Групна венчавка во храм Рождество на Пресвета Богородица
Скопје , 31 октомври 2009 год.- На денот на светиот апостол и евангелист Лука, по втор пат , во возобновената црква Рождество на Пресвета Богородица, се одржа групна венчавка на брачни двојки. Светата Тајна Венчание и Божјиот благослов на нивниот брак ја примиа 20 двојки што веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале во црква. Младенците ги венча старешината на храмот, отец Трајче во сослужение на троица свештеници. Сите двојки добија подарок осветена икона со ликот на Пресвета Богородица, а највозрасната брачна двојка - Илија (85 години) и неговата сопруга, голема икона на Родеството на Пресвета Богородица. За време на Светата Тајна Венчание, прота Стојко во изнесената кратка беседа ја посочи суштината на бракот, во кој преку взаемната љубов, ја остварува својата мисија со благословот на Црквата.
Во Скопје, на денот на светиот апостол и евангелист Лука