Свештенослужителите од Скопската православна епархија, заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква Aрхиепископот г. г. Стефан, во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“, извршија св. тајна исповед, а потоа во свечената сала при соборниот храм беше одржано работно собрание на тема „Светата тајна исповед – спасоносниот клуч за Рајот“. Темата беше подготвена и изложена од ереј Здравко Пејковски.


























