Деновиве излезе од печат новиот број на „ВЕСНИК“ - службен лист на Македонската Православна Црква.

 

Veligden.Evp.jpg    Stefan.V.CHetvtok.jpg

Содржината на овој број ги донесува следните наслови:

СЛУЖБЕН ДЕЛ:
Архиепископски Црковно-народен Собор. 2
Устав на МПЦ  4
Кабинет па Архиепископот.  32
Свети Архиерејски Синод  33
Скопска Епархија  34
Преспанско-пелагониска Епархија  36
Брегалничка Епархија  38
Дебарско-кичевска Епархија  40
Повардарска Епархија   42

НЕСЛУЖБЕН ДЕЛ:
БОГОЈАВЛЕНИЕ ВО МАКЕДОНША  44
ИЗБРАН СРПСКИ ПАТРИЈАРХ  45
ГРЕШКИТЕ НА ИВАН СТОИЛКОВИЌ  47

СТАТИИ:

СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО  48

 

Во амандманските измени и дополнувања на Уставот на Македонскта Православна црква донесени на АЦН Собор, одржан на 12.11. 2009 година во Скопје, се усвои и новиот грб на МПЦ

Veligden.Evp.jpg

ОПИС:
1) Храм „Света Софија"- претставен со стилизиран приказ во златна боја, поставен на црвен штит;
2) Плашт во црвена боја, што го претставува рангот на Архиепископија;
3) Бордура на плашт, исполнета со 33 претстави на крст од манастирот „Света Богородица" во Вељуса, Струмичко;
4) Плашт, поставен со сребрена постава, со изведена цизелазија преземена од иконата Пресвета Богородица - Душеспасителка од храмот „Света Богородица - Перивлепта" во Охрид;
5) Медалјон со ликот на св. ап. Павле, преземен од фреската „Проповед на св. ап. Павле", од манастирот „Свети Јоаким Осоговски", Кривопаланечко;
6) Медалјон со ликот на св. Климент Охридски, преземен од храмот „Света Богородица - Перивлепта" во Охрид;
7) Стилизирана претстава на митрата на охридските архиепископи, што денес се наоѓа во Софија;
8) Господ Исус Христос, фреска од манастирот „Св. вмч. Георгиј" во Курбиново, Ресенско;
9) Пресвета Богородица - некогашна престолна икона од храмот „Света Софија" во Охрид;
10) Свети архангел Гаврил - некогашна престолна икона од храмот „Света Софија" во Охрид;
11) Крстот, поставен зад плаштот, од десната страна, е од иконостасот на манастирот „Свети Пантелејмон" од Горно Нерези, Скопско;
12) Жезол од востоличувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј, возобновител на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква.

Veligden.Evp.jpg

Опис на елементите на новиот грб на Македонската Православна Црква:


Храмот „Света Софија" е претставен со стилизиран приказ на олтарната страна, во простор со сребрена боја, исполнет со претстава од бакрорезот на иконата на Пресвета Богородица - Душеспасителка од храмот „Света Богородица - Перивлепта" во Охрид. Плаштот е порабен со 33 претстави од крстот во манастирот „Света Богородица" во Велјуса, Струмичко. Во предните долни агли на плаштот се претставени на медалјон ликовите на св. ап. Павле од десната, и свети Климент Охридски од левата страна. На митрата во централниот медалјон е претставен ликот на Господ Исус Христос од манастирот „Св. вмч. Георгиј" во Курбиново, Ресенско, од левата - Пресвета Богородица, а од десната страна-свети архангел Гаврил - некогашни престолни икони од храмот „Света Софија" во Охрид. Крстот, поставен зад плаштот од десната страна, е од иконостасот на манастирот „Свети Пантелејмон" - од Г. Нерези,Скопско, а жезолот е од востоличувањето на возобновителот на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква - Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј.