Во храмот на Свето Вознесение во Драчево, со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Брегалничкиот Митрополит г. Иларион заедно со свештеници на Македонската Православна Црква, започна одбележувањето на споменот на св. Климент Охридски.
На Вечерната богослужба, својот архипастирски благослов го даде Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а на службата присуствуваа и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и ректор на Богословијата, Митрополитите Полошко-кумановски г. Кирил, Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Брегалнички г. Иларион и Митрополит г. Горазд. По завршувањето на богослужбата, во училишниот параклис на Богословијата се одржа духовна академија во чест на св. Климент Охридски.
Посети: {moshits}