логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Stefche.sv.Serafim.jpg

НЕДЕЛА  ПРЕД  БОГОЈАВЛЕНИЕ
Гласот  на оној што вика во пустината:  Пригответе го патот на Господа , израмнете ги патеките негови ! (Мар.1,3).
Бл-ви хр-ни,  гласот што некогаш викал во Јорданската пустина и сега вика во овој свет храм. Тој глас е гасот на св. Јован, синот на првосвештеникот Захариј, ангелот во тело што го приготвил патот Господов и станал Негов Крстител. Нему му е посветен и овој Божји храм. Неговиот глас некогаш бил упатен до Еврејскиот избран  народ  да се покае, оти се приближи Царството Небесно. Да принесе плод достоен. Сега тој Божји глас од устата на св. Јован, ни се упатува и нам христијаните, не само како на народ Божји избавен од земното времено ропство, туку откупен и посиновен народ Божји за вечното Царство, за живот со Христа, со Бога. Ние по св. Крштение, не сме повеќе пород змиин,чеда на гревот, туку чеда Божји.
Како се рамни патот за Господа, бл-ви хр-ни? Како се приготвува патеката за Бога? Со вистинско искрено покајание. Не, формално, туку суштински. Оној грев, онаа нечистотија што еднаш сме ја отстраниле од патот до нашето срце, од нашата совест, да не ја враќаме повторно. Она што еднаш сме го исповедале да не биде повторено пак. Сите нерамнини во нашите срца, треба да се израмнат, да не оставаме  некое долче во кое ќе се тркалаат и собираат нечистотиите. А нашите плодови, треба да бидат достојни на нашата вера. Тогаш кај св. Јован доаѓале мнозина разни луѓе:  митници па прашувале што треба да прават, а тој им одговорил, да не бараат повеќе одошто треба. На војниците, да не ги клеветат  и присилуваат невините луѓе,  туку да бидат задоволни со своите плати. (Лк. 3,11-15). И денес во нашата Православна Црква не има секакви, на секакви позиции, на секакви функции. И денес ги имаме и митниците, и чуварите на редот. Оние до кои допрел гласот на св. Јован и такви кои не го слушаат, поради нерамнините во нивните срца и нивната совест. Наместо да даваме достојни плодови, кои ќе бидат наша храна за вечен живот, ние сме сведоци на најразлични злодела и пакости околу себе. Како да не сме свесни оти овде на овој свет, не можеме вечно да останеме. Како да не ја чувствуваме секирата дека секој миг лежи при коренот на нашиот живот, и секој што не дава добар плод ќе се сече и ќе се фрла во вечен оган. Оти лопатата ја има Милостивиот Господ. Тој со неа го чисти гумното, го собира житото во амбар, а плевата ја гори во оган.  
Благочестиви христијани, да го послушаме св. Јован Крстител, неговиот глас,  неговиот повик: Покајте се... принесете плод достоен, оти се уште не е доцна, се уште имаме време, а верувам и простор. Ако некого сме го навредиле, да побараме прошка од него. Ако некого сме го оштетиле, да му го вратиме неговото, секому да се трудиме  да помогнеме, дали материјално или морално, да го сториме тоа.
Така ќе ги израмниме патеките во нашето срце, така се приготвува патот за Господа, за да го слушнеме и милостивиот глас на нашиот Спасител Господ Исус Христос: ,,Радујте се, и веселете се, оти голема е вашата награда на небесата !“

 Stefche.sv.Serafim.jpg

 Беседа на празникот на Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Амон; Преподобен Серафим Саровски;

Преминпортал

Лето Господово 2012

Друго:

Божествена Литургија во св.Јован Крстител, Скопје (14.01.2012)

 

 

 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »