Скопје, 31 јануари 2009 г.- на празникот на св. Атанасиј
На празникот на свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, пред една година, беше осветена обновената катедралната црква во Скопје посветена на Раѓање на Пресвета Богородица. Денес, во чест и слава на св. Атанасиј Велики, како и на годишнината од осветувањето, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе свештенослужители од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
На криторите на овој свет храм, семејството Костовски, Архиепископот г.г. Стефан им се заблагодари посакувајќи им Господ Бог да ги награди за нивниот дар, кој пред се е сведоштво на верата.
Посети: {moshits}
Друго: