логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dorotea.sv.Teodot.jpg

04.10.2010 година
Универзитетски конгресен центар- Охрид

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Охрид, 4 октомври 2010  – 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Оваа година во Република Македонија, преку најразлични манифестации и научни собири, се одбележува 1.100-годишнината од упокојувањето на св. Наум Охридски-Чудотворец. Од 3 до 5 октомври 2010 година, во просториите на Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, Дебарско-кичевската епархија организираше Меѓународен научен симпозиум, на кој  зедоа учество еминентни домашни и странски научници од повеќе научни области.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Отварајќи го Симпозиумот, поглаварот на МПЦ, Архиепискотпот Охридски и Македонски г.г. Стефан истакна дека светото дело и духовниот подвиг на Свети Наум Охридски-Чудотворец дури и денес зрачат и остануваат да бидат предизвик и пример за следба во монаштвото и мисионерството, во книжевноста и просветата, но и во богољубието и човекољубието.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

- На 23 декември 910 година се упокоил Свети Наум Охридски –Чудотворец, и бил погребан на јужната страна на храмот на манасторот што самиот го изгадил на јужниот брег на белото езеро. На погребението чиноначалствувал неговиот брат, Свети Климент, Архиепископот Охридски.  Вака може накратко да се опише настанот за кој оваа година одбележуваме 1.100 години. МПЦ и сите институци што имаат чувство дека се продолжувачи и наследници на грандиозното дело на Свети Наум му одаваат или ќе ми оддадат достојна почит на големиот мисионер, просветител, подвижник, светител, чудотворец, рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

- Во одбележувањето се вклучени најразлични државни, високообразовни и научни институции, Македонската православна црква и други субјекти, што покажува дека како држава, како народ, како граѓани, знаеме да го почитуваме, да го чуваме и надградуваме нашето историско и културно наследство, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на отварањето на дводневниот Меѓународен симпозиум што по повод одбележувањето на годишнината од упокојувањето на големиот Свети Наум Охридски се одржува во Охрид.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Вељаноски подвлече дека за животот и делото на Свети Наум Чудотворец, како што го именува народот, денес имаме многу богата научна литература зад која стојат имиња на научници и академици, не само од Република Македонија, туку и од Балканот, но и многу други европски држави. Исто така, многу научници и истражувачи истакнуваат дека делото и животот на Свети Наум сè уште се предизвик за многу сериозни научни истражувања. Тој изрази верување дека токму сега, кога се одбележува 11 века од неговото упокојување ова ќе биде дополнителен мотив, пред сè за младите, да продолжат да го истражуваат неговото дело и да создадат нови научни дела и потсети оти Свети Наум и неговото дело биле инспирација и мотив за многу книжевни дела, пред сè на македонските писатели.

- Ова е доказ дека пред 11 века Македонија била значаен верски, духовен и просветителски центар, од кој во тогашниот, христијански свет се ширеле многу духовни и културни вредности. Македонскиот народ и другите етнички заедници кои денес живеат во Република Македонија, може да се пофалат дека на овој простор живееле и создавале великани како што се Светите Браќа Кирил и Методи, Свети Наум и Свети Климент, рече тој.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Поздравен збор на  Митрополит Дебарско -кичевски г.Тимотеј 

... Нe собра голем повод, 1100 години од блаженото преселување на преподобниот Наум Охридски од овој лажен свет во вечноста. Промислата Божја отсекогаш и засекогаш промислува за спасението на човечкиот род. Па така, испраќа разни учители, просветители и свети личности кои со нивниот живот, а уште повеќе и со нивните дела високо светат на небесниот свод и го осветлуваат патот на човечкиот род. Токму такви големи светила пред 11 века Бог испрати и на оваа почва за да го осветлат патот на словенските народи и да ги воведат во христијанството, а преку тоа и во редот на цивилизираните и просветени народи. Свети Наум со својот сотрудник, свети Климент, се големи факели кои веќе 11 века светат, просветуваат, утврдуваат во вистината Христова, лекуваат секакви болести и немоќи.
Нивното дело е продолжување на одот на нивните големи учители, светите Кирил и Методиј, кои ја заорале браздата во Панонија и Моравија со просветување на словенските народи. Но, без делото на свети Климент и на свети Наум се сомневаме дека ќе останело забележано делото на нивните учители, кое тие го продолжиле на брегот на Белото Езеро. Собирајќи се и денеска на овој почитуван собир, се надеваме и очекуваме дека делото на свети Наум ќе биде дополнето, појаснето и осветлено од повеќе аспекти преку научните трудови кои ќе бидат презентирани во времето што следува. Во исто време сакам да кажам дека овој научен собир всушност претставува и искрена благодарност за нивното севремено дело.
Уште еднаш искажуваме благодарност за учеството и посакувам плодотворна работа и пријатен престој во оваа средина.

Благодарам на вниманието.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

  Dorotea.sv.Teodot.jpg

Во работата на Меѓународниот симпозиум што се одржува во организација на Дебарско-кичевската епархија и Македонската православна црква, учествуваа педесетина научни работници и експерти од Македонија, Србија, Бугарија и Русија.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

   Dorotea.sv.Teodot.jpg

На симпозиумот беа одржани три работни сесии, на кои збор зедоа:

Ратомир Грозданоски, (Скопје, Македонија)
„Свети Наум Охридски виден низ библиските цитати во богослужбите за него“


Петар Хр. Илиевски (Скопје, Македонија)
„Повторно за името Кутмичевица (нови сознанија на областа каде што свети Наум ја продолжил учителската дејност на свети Климент)“


Алексеј Пентковски (Москва, Русија)


Митрополит Струмички г. Наум (Македонија)

„Светоотечко толкување – откровение на внатрешниот духовен живот на св. Наум Охридски“


Никола Ѓурѓиноски (Охрид, Македонија)
„Придонесот на св. Наум во формирањето на словенското богослужение во Охрид“


Тони Филиповски (Скопје, Македонија)
„Св. Наум и неговите епитети: Чудотворец и Охридски“


Александар Трајановски (Скопје, Македонија)
„Охридскиот архиепископ Аврамиј и игуменот на манастирот Св. Наум во Европа и Русија од 1631 до 1635 г.“


Ралица Русева (Софија, Бугарија)
„Свети Йоан Кукузел и композицията на Свети Седмочисленици в манастира Арденица“


Гордана Келиќ (Белград, Србија)
„Портрет светог Наума из цркве Ваведења Богородице манастира Троноша“


Викторија Попоска Коробар (Скопје, Македонија
„Иконата на св. Наум од црквата св. Спас во Скопје“


Ѓорѓи Поп Атанасов (Скопје, Македонија)
„Св. Наум Охридски во духовната и книжевната традиција на Света Гора“


Светлина Николова (Софија, Бугарија)
„Грцките извори за св. Наум Охридски: источници и отношенија между текстовите“


Сашо Цветковски (Струга, Македонија)
„Непознати портрети на св. Наум Охридски во живописот на Охридската Архиепископија од XVIII и XIX век“


Ристо Палигура (Битола, Македонија)
„Непознати портрети на св. Наум во живописот од XIX  век во Битолско-преспанскиот регион“


Никола Митрески (Прилеп, Македонија)
„Претставите на св. Наум во живописот од XIX век во Пелагонија и Демир Хисар“


Викторија Грозданова Коцевска (Скопје, Македонија)
„Портретите на св. Наум во иконописот на Св. Богородица Каменско во Охрид“


„Меѓународниот научен симпозиум беше вистинско место за претставување  на нови откритија поврзани со животот и делото на св. Наум Охридски, а особено се истакнаа оние од областа на Историјата на уметност. Симпозиумот го затвори Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Тимотеј, кој во таа прилика им искажа благодарност и честитки на сите кои зедоа учество и одделија од своето драгоцено време за да бидат присутни на овој симпозиум.“

       Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

  Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

   Dorotea.sv.Teodot.jpg

Преминпортал

Лето Господово 2010

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная