с.Љубанци, 26.07.2013 год.- манастир на св. Никола
-
На 26-ти јули 2013 година, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на светиот Архангел Гавриил и преподобна Сара Мисирска, и по повод 50 годии од катастрофалниот скопски земјотрес на 26-ти јули 1963-та, а во спомен на 1.070 жртви, во манастирот на св. Никола, с. Љубанци (скопско), презвитер Горан Стојчевски отслужи Заупокоена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Preminportal (к.т.)