...
Археолошкиот локалитет Стоби неколку години наназад систематски се истражува, а Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во своето обраќање ги информираше присутните дека на локалитетот се откриени остатоци од храмови и илјадници движни предмети и дека посебно богатство претставува изложениот фрескоживопис, кој ги красел ѕидовите на базиликата и крстилницата.
Ги потенцираше и фрагментите од подниот мозаик и прекрасниот мермерен кантарос кој исто така е дел од изложбата, а каде што во текот на 6 век се вршеле крштевања.
„Уште од времето на нивното откривање од американскиот професор, археологот Џејмс Вајсман во 1970-тите години, па се' до денес, со своето непроценливо значење овие фрески и нивните делови кои чудесно опстанале под пластовите на земјата одолевајќи му на времето цели 17 века, се предмет на научен интерес на многу македонски и странски истражувачи“, рече меѓу другото министерката за култура