логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Aco.Romanija.jpg

ОСТВАРЕНИ СРЕДБИ СО ЧЕТИРИ УНИВЕРЗИТЕТИ И НИВНИТЕ ТЕОЛОШКИ ФАКУЛТЕТИ ВО РОМАНИЈА

 

  • Информација од посетата на теолошките факултети (Универзитети) во Романија остварени од 9-14 јуни 2013 година

Aco.Romanija1.jpg

 

  •     1. Средба со раководството на Богословскиот факултет во Крајова
  •     – На 10 јуни 2013 година делегацијата во состав на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски, протопрезвитер-ставрофор и еромонахот д-р Григориј (Настески) во придружба на амбасадорот на Република Македонија во Романија, Н.Е. д-р Панде Лазаревски, оствари средба со раководството на Богословскиот факултет во Крајова. Делегацијата беше примена од деканот на Богословскиот факултет при Универзитетот во Крајова, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Олтенија г. Иринеу Попа, а него го придружуваа протопрезвитерот проф. д-р Адријан Иван, продекан и уште двајца советници, луѓе од информативната служба на нивната телевизија.
  •     Амбасадорот на Република Македонија Н.Е. д-р Панде Лазаревски, кој што беше организаторот на овие мошне значајни средби, се заблагодари за приемот и ја претстави нашата делегација.
  •     Деканот проф. д-р Ацо Гиревски, ги пренесе поздравите од Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство, архиепископот г. г. Стефан и од проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а потоа ги запозна домаќините со МПЦ, УКИМ и со дејноста на Богословскиот факултет во Скопје.
  •     Митрополитот г. Иринеј откако искажа задоволство за присуството на нашата делегација, го претстави Богословскиот факултет во Крајова и начинот на функционирањето во рамките на Универзитетот, потоа зборуваше за пренамената на факултетската зграда, а меѓу другото ни ги покажа новите лабаратории за конзервација и заштита на икони и стари слики, како и лабараторијата за                   обезпрашување, заштита, подврзување и укоричување на ракописни и старопечатени книги. Ни кажа дека лабароториите биле купени со пари од европски фондови. Факултетот има три оддели: катедра за теологија; катедра за социјална работа и катедра за уметност, а секоја катедра има по шест програми – од кои само програмата за теологија е 4 години а другите се со три години и плус последипломски студии (мастер) две години. Исти програми, со мали исклучоци имаат и другите теолошки факултети што беа посетени. На крајот Митрополитот г. Иринеј изјави дека соработката помеѓу Универзитетите, односно теолошките факултети би можеле да бидат силни алки за поврзување на двата народи, но и надеж за решавање на прашањето за признавање автокефалноста на Македонската православна црква. Тој со голем интерес ја следел дејноста на МПЦ, а освен тоа и лично се запознал со Поглаварот на нашата Црква г. г. Стефан на погребот на Бугарскиот патријарх, што за него претставува дополнителен мотив за повторна средба.

Aco.Romanija2.jpg

Aco.Romanija4.jpg

  •     Од срдечните разговори, произлегоа многу прашања за искрена соработка и размена на информаци. Откако беа разменети подароци во книги (на дар ни беше дадено фототипско издание на илумираното Евангелие на игуменот Никодим  Прилепски – Тисмански од втората половина на 14–от век). Деканот, митрополитот г. Иринеј го покани деканот на Богословскиот факултет проф. Гиревски, заедно со Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски на есен кога ќе има и студенти да ја посетат Крајова и да потпишат договор за соработка. Тие веќе таков договор потпишале со Софискиот универзитет, односно со Богословскиот факултет.

Aco.Romanija3.jpg

 

  •     Во Крајова, ние делегацијата од Скопје, заедно со Амбасадорот Н.Е. Лазаревски се сретнавме со претставниците на Македонското друштво во Романија и извршивме помен на гробот на поранешната пратеничка во Парламанетот на Романија Лиана Димитреску. Присуствуваше и мајката на починатата, сега претседател на Македонското друштво во Романија, присутен беше и новиот пратеник на Македонците во парламентот, а исто така, имаше новинари од локалната телевизија и одделно Деканот и Амбасадорот имаа интервју за нашата посета во Крајова, Романија.


Продолжува

 За Преминпортал: проф. д-р Ацо Гиревски, и Декан на Богословскиот факултет во Скопје

16.06.2013 год.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная