ЦО Света Злата Мегленска во Вереби
Неговото Високо Преосвештенство г. Петар благоволи да присуствува на воскресната вечерна Богослужба при ЦО Света Злата Мегленска во Вереби, Мелбурн. Богослужбата ја водеше и проповедаше парохискиот свештеник о.Глигор Киселинов. За време на Богослужбата надлежниуот Архиереј г. Петар ја освети иконата на св. Злата Мегленска која треба да стои над влезната врата. Иконата беше изработена во иконописната школо “Свети Теофил Струмички”, која фунционира при манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук.
По Богослужбата, во црковната сала беше организирана донатосрка вечер.