prorokicar.David.jpg

Псалм 4
Давидовата вечерна молитва е полна со храброст протв непријателите


1 Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Кога бев притеснет, Ти ми даде простор. Смилувај ми се и слушни ја молитвата моја.
2  Синови човечки, до кога ќе ја срамотите славата Моја? До кога ќе саќате суета и ќе барате лага? (Диапсалма).
3  Знајте дека Господ го запазил Својот верен; Господ слуша кога викам кон Него.
4 Не грешете, гаевејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и замолкнете! Ефес4,26.
5  Принесете жртва на правда и надевајте се на Господ.
6  Мнозина велат: ќе видиме ли нешто добро? Осветли не со светлината на лицето Свое, Господи!
7 А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку онаа кога ќе се роди во изобилие пченица и вино.
8 Затоа мирно легнувам и спијам; зашто Ти, Господи, ми даваш спокојна починка.

 

 

 

 Извор:

Gorazd.Kapistec1.jpg

ПСАЛТИР

со девет библиски песни

Издавач: ЃаконијаА

Главен и одговорен уредник : Митрополит Брегалнички г. Агатангел ( сега Митрополит Повардарски)