Рајчица, 9-ти декември 2013 год.- на празникот на преподобен Алимпиј Столпник и Возобновување на храм на св. Георгиј во Киев
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО ДПМНЕ РАНГЕЛОВА ВО ПОСЕТА НА МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ И РАЈЧИЦА
Денеска 9.12.2013 година, Претседателот на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова ги посети Манастирот „Свети Георгиj Победоносец“ во Рајчица и Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.
Рајчица е вистинско духовно светило, не само во Дебарско-кичевската епархија, туку и за целата Македонска православна црква и Република Македонија. Молитвите на сестринството и нивната гостопримливост се вистински духовен дар за православниот народ и за сите поклоници, нагласи Рангелова за време на посетата и разговорот со сестра Ана која денеска со сестринството и бројните верници го честуваа празникот „Св.Георија„.
Претседателот на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се запозна се целиот манастирски комплекс каде има неколку работилници во кои монахињите во слободно време изработруваат митри, икони, бројаници и други црковни предмети.
Во разговор со старешинството на Бигорскиот манастир, претседателката Рангелоа се информираше дека последниве две-три години гости на манастирската црква и на конаците биле туристи од Грција, Бугарија, Словенија, Русија, Америка и од други држави. Гостите се восхитуваат од архитектурата, фрескосликарството од место положбата, од духовноста која зрачи на сите страни на ова древно македонско светилиште рекоа од монашкото братство.
„Бигорскиот манастир "Свети Јован Крстител" претставува вистински центар на обновата на православието во Македонија„ рече Рангелова. Според нејзе монасите неуморно извршуваат голем подвиг, односно поради нивната вистинска љубов и постојана грижа, а по застапништвото на светиот Јован Крстител, во манастирот се излекувале и сè уште се лекуваат голем број на зависници од наркотични средствa.
На средбата во Бигорски и Рајчица се разговараше за потикнување на идни проекти за поддршка на христијанските и семејни вредности во Република Македонија.
За Преминпортал: П.П/к
9 -ти декември, лето Господово 2013