Скопје, 3-мај 2013 год.- Епископот велички г. Јосиф во храмот Св. Климент Охридски
Велики Петок
ЦАРСКИ ЧАСОВИ и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос
На 03. 05. 2013 година, во светиот и Велики Петок, кога си спомнуваме за страшно страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, епископот Велички г.Јосиф викарен епископ на Архиепископот г.г. Стефан за Скопската епархија, во сослужение на свештенството од храмот, отслужи Царски Часови и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос. Во светиот и Велик Петок се присетуваме на светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа - Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок.
. Изнесување на светата Плаштаница.
Преминпортал (к.т.)
3-ти мај, лето Господово 2013