Празникот Воздвижение на Чесниот Крст прославен во Руската Катедрална Црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго
(Инаку, според текстот објавен на официјалната веб страница на Московската Патријаршија, кој ја опишува историјата на Чинот на Воздвижение, полевањето на Крстот за време на овој чин се споменува во црковната Ерусалимска литература која датира дури од V век, каде што е подробно опишано како се служел овој чин во тоа време. Имено, се украсувале три Крстови и се полагале на Светиот Престол, а потоа се вршеле три воздигнувања, за време на кои се принесувале разни песнопенија и молитви и се пеело по 50 пати „Господи помилуј’. При третото воздигнување, Крстот се поливал со вода, а потоа од неа му се давало на народот по службата.) Инаку, како што одминувале вековите, овој чин се менувал, надополнувал и преобразувал, а во Ерусалимскиот устав конечно го запазил обликот кој Руската Црква и до ден денес го практикува околу XV век.
„Радувај се, наставнику на слепите, лекару на болните, воскресение на сите умрени, кој не крена нас, во гибел паднатите, Крсту сечесен, со кој се разруши клетвата и процвета нераспадливоста, а ние земните се обоживме, и ѓаволот секонечно се отфрли. Денес, гледајќи те издигнуван од рацете архиерејски, Го вознесуваме Оној Кој беше вознесен на тебе, и тебе ти се поклонуваме, црпејќи ја богато милоста твоја.“ (од Стиховните Стихири на Вечерната Богослужба)
Утредента, на 27 Септември се отслужи Света Архиерејска Литургија со пеењето на прекрасните празнични Антифони.
Радоста за време на овие свечени празнувања беше стоструко збогатена со присуството на чудотворната Курско-Коренска икона на Пресвета Богородица, која по Празникот го продолжи своето патување низ православните Храмови во Америка, а во Чикаго повторно треба да пристигне за престолниот Празник на овој прекрасен Покровски Богородичен Храм.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.com.mk/images/Chikago_260910