За последните изјави на српскиот претседател во врска со односите МПЦ - СПЦ денеска проговори и поглаварот на Македонската православна црква охридска архиепископија господин господин Стефан кој не ја исклучи можноста во спорот меѓу двете цркви да помогнат и политичарите. Српскиот премиер Дачиќ смета дека владата во Белград е расположена да се вклучи во црковниот спор ако за тоа има интерес од двете цркви.
![](http://kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/ggstefan.jpg&imgSize=600&cropH=400)
„Предлогот на претседателот господинот Николиќ, да се надминат овие недобри односи, да се разрешат постојните проблеми е предлог што заслужува да биде поздравен и да се почитува иако како што забележавте во кругот на самата српска црква веќе се поделени мислењата за тоа кои го поддржуваат и кои се против неговиот предлог. Што се однесува на МПЦ, сметаме дека секој добронамерен предлог што би ги поместил состојбите во кои се наоѓаме сметаме дека треба да се поздрави. И во многу други случаи кога самата српска црква се борела за своето обединување, делегацијата на СПЦ што била во Константинопол ја предводело цивилно лице министер во Владата на тогашна Србија. Тоа со други зборови значи дека и денес не треба да се отфрлаат предлозите од цивилни лица, од претседатели, кои се добронамерни со своите предлози. Ние очекуваме тој предлог веројатно да биде простудиран и во кругот на СПЦ, а секако и кај нас во МПЦ“-рече денеска Г.Г.Стефан во врска со неодамнешниот предлог на српскиот претседател Томислав Николиќ дека со евентуално ослободување на Вранишкоски може да се издејствува признавање на статусот на МПЦ.
{flvremote}http://kanal5.com.mk/upload/videos/prilozi/vesti/izjava-stefan-nikolic-28-10.flv{/flvremote}