Г-дин Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј “ во Скопје во посета на Тетовско-гостиварската епархија
На 03.02.2014, во посета на Тетовско-гостиварската епархија и на неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Јосиф, присуствуваше г.Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј “ во Скопје. По поклонението во Соборниот храм „ Св.Кирил и Методиј “ уважениот гостин и митрополитот се упатија во посета на Тетовското село Брвеница. На средбата присуствуваше и презвитер Бобан Митевски , шеф на кабинетот на Поглаварот на МПЦ-ОА.
Извор: http://tge.mk/