Скопската Православна Епархија чувствува потреба да ги извести православните верници дека се забележани случаи на луѓе кои носејќи со себе одредени црковни реквизити, се претставуваат како испратени и ополномоштени лица од одредени цркви и манастири (Соборниот храм „Света Петка“, Бигорски манастир и сл.) и бараат парични средства од верниците или, пак, продаваат црковни работи.
Напоменувамне дека ова не се однесува на лицата што закажуваат за велигденски водоосвет, а кои се испратени од свештенството во храмовите од Скопската православна епархија!
Од Канцеларијата на Скопската Православна епархија