логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Иконата – школа за молитва

Протоереј Николај Озолин

 
Протоереј Николај Озолин


Протоерејот Николај Озолин е роден е на 26 мај 1942 година во емиграција. Во 1959 година се запишал на Свето-сергиевскиот православен богословски институт во Париз и во иконописниот клас на Леонид Успенски. Во 1964 година го завршил институтот. Во 1966 година примил ѓаконски чин, во 1968 е ракоположен во свештенички чин од страна на архиепископот Василиј Кривошеин. Предавал на Лајденскиот универзитет (Холандија) и Свето-владимирската духовна семинарија (САД). Завршил Московска духовна академија (1968). Бил секретар на Патријаршискиот егзархат во Париз при митрополитот Антониј Сурошки (1971). Во 1985 ја одбранил докторската дисертација во Сорбона на тема: „Православната иконографија на Педесетница“. Од 1986 година е професор по православна иконологија, омилитика и пасторско богословие во Свето-сергиевиот богословски институт во Париз.

*

Значајниот богослов, иконописец и основач на иконописната школа Леонид Успенски, го објаснувал иконописниот канон на следниот начин: еднаш „го штипнал“ еден од своите ученици за образ и му рекол: „Оваа дебелина ја нема на иконите, ме разбираш“. Тој ученик бил идниот професор по православна иконологија, омилитика и пастирско богословие во Свето-Сергиевиот богословски институт во Париз, протоерејот Николај Озолин. Во јуни отец Николај беше избран за декан на институтот за двете наредни академски години.

- Отец Николај, што е тоа икона и може ли секоја слика да се нарекува икона?

- Иконата – е православен литургиски образ, кој го покажува учењето на Црквата за содржината на дадената слика, со други зборови: како Црквата го разбира Влегувањето Господово во Ерусалим, Благовештението, Преображението, Богојавлението, Педесетницата, самиот портрет на Спасителот, Мајката Божја, светителите. Обично, јас ги прашувам своите студенти на крајот на првата учебна година: што е општо кај сите икони? И очекувам од нив, да ми одговорат: светоста. Светоста, во смисла, дека на иконите ги изобразуваме светите и спасителни настани од Свештената историја.Нашето учење за светоста – е многу оригинално и воопшто не е така сеопшто, како што мислат некои. На пример, кај протестантите воопшто нема почитување на светители. Кај католиците има, но во некоја смисла поларно на нашето: кај нив не е предвидено и не се забележува допирање на Божественото и создаденото. Неодамна, се враќав од работа на телевизија и во колата слушав католичко радио. Имаше проповед за познатото евангелско четиво за богатиот, и беше речено, „да се богатиш во Бога“ – значи да бидеш добар, мил, „етичен“, но за тоа, дека може „во Бога да се богати“ според нашето разбирање, како што би рекол преп. Серафим, стекнување на Светиот Дух – ни збор. За нас, пак, светоста е достапна, реална, и таа светост треба да се покаже на иконите. Кога тоа успева, тогаш сè е добро, било да е тоа во кападокиска пештера, во Русија, или било каде, каде што се наоѓа Православната Црква. Нешто многу важно се губи, кога Христос се изобразува несторијански или аријански, или како што прекрасно и префинето напишал францускиот писател Андре Малро, „духовноста се заменува со чувственост“. Тоа често се случувало на Запад. Земете го барокот, каде што духовноста се предавала преку фантазии.

- Објаснете ни ве молиме, како може светоста да се изобрази на икона?

Светоста присуствува на било која канонска икона, на пример, преко тоа, што човечкото тело станува извор на светлина. Не паѓа на ликот на светителот светлина од некоја страна, а самиот лик на светителот сјае, самата плот станува светлоносна. Тоа го гледаме на иконите. Од друга страна, од нас е сокриена „дебелината“, тленоста на плотта. Еднаш, Л. А. Успенски, ме штипна за образот и ми рече: „Е оваа дебелина ја нема на иконите, ме разбра? Таа „дебелина“ се сликала уште од времето на доцната готика до импресионистите. Таа и била предмет на сиот тој религиозен живопис, кој секако, од уметничка гледна точка, е висока уметност, но нема ништо заедничко со православната вера, и затоа нејзе не ѝ е местото во православен храм. Во иконата треба да се чувствува молитвата. Често ме прашуваат: „А зошто Мајката Божја и светителите на иконите не се смеат?“ Некои дури гледаат и „суровост“ во изразите на нивните ликови. Всушност, тоа е молитвена сконцентрираност. И со неа е поврзана втората страна од определувањето на иконите, а имено – дека иконата е православен литургиски образ. На молитвата ѝ пречат нехармонични бои, остри движења, гримаси, определени содржини. Бесовите, кои ги изобразуваат на иконите на Запад, не се содржина на икона! Не смее да се сликаат на икона ни подвизите на светителите (на пример, св. Антониј) затоа што содржина на иконата – е состојба на извојувана победа, т.е. светоста. Вистинската икона – е школа за молитва. Тоа не е прашање на вкус, зашто вкусот кај луѓето се воспитува. Сите ние сме воспитани во различни вкусови. Но постојат објективни еклисиолошки мерки во црковната уметност, било да е тоа пеење или сликање. Во која смисла еклисиолошки? Станува збор за молитвата, и не само лична, но по можност и соборна. Обрнете внимание, дека за разлика од западниот живопис, иконописецот не ги потпишува иконите со своето име. Неговото дело – е литургиско дело, кое е принципиелно и уште од самиот почеток пошироко од нечиј личен вкус или нечие „јас мислам дека…“ кое ни пред Господ ни пред лицето на Црквата не менува ништо. Самата идеја за вкусот треба да се отфрли тука! Вкус може да постои само во рамките на вистинската црковна уметност. Таквиот сезнајко ќе рече: „А мене особено ми се допаѓаат кападокиските пештерни фрески“. Одлично! Така што, вкусот секако има свое место, но во рамките на традициите, примени од Црквата.
И така, иконата го покажува православното поимање на светоста и тоа, што енергиите на Светиот Дух го менуваат и преобразуваат во светот. Во тоа е суштината. Ако таа не е изразена, тогаш пред нас стои – безблагодатна творба. Тоа не е болест на некоја помесна Црква, туку несреќа која постои насекаде. Во западната уметност искривувањата започнале во почетокот на XIII век, т.е., со појавата на повеќето готски храмови наоколу и во Париз.

- Преминот од романика кон готика?

Да, токму тоа време. Додека имало единство во верата, имало и единство во уметноста. Содржината на уметноста била иста и на Белото море, и кај Коптите, и на Кавказ, и во Бургундија и во Шпанија. Поимањето на светоста, и покрај схоластиката која била во зародиш, било општо. Ќе забележам, дека тоа не го исклучува, а дури напротив, ја претпоставува особеноста на Помесните Цркви. Колку стареам, толку повеќе ме поразува еклисиолошката димензија на црковната уметност. Знаеме за постоењето на разни литургиски семејства: ерусалимско, александриско, антиохиско, константинополско, галско. На тие литургиски семејства им биле соодветни живописни школи од христијанската уметност. Притоа, на пример, светогорската уметност изненадувачки е слична на некои фрески во Новгород. Очигледно, дека заедничка им е содржината и за сите главно – светоста на образот.

И тој образ не можел да исчезне наеднаш заради тоа, што некој патријарх се скарал со некој кардинал. Тоа е посложен процес: додека верата била една, и суштината била една, а постепено, кога во прашањата за верата почнале да се појавуваат разногласија, тоа се одразило и на уметноста. Ние зборуваме со патос за епохата „крштение на уметноста“ во која бил создаден специфичниот образ. Тој не паднал од небото, а бил создаден од Црквата. А што е спротивно на крштението? Отстапништвото – апостасија! И тоа отстапништво се случило: земете ја Сикстинската капела во Ватикан. Западот се развивал кон научно точно, оптичко, живописно претставување на видливоста на емпирискиот свет. А што е тоа емпириски свет? Тоа е тој свет, којшто чека спасение. Имено тој стал предмет на иконите, и Самиот Спасител, Мајката Божја, светителите, апостолите – сите почнале да живеат во тој паднат свет, кој многу брзо го определил и тоа, како ќе се изобразуваат. А се изобразувале од одреден момент како обични луѓе. Не случајно во западната уметност се толку важни предикатите. Кај апостол Петар – клучевите во рацете (ако некој не познае дека тоа е Петар, ќе разбере по клучевите), кај Павле – меч, итн. Кај секој познат и важен светител – свој атрибут за препознавање. Ете тоа се случило со западната европска уметност.

 Еднаш, Л. А. Успенски и В. Н. Лоски заминале во Шартр. И Леонид Александрович му рекол на Владимир Николаевич, покажувајќи на „нимбовите“ на светителите изобразени таму: „Ова не се венци, ова се чинии“. И тој му одговорил: Лоња, ти си гениј! Тукушто го определи томизмот“. Тоа го потцртувал и Булгаков, нарекувајќи ја благодатта во схоластиката „дамка, слична на перика“: паѓањето во грев се случило, периката исчезнала, а човекот останал ист. За нас, пак, од корен, космично, се изменило сè.

- Значи, отстапувањето од иконописниот образ одело паралелно со развивањето на католичките догмати?

- Тоа е – огледало. На пример, постои статуа на Божјата Мајка, каде што седи на Престол со Христос на колена. Таа се отвора, и внатре – распетие: Бог – Отец (на Неговата глава – папска митра) со Својот здив испраќа на Распнатиот на крст Син Гулаб. И таа Троица, од неразјаснети причини се наоѓа во утробата на Мајката Божја. Сè станува возможно, а уметничките фантазии немаат крај. И освен тоа, таа уметност најмногу се сконцентрирува на бесовскиот свет. Загубата на Божествената неописливост во западната уметност е една од темелните разлики со теоријата на специфичниот христијански образ.

- Иконите на запад преминуваат на платна за сликање?

