристапија фарисеите и Го прашаа, за да Го искушуваат: „Дозволено ли му е на мажот, да ја остави жената?”

  3 А Тој им одговори и рече: „Што ви заповеда Мојсеј?”

  4 Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да и се напише разводно писмо и да се остави.”

  5 Но Исус им рече: „Заради вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед.

  6 Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско.

  7 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си;

  8 и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело.

  9 И така, Бог што соединил, човекот да не раздвојува.

10 И дома, учениците пак го прашаа за тоа.

11 И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа.

12 И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.

13 И Му донесуваа дечиња, за да ги допре, а учениците ги укоруваа.

14 А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство!

15 Вистина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.”

16 И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.

17 И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”

18 А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.

19 Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”

20 Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.”

21 А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сè што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!”

22 А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.

23 И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!”

24 А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство!

25 Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!”

26 А тие се зачудија уште повеќе, велејќи си еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси?”

27 Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога не е; зашто за Бога сè е можно!”

28 Петар почна да Му зборува: „Гледај, ние оставивме сè и одиме по Тебе!”

29 Исус пак одговори и рече: „Вистина ви велам: нема никој, кој ќе остави куќа или браќа, или сестри, или мајка или татко, или деца, или ниви, заради Мене и заради Евангелието,

30 а да не прими, сега стократно, во ова време: куќи, и браќа, и сестри, и мајки, и деца и ниви - заедно со гонењата - а во идниот век: вечен живот.

31 Но мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.”

32 А кога беа на пат искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, и се чудеа; а оние кои одеа по Него се боеја. И пак ги собра Дванаесетмината и почна да им кажува што ќе Му се случи:

33 ”Ете, одиме горе во Ерусалим и Човечкиот Син ќе биде предаден на главните свештеници и на книжниците и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на многубошците;

34 и ќе Го исмеат, ќе Го плукаат, ќе Го бичуваат и ќе Го убијат, а Тој по три дни ќе воскресне.”

35 И Му пристапија Јаков и Јован, Зеведеевите синови, и Му рекоа: „Учителе, сакаме да ни сториш, што ќе побараме од Тебе.”

36 Тој ги праша: „Што сакате да ви направам?”

37 Тие пак Му рекоа: „Дај ни да седнеме еден оддесно, а еден одлево, до Тебе во Твојата слава!”

38 А Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што Јас ја пијам или да се крстите со крштавањето со кое Јас се крштавам?”

39 Тие Му одговорија: „Можеме!” Но Исус им рече: „Ќе ја пиете чашата што Јас ја пијам и ќе бидете крстени со крштавањето со кое Јас се крштавам;

40 но да се седне оддесно или одлево до Мене, тоа не го давам Јас, а ќе им се даде на оние, за кои е приготвено.”

41 А Десетмината кога чуја, почнаа да негодуваат против Јакова и Јована.

42 Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив.

43 Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга!

44 А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите,

45 зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!”

46 И дојдоа во Ерихон. А кога излегуваше од Ерихон, со Своите Ученици и со големо множество, Вартимеј, Тимеевиот син, слеп просјак, седеше покрај патот.

47 И штом чу дека тоа е Исус Назареецот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!”

48 А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!”

49 Исус застана и рече: „Повикајте го!” И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!”

50 А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса.

51 Исус пак проговори: „Што сакаш да ти сторам?” А слепецот Му одговори: „Учителе, да прогледам!”

52 Тогаш Исус му рече: „Оди си - твојата вера те спаси!” И веднаш прогледа и тргна по Него, по патот.

 

Глава  11                                         
  
  1 И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, Исус испрати двајца Свои ученици

  2 и им рече: „Одете во селоно што е пред вас и штом ќе влезете ќе најдете врзано осле, на кое уште никој од луѓето не седел. Одврзете го и доведете го!

  3 И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.”

  4 И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа.

  5 А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?”

  6 А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија.

  7 И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.

  8 И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите.

  9 А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име!

10 Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!”

11 И влезе во Ерусалим, во Храмот, и штом разгледа сè - бидејќи веќе беше доцна - излезе со Дванаесетмината во Витанија.

12 А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне.

13 И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви.

14 Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” А Неговите ученици слушаа.

15 И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби.

16 И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот.

17 И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!”

18 А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука.

19 А навечер излегуваше од градот.

20 А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен.

21 А Петар се сети и Му рече: „Учителе, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!”

22 Исус одговори и им рече:

23 ”Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој и рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде.

24 Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека го примивте, и ќе ви биде.

25 И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.

26 Ако пак вие не проштавате, и вашиот Татко, Кој е на небесата, нема да ви ги прости вашите гревови.”

27 И дојдоа пак во Ерусалим, и кога одеше низ Храмот, дојдоа при Него главните свештеници, книжниците и старешините,

28 и Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и Кој Ти ја даде таа власт да го правиш тоа?”

29 А Исус им рече: „Ќе ве прашам еден збор и одговорете Ми, и ќе ви кажам со каква власт го правам ова.

30 Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!”

31 А тие размислуваа меѓу себе: „ Ако кажеме од небото, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му поверувавте?’

32 Но, ако речеме од луѓето?’ Се боеја од народот, зашто сите сметаа дека Јован беше навистина пророк.

33 Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” А Исус им рече: „Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го правам ова.”

 

Глава  12                                         
   
  1 И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје; го загради со плет; ископа точилница; изгради кула, и им го даде под наем на земјоделците, и замина.

  2 А во време на плод, испрати слуга кај земјоделците, да прими од земјоделците дел од плодот на лозјето.

  3 Но тие го фатија, го претепаа и го пуштија со празни раце.

  4 И пак им испрати друг слуга; и нему каменувајќи го, го погодија по глава и го отпуштија навреден.

  5 Испрати и друг, а него го убија; и мнозина други: едни претепаа, а други убија.

  6 Имаше уште еден: возљубениот син. Него го испрати последен при нив, велејќи: ‘Ќе го почитуваат мојот син!’

  7 Но, земјоделците си рекоа меѓу себе: ‘Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’

  8 И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.

  9 И така, што ќе направи сега господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе го даде на други.

10 Зар не сте ги прочитале овие зборови во Писмото: ‘Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот;

11 тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи’!”

12 И бараа да Го фатат, но се плашеа од народот; зашто разбраа дека за нив ја кажа таа парабола. И Го оставија и си отидоа.

13 Тогаш испратија некои од фарисеите и иродовците, за да Го фатат во збор.

14 Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето, туку според вистината учиш за Божјиот пат. Дали е дозволено да се даде данок на царот или не е? Да даваме ли или да не даваме?”

15 А Тој, знаејќи го нивното лицемерие, им рече: „Зошто Ме искушувате? Донесете ми денариј да го видам!”

16 А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?” Тие пак рекоа: „На царот.”

17 Исус им рече: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога.” И Му се чудеа.

18 И дојдоа при Него садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:

19 ”Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре брат и остави жена, а не остави потомок; неговиот брат да ја земе жена му и да му воздигне потомство на брата си.”

20 Беа седуммина браќа. Првиот ја зеде жената и умре, а не остави потомок.

21 И вториот ја зеде и умре, а не остави потомок. И третиот исто така.

22 И седуммината не оставија потомство. А по сите умре и жената.

23 По воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив ќе му биде жена, зашто седуммината ја имаа за жена?”

24 Исус им рече: „Не се заблудувате ли, зашто не ги знаете ни Писмата, ниту Божјата сила?

25 Зашто кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како небесните ангели.

26 А за мртвите - дека ќе воскреснат, не читавте ли во Мојсеевата книга, при капината, како Бог му рече: ‘Јас Сум Бог Авраамов, и Бог Исаков и Бог Јаковов’?

27 Тој не е Бог на мртвите, туку на живите! Многу се измамувате!”

28 И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?”

29 Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,

30 и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!”

31 А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.”

32 И книжникот Му рече: „Добро, Учителе, кажа според вистината дека Бог е Еден, и нема друг освен Него,

33 и да Го љубиш Него со сето срце, и со сиот разум, и со сета сила; и да го љубиш ближниот како себеси, тоа е многу повеќе од сите паленици и жртви.”

34 А Исус кога виде дека одговори разумно - му рече: „ Не си далеку од Божјото Царство.” И никој повеќе не се осмели да Го праша.

35 И проговори Исус и зборуваше, поучувајќи во Храмот: „Како зборуваат книжниците дека Христос е Син Давидов?

36 Самиот Давид рече преку Светиот Дух: „Му рече Господ на мојот Господ: „Седи оддесно Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.”

37 Самиот Давид Го наречува ‘Господ’ - како може тогаш да му биде син?” И големо множество Го слушаше со задоволство.

38 И во Својата поука, рече: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат: да одат во долги облеки; и поздрави по трговиштата;

39 и први седишта во синагогите, и челни места на гозбите.

40 Кои ги изедуваат домовите на вдовиците; и преправајќи се, се молат долго - тие ќе бидат судени построго!”

41 И седна спроти ковчежето за прилози и гледаше како народот пушта пари во ковчежето; и мнозина богати пуштаа многу.

42 И дојде една бедна вдовица и пушти внатре две лепти, односно еден кодрант.

43 Тогаш ги повика Своите ученици и им рече: „Вистина ви велам, дека беднава вдовица даде повеќе од сите, кои пуштаа во ковчежето.

44 Зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата немаштина - пушти сè што имаше: целиот свој имот.”

 

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

 

Превод од англиски: С.Л.

 

 

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

                            


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

29/07/2024 - понеделник

Св. свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија; Св. маченичка и девица Јулија; Петанесет илјади Свети маченици; Св. маченик Атиноген; Споменот на шесте Вселенски Собори;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная