Скопје, 9-ти и 10-ти март 2012ТРЕТ ПОВИК ЗА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА:„ЛИЦАТА НА КРИЗАТА“Се чини дека живееме во време на нестабилност и вознемиреност кои ја зафаќаат не само индивидуата, туку и цели групи и нации или општеството во целост. Еден призрак кружи над Европа: призракот на КРИЗАТА. Кои се нејзините многу ЛИЦА? Кој е патот НАДВОР од неа? Кои се нејзините многу-образни појави во економијата, политичкиот живот, криминалистиката, безбедноста, информатиката, медицината и психологијата? Кој лик ù го даваат уметниците во нивниот вечен стремеж кон квинтесенцијата на емоцијата, перцепцијата и интелектот?Ве повикуваме заеднички да размислуваме за сите овие предизвикувачки прашања на Втората меѓународна - научна конференција: „ЛИЦАТА НА КРИЗАТА“ којашто ќе се одржи на Европскиот Универзитет Република Македонија во Скопје на 9-ти и 10-ти март 2012. година. Во фокусот на нашето внимание ќе бидат следниве теми на кои што ќе се работи по сесии:·Слушни го глобалниот шепот·Кризата и предизвиците во безбедносниот сектор·Глобализацијата – Либералната демократија – Новите политички идеи·Новото право како инструмент на модерниот човек·Злоупотреба и заштита од злоупотреби на информатичко-комуникациските технологии·Креирање на дизајн стратегија во услови на криза·Актуелните релации и специфики на глобално, регионално и локално ниво во дизајнот·Лицата на кризата во маркетингот·Лицата на кризата во менаџментот·Лицата на кризата во финансиитеПленарни предавања за сите учесници ќе одржат еминентни научници од областите што Ви ги предложивме како предизвик и размисла. Воведно предавање ќе одржи д-р Густав Фогхамар од Стокхолм, Шведска, на тема: „Насилност и агресија – Радосна лекција за темната страна на човековиот ум“ (G. Foghammar: „Violence and Aggression – Joyful Lecture Of The Dark Side Of Human Mind“). Тој ќе ни покаже дека лицето на кризата, иако мрачно, има радосна страна како прилика за растеж.Информациите за Конференцијата се наоѓаат на следната интернет адреса:http://www.eurm.edu.mk/nastani/nastan/povik-za-megjunarodna-nauchna-konferencija-licata-na-krizata.html
Покровител на Конференцијата
Европски Универзитет - Република Македонија во Скопје
Почесен одбор:
Проф. д-р Бојо Андрески (Претседател на ЕУРМ);Доц. д-р Билјана Андреска- Богдановска (Директор на ЕУРМ).
Програмски одбор:
Претседател:Проф. д-р Лидија Наумовска (Ректор на ЕУРМ)Проф. д-р Рамо Маслеша (Декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна);Доц. д-р Здравко Скакавац (Факултет за правни и деловни студии во Нови Сад, Србија);Проф. д-р Стефан Симеонов (Академија на Министерство за внатрешни работи на Република Бугарија);Д-р Густав Фогхамар (Шведска);Д-р Мајкл Енедува (Нигерија);М-р Драган Триван (Србија);Проф. д-р Алекса Стаменковски (Проректор на ЕУРМ);Проф. д-р Биљана Перчинкова (Проректор на ЕУРМ);Доц. д-р Стојан Славески (Декан на Факултетот за детективи и криминалистика);Проф. д-р Живко Андревски (Декан на Факултетот за правни науки);Проф. д-р Славјанка Оџаклиевска (Декан на Факултетот за стоматологија);Проф. д-р Ристо Христов (Декан на Факултетот за информатика);Проф. д-р Љупчо Стојчески (Факултет за економски науки);Доц. д-р Савица Димитриеска (Декан на Факултетот за економски науки);Доц. д-р Слободан Шајноски (Декан на Факултетот за политички науки);Доц. м-р Јана Манева – Чупоска (Декан на Факултетот за арт и дизајн); Проф. д-р Виолета Наумовска (Факултет за економски науки);Доц. Д-р Јован Пехчевски (Факултетот за информатика);Доц. д-р Атанас Козарев (Факултет за детективи и криминалистика);Доц. д-р Јован Лозановски (Факултет за политички науки);
Пријавувањето е во електронска форма и пријавата треба да се испрати на e-mail на адреса biljana.percinkova@eurm.edu.mk.Краен рок на пријавување е 10.01.2012 година. Пријавата треба да содржи:
Име и презиме на кандидатот, контакт e-mail адреса и телефон;
научно звање (ако го има);
Назив на Институцијата во која што работи;
Наслов на трудот;
Апстракт на трудот во електронска форма.
Поднесување на трудот (во електронска форма)
Kраен рок: 15.02.2012 година.
Котизација:
20 евра во денарска противвредност се плаќа на:Трансакциска с/ка: 300000002914983Депонент на Комерцијална банка, со назнака „Котизација за конференција“;Учесниците од странство плаќаат 20 евра на:IBAN COD MK 07300701002444367 KBKOBSMK2X.
Белешка за авторите:
·Насловите на статиите се пишуваат на македонски или англиски јазик со големи букви со 12 pt, Boldтип и центрирани. Под името на авторите треба да стои името на институцијата напишано во Italicсо 10 pt. и центрирано.·Воведот, главниот текст и заклучокот на статијата треба да бидат напишани во Times New Roman 10 pt, индексите со 7 pt, под-индексите со 6 pt., подредени со Justify. Проредот е од типот Single.·Апстрактот и Клучните зборови се само на англиски јазик, 9 pt., Singleи лево центрирани. ·Формулите и другите симболи треба да бидат напишани со Equation Editor 3 Italic 10 pt.Доц.Јана Манева-ЧупоскаДеканФакултет за Арт и дизајн-Европски Универзитеткабинет 209бул Климент Охридски 68Скопје, Република МакедонијаЕмаил: jana.manevacuposka@eurm.edu.mkwww.eurm.edu.mkтел.3202-091моб.078/482-018
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...
Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...