markov.dona10.jpg

markov.dona9.jpg

markov.dona13.jpg

 markov.dona11.jpg

 markov.dona12.jpg

markov.dona14.jpg

Од најраната  младост г-дин Љубе Јовчевски со својата многу побожна мајка го посетувале Марков манастир. Поминувале годините и многуте обврски што одат со нив, но споомените од детството и љубовта кон светит Димитриј и неговиот манастир останаа  длабоко во срцето. Со Божја помош,  денес  тој  е донатор  на новоизградениот параклис посветен на св. апостол Марко, како и на гостинската трпезарија. Љубовта кон Бога и својот народ го поттикнаа   да направи уште еден  дар(убедени сме не и последен) на манастирот- семејната икона  Пресвета Богородица, Млекопитателница.

„Иконата е многу ретка, изработена од тајфата на Дичо Зографот, во пориод од 1827 до 1831 година. Рамката  во која е сместена иконата   е во длабока резба со поставени медаљони на  апостолите. Над Пресвета Богородица ставен  е дополнителен изрезбан дел во кој е поставен  ликот на Господ Исус Христос...  Затоа што сакам пред иконата да се моли верниот народ а не само семејството, затоа ја дарувам на манастирот “, ни раскажува Љубе.

markov.dona5.jpg 

markov.dona8.jpg

markov.dona7.jpg

Параклисот е навистина прекрасен, а и многу е битен за литургискиот живот на сестрите  кога ќе  настапат  студените есенски и зимски денови. Фрескописувањето започна пред извесно време и се надеваме верниот народ ќе помогне со  своите донации што поскоро да се доврши .

markov.dona1.jpg

markov.dona2.jpg

markov.dona.jpg

markov.dona4.jpg

 Преминпортал

Друго:

   markov.freskopis6.jpgФрескоживопис во параклисот на Марков манастир

   metodij.soboren.jpgЛИЧНА ЛИТУРГИСКА АНАФОРА

 

Посети:{moshits}