логоFacebookTwitterYouTubeeMail


   

Ефект на скршено огледало

 „Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат“ (1 Кор. 13, 12).

            Како да го сфатиме зборот огледало во познатиов извадок од посланието на светиот апостол Павле кон Коринтјаните; и што ако е тоа скршено, односно како ќе се оствари нашето гледање и познание? Затоа што: ако во здраво огледало гледањето не е толку јасно и знаењето е ограничено, тогаш што ли би можел човек да види во скршеното огледало или во неговите откршени парчиња и какво ли знаење би можел да стекне од таквото гледање?

            Пред да одговориме на нашето прво прашање, треба да се потсетиме која е главната цел на православниот духовен живот. Тоа е Богочовекот Христос – љубовната и слободна заедница со Него. Односно, наша главна цел, а затоа и наш основен проблем во овој живот, се боговидението и богопознанието, но и световидението и светопознанието; односно, човековидението и човекопознанието, а со тоа и себевидението и себепознанието. Сето тоа, пак, не бива без слободен подвиг на љубов, прво аскетска а потоа и благодатна. Знаете дека во православниот духовен живот познанието не е само некој разумски (интелектуален) процес и перцепција, туку е слободна и љубовна заедница со Света Троица.

            Што мислите деца од предзнанието што го имаме стекнато досега, кој би бил одговорот на поставеното прашање? Токму така, огледало е и нашето срце – како наш духовен центар, огледало е и црковната Заедница во која живееме, без оглед на бројот на личностите собрани во Христос по благодатта на Светиот Дух Господ. Административно, Заедницата може да се појави како семејство, како манастир, како парохија, како епархија, како помесна Црква, како две и повеќе помесни Цркви – „каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18, 20). Инаку, се говори за огледало затоа што сè уште сме во периодот на Икона.

            Да започнеме со нашето духовно срце како огледало. Кога тоа огледало би било цело, а кога искршено на парчиња? Нели, прашањето беше што би виделе и познале во првиот случај, а  што во вториот. Огледалото е цело кога сите душевни сили – пред сѐ умот, а потоа и волјата и желбата – би биле преобразени и насочени во еден правец – кон Богочовекот Христос; во љубов кон Бог и кон секој човек. Истово можеме да го кажеме и со други зборови: огледалото е цело кога срцето е доволно очистено од страстите и кога благодатта на светото Крштение ќе се пројави во него. Што е непосредно поврзано со ова, односно што пропуштив да кажам? Точно, и кога умот молитвено ќе се соедини со благодатта Божја – со Христос, во срцето. За таквите Господ Исус рекол: „Блажени се чистите по срце, затоа што тие Бог ќе Го видат“ (Матеј 5, 8). Да, таквите Бог ќе Го видат, а во Него секој друг и сѐ друго потребно (за спасение), и во нивната вистинска Светлина.

            Огледалото е скршено кога човековите душевни сили функционираат секоја за себе – независно една од друга, често раслабени и неконтролирани, согласно своите страсти и болести; кога душевните сили функционираат духовно разединети или расцепкани, односно шизофрено. Во основа на секоја духовна шизофренија е самољубието. Има многу детали во сето ова, но сега зборуваме општо. На пример, еве едно прашање за сите вас: Кои се страстите на умот, кои на волјата, а кои на желбената сила на душата? Но, да продолжиме – претходното би можеле да го кажеме и со други зборови: огледалото е скршено кога срцето не е очистено од страстите, кога благодатта Божја на Крштението не се пројавила во него и кога умот не е молитвено симнат и соединет со Бог во него; а истовремено човек (неговиот ум) е надвор од послушание. Прашањето беше: Што би можел да види и познае човек во ваква духовна состојба? Ништо – своето искривоколчено јас. Не дека не гледа и не знае многу нешта во овој свет интелектуално, туку затоа што сѐ гледа преку себе и својот интерес и затоа што Бог не Го гледа и Него не Го познава – а без Него и ништо и никого во нивната вечна смисла и вредност и значење. Тоа би бил ефектот на скршено огледало внатре во чoвекот.

            Како функционира човекот повреден од ефектот на скршено огледало? Наједноставно речено, тој зема еден дел од целото и го прогласува за цело. Дали тој откршен дел ќе биде некоја страст, или некоја идеја, или некој интерес, или дури и некоја заедница – болно поврзани со неговото јас (его), тоа е помалку важно. За него е карактеристично дека тој откршен дел од целото, за него – за неговиот затемнет ум, станува цело и станува сѐ, а тој станува неспособен да го препознае Целото – станува неспособен да ги препознае посебностите, вредностите и даровите (или плодовите – се сеќавате на претходниот мој текст) во одделните делови на Целото; станува неспособен да се изградува себеси во што може посовршена личност и да ја гради Заедницата. Станува неспособен да љуби. Ваквата состојба и ваквото однесување се основата за секоја ерес и за секој раскол – а и за нивно одржување, прво на лично, па така потоа и на соборно ниво во Црквата.

            Да видиме сега што значи и црковната Заедница како огледало во кое можеме да се видиме – каде сме. Се сеќавате што ви имам кажано: наша задача е само да ја зачуваме нашата Заедница, а сè друго однапред ни е дадено со Христовата победа над гревот, ѓаволот и смртта. Заедницата не треба да се нарушува заради дребности. Почитувањето на хиерархијата е многу важно во моментите на колебање на Заедницата. Товарот на одржувањето на Заедницата секако ќе падне на сите, но најповеќе на духовните (силните) – на водачите. Но, Заедницата не треба да се одржува како било, туку барем како мал континуиран аскетско-исихастички подвиг во Христос, во единство на верата и во единство на Светиот Дух. На тој начин, секој од нас во таа Заедница може да го достигне своето лично совршенство (личност) според даровите и талентите што ги добил, од една страна, а од друга страна, ќе си помогнеме меѓусебно (соборно) во духовното растење во Богочовекот Христос. Заедницата ќе нè изгради. Истовремено луѓето ќе нè препознаат дека сме Христови ученици: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе!“ (Јован 13, 35).

            Затоа, наше е само да ја зачуваме заедницата во Христос, а сè друго ќе ни се додаде и оствари, и на личен и на црковен план. Затоа што заедницата е Целина. Затоа што Заедницата е Живот. Затоа што Заедницата е Совршенство. Затоа што Заедницата е Вистина. Затоа што Заедницата е Љубов. Затоа што Заедницата е Слобода. Затоа што Заедницата е Царството на Света Троица. Без таа Заедница сме ништо, колку и да се совршени нашите индивидуални човечки капацитети. Зошто инсистирам на Заедницата? Затоа што ние постоиме соборно. Што би рекол нашиот преподобен Отец, авва Јустин (парафразирам): секој, во Црквата на Светиот Дух, живее, се спасува и се восовршува со сите и низ сите, и сите се спасуваат со секого и низ секого. Друг начин на постоење за нас христијаните е невозможен, и незамислив.

            Да не говорам многу за Заедницата, сакам само на следново да ве потсетам, што го имам веќе кажано и што е многу важно: секој напад на нас од страна на друг човек треба да го доживееме како едно егзистенцијално прашање – ме љубиш ли?. Зошто егзистенцијално? Затоа што од одговорот на тоа прашање зависи и нашето спасение и спасението на нашиот ближен (или непријател – исто е). Нашиот одговор на непријателството без причина е најсигурниот показател  кој најточно ни ја покажува нашата духовна состојба.       

            Заедницата функционира правилно или неправилно во зависност од самите нејзини членови, а особено од тоа кој ја води. Интересно прашање е: кои би биле знаците дека една заедница функционира согласно ефектот на скршено огледало? Е, ова е многу сложено прашање и неговиот одговор зависи од многу чинители. Јас ќе ви дадам само еден општ пример: зедница која не функционира правилно односно функционира согласно ефектот на скршено огледало е таа која не ги препознава своите и не ги прима, слично (исто) на она што Му се случи на Богочовекот Христос: Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна. Дојде при Своите и Своите не Го примија (Јован 1, 10). Таквата заедница се замислува посебна од другите, подобра од другите, господарка на другите; од друга страна, таа може да биде исклучива за другите, затворена во себе и исплашена од другите; таа ги држи своите членови со страв или интерес и ги изолира од она што го смета за конкуренција; таа не простува, не помага, злопамти, завидува, озборува и осудува, таа не прима ни најмала критика; таквата заедница не Го сведочи Бог и го подготвува својот распад, итн., итн.

            Ме интересира вашето мислење, вие дајте ми пример на некои од видовите на заедници (семејство, парохија, итн.) што функционираат согласно ефектот на скршено огледало, ама од лично искуство, како и ваш предлог за надминување на проблемите. На пример, јас кога пишувам на ваква тема, прво помислувам на заедницата на некои епископи на СПЦ и нивниот однос кон нас, без да заборавам да Му благодарам на Бог за сѐ и без да заборавам дека јас сум виновен за сѐ. Но, вие кога ќе пишувате, нормално, без именување и не на таа тема, а секој од нас што има малку совест и памет самиот во некои од примерите ќе може да најде некоја сличност со неговиот случај и ќе се исправи. Оној што нема – нема.

            Ова го напишав согласно учителската должност што ја имам во Црквата, како повод за нов почеток на покајание за сите нас (нормално најмногу за мене) пред светата Четириесетница, како огледало во кое секој може да се види себе – макар и не толку јасно. Ако некогаш некому нешто сум згрешил, го молам за прошка. Пресвета Богородице, просветли ја нашата темница, помогни ни да прогледаме и да спознаеме во светлината на Света Троица! Амин.

Митрополит Струмички Наум

Друго:

Зошто неутешно и беспомошно страдаме?

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало (26.02.2012)

„ГРАБНУВАЊЕ ИЛИ ВООБРАЗБА“ (04.02.2012)

Митрополит Струмички Наум- Богојавление, во меѓуцрковните односи (19.01.2012)

Плодоносна девственост (15.01.2012)

Витлеемски домови (07.01.2012)

Сеноќно бдение во Струмица - Главен ориентир (31.12.2011)

Синаксис во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса - ТРИ ОРИЕНТИРИ (29.11.2011)

Интернет синаксис за сите (13.11.2011) - Знаци на напредок?

Божествена Литургија во Струмица на празникот на св. Димитриј -„Kонкретно проверливo“ (09.11.2011)

Митрополит Струмички Наум - Плачот на душата (30.10.2011)

 

 

 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

« »