Hristos.preubav.jpg Совршувајќи ја душеполезната Четириесетница, Те молиме, удостој нè со Твоето човекољубие да ја видиме светата седмица на Твоето страдање, за во неа да ги славословиме Твоите силни дела и неискажаниот домострој на нашето спасение, единомислено пеејќи: Господи, слава Ти!
Вечерна, петок воочи Лазарева сабота

Поуки од светите отци: Зашто каде што постои непријателство или судир, таму нема ниту пост, ниту празник.
Свети Јован Златоуст

Молитва:
Ти благодариме, Господи, што нè доведе до овде на нашиот пат, барајќи одново да Те најдеме. Прости ни каде и да погрешивме. Укрепи нè да го сочуваме мирот душевен во оваа последна седмица од нашиот пат, за да имаме удел во радосниот и славен ден на Твоето Воскресение. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 66, 10-24
Битие 49, 33; 50, 1-26
Соломонови Изреки 31, 8-31

Созерцание: Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
Соломонови Изреки 31, 9

Подготви: А.Л


 

 

Светата маченичка Томаида

Родена е во Александрија од чесни родители, научена на благочестие од малечка и во нејзината петнаесетта година венчана со чесен маж. Но нејзиниот свекор беше скверен старец и во отсуство на синот ја нападна својата снаа и сакаше да ја обесчести. Томаида се исплаши и во стравот го опоменуваше свекорот за законот Божји и се истргнуваше од неговите раце. После долга борба свекорот извади нож и ја закла снаата, па ја расече на две половини. Во тој миг го постигна ваква казна од Бога: веднаш ослепе и не можеше да ја најде вратата за да излезе оттаму, туку го затекнаа во таа одаја и го предадоа на суд којшто го осуди на смрт. Света Томаида пострада чувајќи ја заповедта за сопружничката верност и чистота. Подоцна многумина кои ги измачуваше блудната страст ѝ вознесуваа молитви на Света Томаида и од неа добиваа крепка помош. Големиот подвижник Данило нејзините мошти ги пренесе во Скитот и таму ги положи на гробиштата на свештеномонасите. Света Томаида пострада во 476 година.

 

 

 

Друго:

markov.sv.Zlata1.jpgВеликопосни Богослужби (14.02.2010)

sv.efrem.sirin1a.jpg

СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)

+++

Друго:

markov.sv.Zlata1.jpg

sv.efrem.sirin1a.jpg

СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)