логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Bog.Tribina11.jpg

Семинар за нов превод на Новиот завет на македонски литературен јазик, одржан на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” - Скопје, на 22 декември 2008.


Bog.Tribina11.jpg

 НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ ПО ГАВРИЛОВИОТ ПРЕВОД
НА БИБЛИЈАТА

  (Прво целосно издание во превод на современ македонски литературен јазик 1990 - основа за сите натамошни ревидирани изданија )

Bog.Tribina11.jpg

 

Почитувани учесници на овој библиски семинар.

И денес, како и досега многупати, се среќаваме во името на големото дело Вечната Книга за наше спасение, преведена на наш народен јазик. Тој историски чин е од посебно значење, не само за Црквата, туку и за македонската нација. Дотолку повеќе што македонскиот народ е овенчан во Библијата, нејзиниот превод на современ македонски литературен јазик го потврди нејзиниот мандат двосмислено: на родот и на неговиот јазик, а тоа значи сeдодека постои Библијата ќе постои и македонски народ.

 Ние, македонците имавме целосна Библија во превод само не на македонски современ јазик, туку на црковнословенски, односно на јазикот што го оформија светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Но, со оглед на тоа дека нашиот библиски превод извршен пред илјада години, во јазична смисла претрпел промени, така што станал малку или повеќе неразбирлив, тоа беше и причина што се појави потреба од нов превод. Тоа зборува дека и по многу години, можеби ќе треба најнов превод. Потврда за тоа е што само по неполни дваесетина години се направи ревидирано издание, а денес веќе станува збор за уште понова ревизија или, како што пред малку реков за нов превод. Јазикот е жива материја, се менува, се развива, се усовршува.

 При оваа прилика сакам да укажам на неколку принципиелни постапки околу следење на континуитетот на Првиот превод на Библијата, а потоа и на наредните ревизии.

При преведувањето на Првото целосно издание на Библијата на современ македонски јазик Преведувачот (Гаврил), беше се пожалил на тешкотиите при транцкрипцијата на ономастиката и топонимијата. Бидејќи во Библијата има толку многу имиња коишто се повторуваат, речиси во сите книги.
Преведувачот се пожали, добро се сеќавам на промоцијата и на тешкотиите, коишто ги имал и при називите на флората и фауната.
Се надевам дека таквите тешкотии беа олеснети на Редакторската комисија при новото ревидирано издание, бидејќи спомнатата материја денес мошне лесно се средува преку компјутерска обработка.
 
   Преведувачот укажа, исто така и на еден друг, многу битен момент. Бидејќи библискиот текст е поетски израз, потребно е да се внимава да не се наруши ритмиката, а сепак да биде ако не иста барем слична со онаа од оригиналот.

 Интересно е да се констатира дека преведувачот, меѓу другото,  се одлучил да задржи многу архаични зборови за кои сметал дека нема или не треба да има соодветна замена, а при тоа не се менува смислата на библискиот текст. На крајот од краиштата тој предвидел каде можел сам  да си допушти да ја одреди, пред с#, фонетската и морфолошката основа на изворниот народен македонски јазик, да даде граматичка и структурална рамка за која ја имал визијата дека ќе влезе во речникот на современиот македонски јазик.

 И конечно, Гавриловиот превод на Библијата ја содржи основата на македонски библиски јазик, меѓутоа можеби без доволно нормирање по однос на библиско-богослужбениот јазик.

 Со оглед на тоа дека во сите следни ревидирани изданија еден од поважните, да не речам најважните принципи, треба да биде нормирањето на македонскиот библиски јазик, го констатирам следново.

Во својата мисија Црквата користи неколку основни принципи каде првото место го зазема: принципот употреба на разни јазици. Другите се повеќе или помалку важни, како на пример, родот, потоа  принципот на  културата и уште неколку други. Сите овие принципи се полезни доколку се поштедени од еуфоријата на преведувачите. Да ве потсетам само дека т.н. Елисаветинска Библија печатена во 1751 год., која, ако може така да се каже, ќе ја замени Острожшката Библија, била преиздавана (веројатно со ревизии) дури пет пати, а понатамошните (уште две) изданија се препечатувања, но не на последното, туку на четвртото издание од 1757 год., коешто било подготвено од филологот  Симон Тодорскиј заедно со уште неколку библисти од Киевската и Московската духовна академија.

Понатаму, со воведување на Библијата во практиката, особено во богослужението, Македонската православна црква воедно се определи за јазикот на Библијата, и тоа е сосема оправдан избор. Зашто, Православната црква употребува многу јазици во своето богослужение (грчки, словенски, англиски, македонски), но сепак нејзиниот основен јазик е литургискиот јазик, односно библискиот богослужбен јазик. Тоа е јазикот на Светото писмо, јазикот на Библијата. За да се разбере литургијата, на пример, не е доволно само да се преведе на некој од “разбирливите” јазици па и на македонски јазик. За да се разбере литургијата треба да се знаат нејзините библиски симболи и содржини, т.е. сликите, метафората, рефрените, со еден збор еден цел систем на зборови земени посредно и непосредно од Библијата.

Ете затоа се јави потртеба за нормирање на македонски библиски јазик. Со ова прашање се зафати прво Редакторската синодска комисија уште при преводот на Библијата на современ македонски јазик, можеби недоволно тогаш. Потоа, на овој проблем му посветија внимание комисиите кои работеа на  преводот на богослужбените книги, и конечно, со ова прашање се занимаваше и МАНУ во соработка со Богословскиот факултет во Скопје, преку работата на македонската терминологија, конкретно на терминологијата од областа на теологијата (1999).

Тоа претставува потрага кон усогласување на црковно-административната, проповедно-богослужбената, преводната и друг вид на црковна терминологија, процес којшто продолжува. Во тоа име и ние денес дискутираме.  
   

Bog.Tribina11.jpg

Друго:

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

19/07/2024 - петок

+Преподобен Сисој Велики; Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други; Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Светата маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная