На 20. 09. 2014 година, 15 – та Недела по Педесетница, во манастирот кој е посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица во Ѓуриште – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи празнична вечерна богослужба и одржа пригодна беседа.
Манастирот беше посетен од многуброен православен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев. После вечерната служба беше организирана трпеза на љубовта за сите присутни верници донација од Месната индустрија МИК од Свети Николе.