АРХИЕРЕЈСКА БОГОСЛУЖБА ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО СКОПЈЕ
На Велики петок 18 април 2014 г. со почеток во 8:30 ч. во храмот „Света Петка“ во Скопје Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски – Господин господин Стефан одслужи архиерејска богослужба во сослужение на свештениците од Храмот и Скопската епархија.
Неговото блаженство ја прослави Маката со која нашиот Спасител и Господ Исус Христос пред нешто помалку од 2.000 години ја одкупи падната човечка природа од ропството на гревот.
Одкако на местото на Чесниот Крст се постави Светата Плаштаница, многубројниот верен народ од сите возрасти продолжи да го велича положувањето на мртвото Тело Христово во Чесниот Гроб од кој набргу ќе воскресне.
За Преминпортал: Ратислав Кардалев