Во посета на манастирот на Покров на Пресвета Богородица и Центарот за рехабилитација и ресоцијализација во Водоча (17.10.2009)
Денес, во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во с. Водоча, Митрополитот Струмички г. Наум ги прими гостите Kamil Kalina - национален координатор за дроги при Владата на Република Чешка, Jiri Richter - директор на терапевтската заедница „Сананим“ од Прага со своите соработници Jakub Minarik - психијатар, Josef Sedivy - терапевт и Pavel Nahzal - терапевт од терапевтска заедница во Карлов, како и г. Влатко Деков - извршен директор на „ХОПС“, г. Христијан Јанкулоски - административен и финансиски директор на „ХОПС“, г. Никола Недески - асистент за намалување штета од Хопс“ и координаторот на проектот „Покров“ г. Сократ Манчев. Потоа, тие заедно го посетија новоизградениот терапевтски центар „Покров“ во с. Водоча, во кој ќе се формира терапевтска заедница, прва во Р. Македонија. При реконструкцијата и опремата на центарот постигнати се високи стандарди кои се потребни за процесот на рехабилитација и ресоцијализација на болните од болести на зависност. Во Центарот на болните ќе им биде овозможена работна терапија, терапевтски активности, спортски активности и духовен живот.