ПОКАНА
Почитувани оци, членови на Црковните управи и драги браќа и сестри во Христа, по повод Славата на нашата Црква “Св.Петка Римјанка”, Ве покануваме да не удостоите со Вашето присуство на долунаведените Богослужби и свечености:
Чест и радост ни е да Ве информираме дека на Бдението и Светата Литургија (7-ми и 8-ми Август) во нашата Црква ќе бидат присутни чесните мошти на Светата Параскева, кои по благослов на Рускиот епископ Петар ќе бидат донесени од нашата сестринска Руска Црква „Покров на Пресвета Богородица“ од Дес Плеинс. Исто така, како и на минатогодишното Бдение, и оваа година нашиот хор ќе биде обогатен со членови на Архиерејскиот Хор на Руската Црква и тоа не само на Бдението, туку и на Светата Литургија. Доколку ја посетите нашата веб страница www.mpc-svpetka.com, под „Видео“ ќе можете да видите колку убаво звучеше хорот минатата година и колку торжествени беа нашите Богослужби!Не заборавајте да ја посетите и нашата Црковна книжара која ќе биде отворена во сите денови на празнувањата, по Светите Богослужби.
Славата на една Црква е нејзин втор Велигден! Се надеваме дека ќе не израдувате со Вашето присуство на горенаведените празнувања!



























