Во шестата недела од Великиот Пост кога Светата Црква го празнува споменот кога очекуваниот Месија (Христос) , качен на осле го посетил Светиот град- Ерусалим , исполнувајки ги пророштвата и надежта на Израилот, во храмот на светиот Ѓорѓи Кратовски во Детрoит се отслужи Света празнична Богослужба. Верниот народ со палмови гранчиња во рацете и постилајки ја својата облека за време на Големиот вход, ликуваше и се поистоветуваше со народот од евангелското четиво. Со Христа во себе и палмови гранчиња, со неискажлива радост, верниците се вратија во своите домови носејќи ја со себе и цветната благодат со кој беше исполнет целиот храм.
Известува: Марјан Радевски