Денеска, во Недела, на 7ми Декември, во црквата Св.Преподобномаченица Параскева – Петка од Чикаго, во текот на Светата Божествена Литургија, беше отслужена и Панахида за починатиот руски патријарх Алексиј Втори.

Chikago.Panihida.jpg

Свештеникот и верниците заеднички Му се помолија на  Бога да ја всели неговата душа онаму каде што блеска светлината на Неговото лице.

„ Со духовите на починатите праведници упокој ја, Спасе, душата на Твојот слуга, чувајќи го во блажениот живот што е во Тебе, Човекољубче!

Во Твоето почивалиште, Господи, каде што почиваат сите Твои Светители, упокој ја и душата на Твојот слуга, зашто Ти си единствен Човекољубец!“

(тропари кои се пеат на Панахида)

 

Известуваат: верници од МПЦ Св.Петка.

 

Друго:

Видео: Пренесување на ковчегот со телото на упокоениот Патријарх Алексиј II во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва (07.12.2008)