Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (н. Аеродром, Скопје) од 15 декември 2015
17. декември (четврток, св. Јован Дамаскин), 09:00 часот: Света литургија;
19. декември (сабота, св. Николај Мирликиски),
09:00 часот: Света литургија;
17. декември (четврток, св. Јован Дамаскин), 09:00 часот: Света литургија;
19. декември (сабота, св. Николај Мирликиски),
09:00 часот: Света литургија;
„Се фали градот Охрид, кој се збогати со твоето божествено тело, отче. примајќи постојано светлина и благодат која тече непрестајно. Него штити го, неразурнат од рацете на непријатели“ (песна од Канонот на Утрена на свети Климент Охридски Чудотворец).
За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, ...
Пред доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос во тело, луѓето знаеја само за овоземниот живот, кој беше ограничен и застрашуван од неизбежната смрт. Од неа никој не се избавил, туку секој роден на земјата ја искусил или ќе ја искуси смртта. Но, нашиот Господ и Спасител со Својата смрт и воскресение ја победи смртта, и ни даде можност, доколку станеме делови и клетки од Неговото Тело – Светата Православна Црква,...
Секое нешто што постои, постои зашто Бог мисли на него! Бог мисли на светот и светот постои! Ако ја барате волјата Божја, едноставно и со смирение, Бог може да ја промени која било состојба, дури и онаа најнегативната. Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно...
И Oн пoстави eдни за апoстoли, други за прoрoци, трeти за eвангeлисти, чeтврти за пастири и учитeли (Eфeс. 4:11).
Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo, разни oргани сo разни служби.
Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од Житијата на Светиите за месец јули, како и четврто издание на Православниот молитвеник во тврд повез. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.
На 07 декември во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје се отслужи Празнична вечерна богослужба на која во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар. По соборната молитва, во Музејот на македонската борба се одржа свечена академија на која во присуство на: Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-
Како ви се чини на тој празник годинава наместо да носиме масло, крпи, чорапи и триста разни дарови, секој од нас да купи по една плишана играчка и неа да ја дарува во црквата, а потоа сите тие играчки да се соберат и да се поклонат предновогодишно на децата во детските домови и специјалните училишта...
На 07.12.2015 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое нагласи дека не случајно по свети Климента е именуван и овој Богословски факултет, нашата највисока црковно-просветна институција,...
Овогодинешното прославување на денот на светиот Климент Охридски започна со Вечерна богослужба во црквата посветена на Светото Вознесение во с. Драчево. На богослужението чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион , а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. П
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми,...
Во библиотеката ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики излегоа од печат две нови изданија православна литература, со превод од руски јазик.
Едната е од Архимандрит Софрониј Сахаров - ,,Да се види Бог каков што Он е" и втората е ,,Писма на вечното спасение", дел од преписката на свети Теофан Затворник со неговите духовни чеда.
Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.
На 4.12.2015 година, кога Црквата го слави Воведението во храмот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 04. 12. 2015 година, „Воведение на Пресвета Богородица“ – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во храмот посветен на „Успението на Пресвета Богородица“ во М. Каменица,отслужи Света Архиерејска Литургија, одража пригодна беседа и го причести многубројниот православен народ со Телото и Крвта Христови.
„Ние верните, денес собрани, духовно да празнуваме и божественото дете, Дева и Богородица, во храмот Господов приведувана, набожно да ја прославиме, од сите народи однапред избрана да биде живеалиште на Царот на сите - Христа и Бога! Напред одете вие, девојки, носејќи свеќи, во чест на Приснодева која врви торжествено. Вие мајки, ...
Во спомен на празникот Воведение на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка. Народот се причести со светите Христови Тајни.
04. декември (петок, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста), 09:00 часот: Света литургија;
05. декември (сабота), 18:30 часот: Вечерна;
06. декември (недела, св. Амфилохиј Икониски, св. Александар Невски),
Григoриј какo пoмлад oтстапил и нe сакал да спoри, нo мoлчeјќи сe oддалeчил. Кoга сe вратил Јoв вo свoјата кeлија и кoга застанал на мoлитва, му сe јавил ангeл Бoжји вo гoлeма нeбeсна слава и му рeкoл: “Нe сoмнeвај сe, старeцу, вo вистината на збoрoвитe на Григoриј; тoј правo кажа; и ти така умувај и на другитe прeдавај”.