![Sv.Teofil](http://www.stprohor.org.au/wp-content/uploads/2013/10/Sv.Teofil3-204x300.jpg)
Иконографското ателје Св Теофил Струмички е основано во 2009, во
манастирот Св Прохор Пчински, Донибрук, Австралија, со благослов на
Неговото Преосвештенство, Владиката Петар.
Од тогаш студентите од ова атеље се воведени во светот на праксата и
теоријата на античката Христијанска уметност од Византискиот период
според Македонската Иконографска Школа.
Изучувањето на ова дисциплина, не е основана само на техничката вештина,
туку взаемно на раката, умот и срцето, сите споени во едно, ја водат
самата личност на уметникот над техничката умешност што е барана во
повекето уметнички гранки.
Ова изучување надминува се што е во рамките на стандардното и инициира
раѓање на нова личност во самиот уметник, рагање на принципи кои можеби
одамна се заборавени.
Така да, се надминува светот на четката и боите, и се преминува во
светот на духовноста, преку чие изучување, воедно и проучување на
дисциплината и симболиката на оваа света уметност, се создаваат делата
во ова студио.
Извор: Манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија