Празникот на светите апостоли Петар и Павле особено се слави во мијачкиот крај - во местата Мала Река, Галичник и Тресонче. По традиција, на овој ден се извршувале и венчавките на Мијаците. 

    

      
Изутрината Божествена Литургија во Бигорскиот манастир отслужи свештеномонахот Доситеј, а во Галичник Божествена Литургија отслужи дебарскиот парохиски свештеник Благој Сприоски.

Во селото Тресонче во црквата посветена светите апостоли Петар и Павле архимандритот Партениј во сослужение со свештеномонахот Доситеј ги венча чедата Божји Марјан и Митра. 

     

     

Архимандритот Партениј, освен честитките за младите и присутните одржа и пригодно слово на кое напомна дека Венчанието не е обичен чин, туку возвишен на кој младите добиваат голем благослов, затоа треба да живеат благочестив живот во кој ќе се сакаат еден друг како Христос Црквата. Христос за Црквата пострада на крстoт и воскресна, покажувајќи ни го патот на нашето спасение.

      

На венчавката присуствуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност, г.Љупчо Тодоровски, докажан пријател на Бигорскиот манастир, а кој по потекло е од мијачкиот крај.

        



известува: свештеномонах Доситеј