- Не преминува иконата, а содржината преминува врз слика во рамки на сеопфатната и серазрушливата емпирика. Според прецизната определба на Л. А. Успенски, почитувањето на уметноста го заменило иконопочитувањето. Отците од Седмиот Вселенски Собор говореле: „Ние нашата вера ја проповедаме и со слово, и со образ“. Значи, иконата ја проповеда нашата вера. Сликите на религиозните содржини проповедаат било што, само не нашата вера.

­- Со други зборови, вие сметате, дека иконата на Запад совршено исчезнала?

- Од некој момент, несомнено, затоа што икона е возможна само во православието. За неа е потребен литургиски контекст, потребна е светлината на православната антропологија. Многу интересна тема е – длабоката жед за христијански образ во современиот Запад. Влезете денеска во било која католичка црква во Париз, а и секаде во Западна Европа, ќе најдете агол, каде што има или репродукција, или колку-толку успешно нацртана православна икона. Имено пред нив богомолците-католици застануваат на колена и ги читаат своите молитви. И таму се излева жива молитва! А тоа не е иницијатива на католичките свештеници, туку на народот. Тоа нешто значи! Затоа јас секогаш им велам на католиците: погледнете на своето минато. Одете во Бургундија и погледнете на фреските. Тие, суштински, се исти како нашите.

­- А што според Вас, е првоикона?

- Ќе ви одговорам на неочекуван начин. Тоа е второстепено прашање, излегувајќи од поимот „крштение на уметноста“. Иконата не паднала од небо, што и да зборуваат, и во Витлеемската пештера не лежел мозаикот од Дафне од XIвек, туку Младенецот. И задачата на уметноста се состоела во тоа, да се покаже дека тој Младенец е Бог. За тоа биле потребни векови. Се смета, дека најдревните сочувани споменици – тоа се фреските во катакомбите во Рим. Најстарите од нив датираат приближно околу 200-та година. Можеби кога-тогаш ќе се појават и постари.

- Не ретко сме го слушнале прашањето: а зошто се потребни иконите? Ние му се молиме на Бога, а не на иконата – велат некои луѓе.

-Да, велат. Тоа е поврзано, веројатно со тоа, што тие мили луѓе никогаш во својот живот не виделе вистински икони! Секако, може да се молиме и без икони, кога сме во шума, во планина, во метро, каде што нема икони. Зарем не смее таму да се молиме? Молете се постојано! Но кога некој од нашите роднини не е видливо со нас, и кога во некој момент ќе најдеме негова фотографија во аголот од нашата куќа, Господи, зарем тоа не е радост?

- Како се соединуваат слободата на творештвото и канонот во иконописот?

- Мојот учител Л.А. Успенски, например, живеел во постојана потрага. Од една страна, во врска со самото цртање на иконите, а од друга – во врска со нејзиното словесно објаснување. Како да се даде правилна формула – што е тоа иконописен канон или канонска икона? Тој неколку пати ми зборуваше за тоа, но така и не успеа да формулира дефиниција. Можеби тоа и не е случајно, затоа што иконописот – е живо дело. Тоа е живот на Црквата. Слободата на творештвото е неотстранлив дел од иконописот, и се пројавува во преданието и каноните.

- Вие често доаѓате во Русија. Во современите обиди за преродување на иконописот во нашата земја, според вас, има ли каноничност?

- Јас сум уверен дека, постои грижа за тоа.  Повеќето ја разбираат потребата за создавање на канонски образи и заедно да се цртаат живи икони. Сложноста е во тоа, што поголемиот број современи икони – се еден вид точни копии. Леонид Александрович не допушташе да се употребуваат хартии за копирање во иконописот, со чија помош се добива не фотографија, туку некакво механичко произведување на линиите, кои се на оригиналот. Тој принудуваше, и тоа беше прекрасно, многу долго да се црта сè, вклучувајќи го и ликот, на хартија со молив, за да се набие раката, да се почувствува системот на линии, одеждите итн. Сметаше дека треба да се црта брзо, не задржувајќи се на деталите, туку колку што е можно позбиено да се создава општата структура и содржината на образот. На пример, има три-четири луѓе, пред нив – образ. Секој од нив го гледа по свое. Многу древни списоци многу се разликувале од оригиналот, немало механичко копирање. И од копирањето во процесот на обука, неопходно е да се направи чекор кон својата икона. Кај талентираните луѓе со текот на времето неизбежно се пројавува нивниот стил. Тоа не се посебни потраги, туку едноставно изразување на личноста на иконописецот. Иконописецот во никој случај не смее да си поставува цел – создавање на нешто свое, туку напротив, да слика со увереност, дека го слика потребниот резултат. Тогаш таа икона од некој момент ќе стане негово лично и неповторливо дело.

Интервјуто го водеше Александра Никифорова.

10 декември 2012 г.

Црковен весник

 

Превод од руски јазик:

Златко Дивјаковски, дипл. Теолог

Изворник:

http://www.art-sobor.ru/archives/5335#more-5335

Православна светлина бр. 29

Преземено од : Ортодоксија и ортопраксија

 http://amvon.mk/ikonata-shkola-za-molitva/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2029
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2550
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная