логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Kam.tem.sv.Konstantin.jpg

 РАСПИС  НА КОНКУРС ЗА ФАСАДНИ МОЗАЦИ НА ЦРКВА СВ.ЦАР КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА, СКОПЈЕ

УВОД

Црквата  Св. Цар Константин и Елена кој е во тек на изградба во центарот на град Скопје треба да е есенцијата од највисоките вредности на нашата култура и како соборен храм треба да е резултат од целокупната наша врвна  православна естетика и богата традиција на уметничкиот израз низ вековите до денес.

Од аспект на значајноста на позицијата “ИЗРАБОТКА НА  ФАСАДНИ МОЗАИЦИ” се  распишува  конкурс за избор на уметник за истите.
 

ЗАДАЧА
  • Поради специфичниот карактер и значењето на мозаиците како ставка во фасадната обработка на објектот и поради потребата од виртуозност во изработката на мозаиците, одговорниот тим инсистира на продлабочен пристап при изборот на уметниците  кој би ги работела овие позиции. Во врска со ова  се предлагаат неколку чекори кои се сметаат за неопходни со цел да се постигне потребното ниво на изработка:


Конкурсот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел се однесува на  :

- разговор со уметникот,

- презентација на сопственото портфолио,

- презентација на своето искуство во византиската иконографија

- презентација на своето искуство во изработката на фрескоживопис и мозаици

- размислувања за извесни добри/лоши примери на мозаици со православен карактер

Практичниот дел се однесува на:

- израбока на парче мозаик , на  точно зададен  лик од светител, (Св. Климент од Перивлепта),  допојасна претстава во природна големина, со природни камчиња, без отстапки од цртежот, а со сопствена интерпретација во претворањето на  зададената фреска во мозаична форма.

 

  • ПРЕДУСЛОВ за избор на уметникот е претходно во целост  да ги познава каноните на православната иконографија, традициите и православната духовност,  да го работел тоа, да се занимавал со фрескоживопис (кој би имале  можност да го видиме во живо), како и да има искуство во изработка на мозаици во византиски стил (истиот како продолжение на традицијата на нашите цркви). Технички и технолошки да е образован и да има преглед врз историјата на православната уметност како низ вековите така и денес. Секој кандидат  треба да ги презентира своите размислувања и на според него светски добри примери од мозаици со православен карактер, да ги презентира своите знаења и размислувања и да ги сподели со одговорниот тим.


Станува збор за огромни површини кои временски не би можел еден уметник сам да ги изработи. Па оттука би се направил избор на Тајфа од уметници- мајстори во која одговорен Ќе биде најдобриот и најспособниот уметник.

Секој кандидат треба да даде реална понуда за цената на чинење на неговата работа.

Подготовката за овој конкурс би била  до 15 јануар, по што кандидатите Ќе бидат официјално известени од страна на Фондацијата за точното време  за интервјуа и презентации.

Важно е да се напомене значајноста на оваа позиција, заедно со фрескоживописот, кои треба да ја будат убавината на целокупниот објект, воедно заради нив постои и црквата како објект, како појавност, ако самиот објект е телото, тие се душата на црквата.


КОНТАКТ:

Македонска Православна Црква - Скопска Епархија

Фондација „Св. Цар Константин“
Адреса:
Бул. „Партизански Одреди“ бр.12
Скопје
Република Македонија
1000
E-пошта: info@spe.org.mk
телефон: +389 2 32 30 780

  •  Друго:

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

11/05/2026 - понеделник

Св. апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира; Св. маченици Максим, Дада и Квинтилијан; Св. маченик Тибал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная