логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 






P1vTVoUvKGM

  17/10/2014   Поуки - совети

Разговараа во Ерусалим еден од местните жители и еден поклоник. Разговорот беше опуштен и пријателски. Арапот и поклоникот од Европа го допреа и прашањето за тоа по што се разликуваат луѓето од Истокот од оние на Запад. Арапот изнесе интересно набљудување: „Луѓето од Западот сакаат да се смеат, но не умеат да се радуваат“.

Ваквото размислување, покрај тоа што е интересно, се однесува на многу важно нешто. Ваквиот поглед ни открива нешто што дури ни ние самите не сме го забележале – смеата ни ја заменува радоста. А таквата замена не е еднаква. Помеѓу смеата и радоста нема знак еднакво. Смеата е само израз на радоста, но не претставува радост самата по себе. Често се случува, човек да се смее, без при тоа во неговата смеа да има радост. Шегата е добра за да измами насмевка на „успешниот човек“, но радоста ја нема – очите се тажни. Смеата не е единствениот начин да се изрази радоста. Покрај смеата, радоста може да ја има и во скромната насмевка, во светли, блескави очи, во весела песна, во охрабрувачки зборови, отпоздравувачки гест, дури и во солзите. Радоста ја има и во насолзените очи.

Да, во нашево општество смеата ја има во изобилие, а радоста сѐ помалку. А, каква е таа смеа? Најраспространета е смеата, која се јавува само како грубо својство. Забавната индустрија ни нуди отровен сарказам, завидливо имитирање, непристојни лудории, неконтролирани обиди сѐ да се исмее, дури и она светото. Префинет хумор, одмерена самоиронија, остроумни и истовремено длабокомислени афоризми ретко се среќаваат. Но, сето тоа е шоу-бизнис, надворешната состојба на нашиот живот. А, што правиме ние самите? Тоа може да се види и на интернет мрежата. Безбројни интернет „шеги“ се засноваат на злорадост, односно на случаи, во кои е грешно човек да се смее. На пример, гледав видео, каде што едно момче, со својот скејтборд, се обидуваше да изведе спектакуларни акробации, но нешто му тргна наопаку. Лошо падна, ја скрши ногата, крикна од болка. „Пријателот“ наместо да викне брза помош, снимил „кул“ видео. Да претпоставиме дека јас сум го презел тоа видео и сум му се изнасмеал на момчето и неговото друштво. Јас несомнено ќе одговарам пред Бога за тоа што „безумно сум се смеел“, што сум се забавувал над туѓа несреќа. Од друга страна, да сум умерено суетен човек, добро би било доколку се однесувам кон себеси со повишена сериозност – би се исмеал самиот. Би се видел себеси одозгора, би ја видел сета своја надуена амбициозност, замислено величие и реалниот размер. Доколку го видам своето самовосхитување, својот размер со големина на инсект и од срце се насмеам на мене горделивиот, од таа самоиронија па до покајание би ме делел само еден чекор. Доколку на мојата осуетеност се насмее сопругата или некој другар, а јас не се навредам, дури и напротив, доколку ја поддржам таа шега, тогаш смирението и не ми е толку далеку.

  • Понекогаш покајното самообличување се јавува при исмевање на себе си. Иако честа појава е и покајното самообличување при плачењето за себе си. Навистина, плачот над своите гревови особено дава радост. Односно, тој води до радост, преминува од тага по Бога во радост по Бога. Сличен чудесен премин од тага во радост му се случува не само засебниот човек, туку и на целата Црква секоја година. Кога? За време на Великиот Пост се нурнуваме во светла покајничка тага, тагата на Страсната седмица, а на Пасха ни доаѓа радост за Христа, Победникот на гревот и смртта. Нашиот главен празник, Пасха, е вистинско серадосно торжество. За тоа Христос им претскажал на апостолите: „вие ќе плачете и ќе ридате, а светот ќе се радува: и вие ќе бидете жалосни но вашата жалост ќе стане радост“(Јован 16:20). Луѓето забележуваат дека Христос во Евангелието ниту еднаш не се насмеал – напротив, Он просолзи од љубов кон умрениот Лазар. Дури некои од ова заклучиле: ако го подражаваме Господа, наместо да се смееме, ќе треба да плачеме. И тие се нурнати во безусловна жалост, дури и на Пасха се облекуваат во црнина.
  • Да, во Новиот Завет Христос ниту еднаш не се насмеал, но не еднаш се радувал. Еве на пример, стиховите од Евангелието: „Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: ’Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја’“(Лк. 10:21). И на своите ученици Христос им дава радост дури во време на гонењето на верните: „Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето… заради Синот Човечки… Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата… Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете.“(Лк. 6:21, 22-23, 25). Значи, Христос не ја осудува самата смеа како таква. Ако погледнеме во делата на светите наставници на христијанската вера, ќе наидеме таму на потврда: „Доколку ги осудуваме сите за надворешната смеа, не би останал никој, на кому би се дало блаженството за солзите. Значи ’смеењето’ кое го осудува Евангелието се во суштина луѓе кои се посветени на задоволување на сетилата… Слично, не сите солзи го сочинуваат Евангелскиот плач; плачат дури и ѕверовите“ – забележува московскиот светител Филарет.
  •  Евангелието ја осудува онаа смеа, која се јавува како израз на страсната приврзаност кон задоволството. Каков празник и ликување претставува средбата со Христа за одухотворените луѓе. Проповедникот на покајание, големиот подвижник Јован Претеча зборува за неговата преполна радост (Јован 3:29). Црквата отворено повикува кон Богородица – Радоста наша, да проси да нѐ штити од секакво зло со чесниот омофор. На својот народ Христос му дава сепродорна радост, која никаква тага не може да ја одземе. Апостолот пишува во Коринт за радостите и јадостите: „се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки“ (2 Кор. 7:4). Но, да се вратиме на смеата. Апостолот Павле и во овој поглед ни соопштува водечка мисла: „ниту пак срамни и празни зборови или смешки, што се неприлични, (грчки: евтрапелиа) туку само благодарности (евхаристија)“ (Еф. 5:4). Да обрнеме внимание, тука се противставуваат евтрапелиа (срамни и празни зборови или смешки, што се неприлични) и евхаристија (радосно благодарење), а не смеата и доживотната тага. Секако, се поставува прашањето: како да се радуваме кога во душата имаме безрадосно настроение? Опкружен со лоши вести, човек има причина да крене раце од многу работи, и сака малку да се порадува, но ете тоа некако не му оди баш најдобро. Што да ви кажам? Не знам, но апостолот вели: недоличните шеги не ни одговараат, нам ни доликува благодарење. Благодарењето може да го исполни нашето срце со вистинска радост, па радоста не се засилува од шегобијните глупости на професионалните шегаџии? Христијанинот дури може и кон благодарењето да се однесува како кон духовна вежба. Знаеме дека е потребно да се вежбаме во покајание – тоа е вежба за тагување по Бога. Доколку правилно ја извршуваме таа вежба, ќе почнеме јасно да ги гледаме нашите гревови, ќе ги исповедаме на Бога при исповедта, а Бог ќе ни ги простува. После исповедта можно е да започне благодарењето. Господ ни ги простил гревовите, а ние ќе Му благодариме за милоста, великодушноста, за љубовта кон нас.

Благодарењето и радоста ни малку не му противречат на покајаниот дух. Како да се принудиме на радост? Духовниот опит на луѓето зборува за заповедта да се љуби Бога и ближниот; ако не ја чувствуваш во себе таа заповед од Христовата љубов, твори дела од љубов. И ова аскетско самоприннудување на дела од љубов постепено ќе ја пробуди љубовта. Љубовта е слична на огнот, ако во огнот не се дотураат дрва, тој ќе знасне. Ако љубиме, а не твориме дела од љубов, љубовта постепено ќе знасне. Што се тоа дела на љубовта – се разбира: активна помош на саканиот човек, грижлив однос и нежен збор, сочувство во тага и радост… Можно е да се поттикнеме кон дела на радоста, и радоста ќе дојде.

Не доликува да се преправаме. Со преправањето ние не сме на правиот пат. До радоста можеме да се пробиеме само преку дела на радоста. А во што се состојат делата на радоста? После исповед, да се заблагодариме на Бога за можноста да принесеме покајание. Бидејќи покајанието не е тешка и тажна должност, туку среќна можност да се разделиме со гревовите, дури и со тешки гревови. Искреното покајание ни ја открива Божјата сепростувачка милост и толку посакуваната човекова радост. Ние секојдневно Му благодариме на Бога за јадењето и пиењето, за вечерниот одмор, за почетокот на новиот ден, за уште еден, нам подарен, ден. Благодариме за оздравувањето на болниот, за секое добро, кое е присутно во нашиот живот. Благодарејќи Му на Бога и на луѓето, ние се учиме на радост. А еве има и вежба – да се најде ситуација, кадешто би можеле да израдуваме друг човек. Ако тоа успее, израдуваниот човек сјае, така што зраците на неговата радост ги греат срцата на оние кои го опкружуваат.

  • А оној кој го израдувал другиот, треба да Му благодари на Бога за доброто дело, затоа што секој добар дар е од Создателот. Ако подобро забележиме што има во нашиот живот, без да заборавиме на Му благодариме на Бога, тоа повеќе радост и светлина ќе има во нашиот живот. Да се возрадуваме во Господа, Христос Воскресна! Ѓакон Павел Сержантов

Извор: http://agapi.mk/radost-smeenje/

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

27/01/2025 - понеделник

Св. Нина, просветителка на Грузија; +Св. Сава, архиепископ Српски; Преп. маченици Синајски и Раитски; Св. Илариј, епископ Поатиски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная