логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

Евангелие и поука за 12/08/2022

 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 21:12-14;21:17-20

12.     И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13.     и им рече: „Напишано е: »Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече«, а вие го направивте како разбојничка пештера.”
14.     И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
17.     И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева.
18.     А утредента, враќајќи се во градот огладне;
19.     и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!” И смоквата веднаш се исуши.
20.     Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 14:26-40

26.     Па што, браќа? Кога ќе се собирате, и секој од вас има - кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, - сe да се врши за поука.
27.     Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат по двајца, или најмногу тројца, и тоа по ред, а еден да толкува.
28.     Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себеси и на Бога.
29.     Пророците, пак, да зборуваат по двајца и тројца, а другите да расудуваат.
30.     Но, ако некому што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31.     И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се утешувате.
32.     И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33.     оти Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Така е по сите цркви меѓу светиите.
34.     Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е позволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели и Законот.
35.     Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36.     Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37.     Ако некој мисли дека е пророк или исполнет со дух, нека разбере дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди.
38.     А кој не разбира, нека не разбира.
39.     И така, браќа, грижете се да пророкувате, но не забранувајте да се зборува и на разни јазици.
40.     Сe да се врши како прилега и уредно.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Постојано да се молиме да имаме љубов едни за други...



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек...

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од...

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

Митрополит Струмички Наум:Покров на Пресвета Богородица (13.10.2022 )

    Богочовекот Исус Христос воспоставува, за нас, духовно правило да бараме од Него нешто душеполезно во име на Некој што неизмерно Му значи. Нема ли Он Самиот прв да го...

« »