логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Одговори на Вашите прашања

 

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање од Гоца: Дали нашата вера и воедно црквата може да помогне и дали има молитви или било што за оние кои немаат спокој  во душата, мир, за нервозата а воедно и за стравовите т.е. фобиите?

Одговор


Секако дека има. Нашата цел во духовниот живот е токму стекнувањето на мирот и радоста во Светиот Дух. Како што имам одговорено и претходно, согласно зборовите на Спасителот, без Мене не можете да направите ништо, потребно е да се потрудиме активно да се вклучиме во животот на Црквата, преку пост, исповед, духовно раководство од духовен отец (свештеник или монах) и согласно неговиот благослов за начинот на постење и молитвено правило редовно да пристапуваме кон светата Причест. А кога ќе се вклучиме во животот на Црквата на тој начин, тогаш секако ќе помогнат и молитвите на Црквата. Секако молитвено многу можеме да си помогнеме и со повикувањето на името Исусово, колку што е можно повеќе во текот на денот  (Господи Исусе Христе, Сине Божји помилиј ме мене грешниот/ата). Колку повеќе го средиме нашиот духовен живот и го чистиме нашето срце од гревот преку покајанието толку повеќе ќе ја почувствуваме благодатта Божја т.е. мирот и радоста во Бог. Во Христос е вечниот мир, радост и спокојство, секако доколку се потрудиме на тој пат.

 

Друго:

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

27/09/2024 - петок

Вождвижение на Чесниот Крст- Крстовден(пост)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 15 септември / 28 септември 2024

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 15 септември / 28 септември 2024

Крстот Христов како оружје, усрдно примајќи го, во борба против непријателот си поитал, и откако за Христа пострада, на крај,...

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2024

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 14 септември / 27 септември 2024

Спаси ги, Господи, луѓето Твоии благослови го Твоето наследство,победа на Православниот благоверен народ нашнад непријателите давајќи му,и со Крстот Твој...

Тропар на св. Христов свешт. Корнилиј стотник 13 септември / 26 септември 2024

Тропар на св. Христов свешт. Корнилиј стотник 13 септември / 26 септември 2024

Господи Боже наш, ти сираци не ги оставаш,оние кои по ликот Твој чезнеат.Христос, о свети Корнилие во познание те приведе...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная