логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Stefce.sv.Epimah.jpg

Беседа- о.Стефчо  Беќарски

ДВАЕСЕТ И ВТОРА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Ние луѓето најмногу се препираме околу сопственоста и никогаш не им се знае крајот на таквите препирки. А, чија сопственост сме ние?
 Стадото се граба за пасиштето, а сопственикот на пасиштето и на стадото застанал и гледа со чудење, зошто неговото стадо се граба за неговото пасиште, кога тој се грижи и за стадото и за пасиштето?
 Многу работи човекот запомнува, а една никако да ја запомни, иако постојано се повторува, а тоа  е дека секој од нас доаѓа на овој свет без никаква сопственост и без сопственост ќе замине од овој свет.
 Луѓето ја делиме оваа црна земја, но никако да ја поделиме. Дури со живот ги  плаќаме границите на својата сопственост, а границите сепак остануваат подвижи. Со непосредно поскапото се плаќа неспоредливо поевтиното. А ние луѓето против тоа многу не се буниме, туку таа страшна цена ја нарекуваме или право или патриотизам, или пак со некое друго утешно име. Но, никако да констатираме и запомниме, дека овцата безумно го даде својот живот за грст трева, кога таа трева е заради животот, а не животот заради тревата.
Ако секој од нас биде запрашан, што е поважно: тревата или човекот, без двоумење едногласно би кажале дека човекот е поважен. Меѓутоа на дело покажуваме дека тревата е поважна од човекот, бидејќи, поради тревата го жртвуваме својот живот, но и животот на другите. Прашањето на сопственоста е прашање на тревата, а сепак тоа прашање е главен камен на препнување во животот на нас луѓето овде на земјата. Само оние кои по својот дух Му се поподобни на Бога, не се сопнуваат на тој камен, туку го заобиколуваат и го оставаат зад себе. За другите тој соблазнителен камен е предмет на препирки, на разговори, на огромен труд и напор, цел и содржина на животот и на крајот -надгробен камен.
 Каде е богатството на многуте цареви, каде се нивните гозби, нивните покорени народи, нивната незапирлива сила? Од нивниот плен, може и да се најде по некоја трага во ваква или онаква форма, но самите владетели каде се. А, најважно е каде се луѓето, а не нивната сопственост. Но, за ова не можеме да дознаеме, пред да осознаеме чија сопственост сме ние луѓето.  Ако тоа сакаме да го осознаеме, без Христа нашиот Спасител, како што го решавале многумина пред нас, а тоа го правеле на два начина. Едниот е дека, човекот е сопственост на лошите духовни сили, што се кријат зад природата и под маската на природата. Вториот пак, дека самиот човек е сопственост на самата природа која го создала, која го чува некое време, како мебел меѓу својот мебел и која на крајот го крши и убива.
 Христовиот одговор е дека секој човек е сопственост на себлагиот Бог. И тоа не како што предметите се нечија сопственост, туку како слободно и разумно суштество, како чедо Божјо. Оваа констатација не е на некој филозофски ум, туку е на Очевидецот , кој ни дојде на посета во овој свет од Триединиот центар на Битието и животот, од кој животот се раѓа и вистински живее.
 Значи, ние луѓето сме Божја сопственост, како и самата природа и сî околу нас. Дека ништо не е наше, туку сî ни е заем од Бога. Тој заем Бог не ни го раздели подеднакво. Ќе се запрашаме зошто? Затоа што секој од нас е слободен и разумен. За сите да ја согледаме братската зависност еден од друг и со мудро управување со заемот од Бога да го обезбедиме своето спасение, но и спасението на нашиот ближен. Па, така, Божјиот заем - или некои што погрешно го нарекуваат своја сопственост - е само средство за спасение на луѓето.
 Еве и во денешното прочитано Св. Евангелие, за богатиот на кого ни името ме му се спомнува, и сиромавиот Лазар ја гледаме улогата на тоа што ни го позајмил Бог. Дека ништо од тоа не се понесува во вечниот живот. Дека на Христа мора да му веруваме повеќе, отколку на своите ненаситни  очи  и на нашиот измамлив ум. Дека Тој е вистинскиот пат Кој нî води до вратата од рајот. Дека не треба да сме тажни што го немаме преобилното богатство на немилосрдниот богаташ, туку трпението на сиромавиот Лазар. И дека сî што имаме не е наше туку од Бога  и  Негово, и дека тоа треба да го ползуваме за спасение лично, но и на другите.
 Нему, на ГИХ, нека му е слава и благодарност, заедно со Отецот и Духот Свети, на еднобитната и неразделна Троица, сега и секогаш...

Stefce.sv.Epimah.jpg

 Беседа на празникот на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах

Преминпортал

Лето Господово 2011

Друго:

Божествена Литургија во св.Јован Крстител, Скопје (13.11.2011)

 

 

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »