- Културата е сложена историски синтеза. Затоа човекот се гради врз основа на интелектуалното наследство на многу култури и цивилизации и ги усвојува, така да речеме, задоен од идеји и претстави, кои се вкоренети во верата и во вечниот живот и во Создателот на светот. Модерниот човек, според зборовите на еден познат лекар, се наоѓа во состојба на "постојано фрлање меѓу небото и земјата" (Пирогов).
Атеистот претпочита да не се размислува за смислата на животот, за времето и смртта, тој ја отфрла помислата на смртта надвор од неговата свест, во спротивно тој би бил во состојба на постојана депресија, како осудениот на казна во чија ќелија секоја минута може да влезе џелатот. Така тој влегува во светот на илузијата, како без размислување за болеста: можно е да се победи болеста и да не се размислува за староста, да се избегне.
- Оние кои го одрекуваат вечниот живот, мора да гледаат на земниот живот како на единствена реалност и стварност , тогаш содржина на нивните животи стануваат интелектуалните или сетилни насладувања кои тој ги нуди. Но, емоционалната и интелектуалнта природа, првенствено се кршат во противречностите, внатрешни и надворешни, тие не можат во своите срца да го прифатат животот како бесмислица и апсурд, не можат да го разберат злото што постои во светот, да се помират со насилството, и затоа таквите луѓе ги очекува трагичен исход.
(Продолжува)
С.А.
Друго:
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот (09.10.2014)
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот-2 (13.10.2014)
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот-3 (16.10.2014)