dortmund.lestvica.jpg


Денес кога како Црква Христова влегуваме во петтата недела од великиот пост и ден пред пренесувањето на благата вест од светиот архангел Гаврил, на своето пропатување низ Европската епархија, надлежниот митрополит г.Пимен, благоизволи да богослужи и да проповеда во црковната општина на светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Дортмунд Р. Германија. Во сослужение на пастирот на Дортмундското стадо, игуменот Теофил, владиката чиноначалствуваше со Боженствената Литургија.

dortmund.lestvica1.jpg

dortmund.lestvica4.jpg

dortmund.lestvica3.jpg

Благодата Божја преку пеењето својствено за македонските манастири кое сега е пренесено во оваа Црковна општина благодарение на својот пастир, ги разнежни срцата на верниот народ собран на света евхаристија околу својот епископ и причестен со Телото и крвта Христови. Верниците Литургијата ја доживеаја како пеење на хор на ангели и богослужење на мноштво јерајси…
Зборувајќи за значењето на делото на Св. Јован Лествичник за спасението на секој оној кој што се труди да се искачи скала по скала нагоре кон спасението по скалата (лествицата) која ни ја остави светиот Јован Лествичник како патоказ кон животот вечен – Митрополитот рече да се угледаме на Св. Јован и по неговите свети Молитви да влеземе сите заедно во царството небесно рамо до рамо со сите оние кои од памтивек му благоугодиле на Бога !  А м и н

dortmund.lestvica5.jpg

dortmund.lestvica6.jpg

dortmund.lestvica7.jpg

dortmund.lestvica8.jpg

Ивестува:Миланка Тошева

Посети:{moshits}