На 6. 7. 2014 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, го посети манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица, Тетовско, кој со усрдното посредништво на богољупците и родољупците од земјава и дијаспора, беше обновен откако за време на воениот конфликт во 2001 година целосно беше урнат.
При посетата се сретна и со претставниците од црковниот одбор и со група млади верници кои секоја недела, самоиницијативно, од љубов кон Бога и Црквата, го посетуваат ова свето место и се грижат за неговото издржување и уредување. Митрополитот им се заблагодари за ревноста што ја покажуваат кон православната вера, имајќи ги секогаш на ум зборовите на псалмопејачот „Господи, го засакав благолепието на Твојот дом“. Притоа, тој им порача и дека големиот православен чудотворец, свети Георгиј, ќе им врати за трудот, молејќи се за нив и нивните семејства пред Божјиот престол.
За Преминпортал,
Синиша Георгиев