логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Slepchenski.prolog.himnografija1

Воочи празникот на светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски, по Божјо благоволение, излезе од печат вториот дел од книгата Слепченски пролог со химнографија, творештво на сестринството на Манастирот св. Јован Претеча Слепче.

Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.
    Slepchenski.prolog.himnografija3

Вториот том е збогатен со фрагменти од ракописниот Слепченски стиховен пролог од 16 век, пишуван од рацете на познатиот книжевник Висарион Слепченски, како и со калиграфска изведба на тропари напишани со глаголично писмо.
    
 

Во продолжение, споделуваме извадоци од рецензиите во вториот том, Слепченски пролог со химнографија:

„...Книгата што сега ја држите в раце, во себе ја соединува долговековната христијанска традиција на таквото логосно прославување на Бога, која ѝ е оставена во наследство на Црквата уште од апостолот Павле, кој ги бодри христијаните на „…паслми, славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцатаваши.“ (Еф. 5: 19). Во изданието приредено од монашките обители од „Свети Јован Претеча – Слепче“ и „Свети Атанасиј Велики“ Журче, христијанската уметност на словото и славата ни е предочена низ структура на повеќекратни вкрстувања...
...Со исполнувањето на подвигот што резултира со издавањето на Прологот, како подарок за нашата средина, монашките заедницина манастирите „Свети Јован Претеча“ од Слепче и „Свети Атанасиј Велики“ од Журче ја покажаа љубовта кон ближните, оцртувајќи ја хоризонталата на Крстот,додека со славословието упатено кон Бога содржано во книгата бидува исцртана и вертикалата на Крстот.“ - д-р. Игор Радев

***

„Во приложениот исклучителен труд на сестринството од манастирот на славниот Претеча во Слепче, со благослов и под духовно раководство на отецот Серафим, пред нас се издигнува вистинското огледало што треба да ја покаже вредноста на современата македонска духовна култура и нејзиното еонично траење. Во овој колосален потфат на уметничко изобразување на животот на светиите кои останале помалку познати во историскиот живот на Црквата, и пеењето света песна за нив како довршување на нивната ипостас во миомирисните красотни простори на литургискиот живот, пред нас се отвора сета полнота и плодоносна суштина на монашкиот живот но и на врската на тој живот со Светиите. Дијалектичната напрегнатост на осамата и општежитието раѓа плодови достојни за жртвата на монахувањето...
...Делото на Слепченското сестринство потврдува дека македонската култура истрајува во лоното на Христа, во вечноста на Логосот.“
- д-р. Ристо Солунчев
Професор на Философски факултет, Скопје, УКИМ,
и Хорархос на Македонскиот византиски хор „Хармосини

***

„Отсега на располагање за употреба во богослужбите и во ќелијните молитвени правила се ставаат и предложените тропари. Овој храбар исчекор кон возобновување на, кај нас одамна подзаборавената традиција на создавање црковна поезија, ни дава повод да се замислиме за одредени творечки предизвици во врска со различните аспекти на естетско-уметничкиот израз, како и архитектониката на химнографската творба, односно нејзината структура. Овие позиции всушност ја конституираат физионимијата на црковно-поетскиот логос...
...Срдечно го поздравувам опитот на сестринството од манастирот „Св. Јован Крстител“ во село Слепче во однос на химнографското создавање, кој ми е мил, и истовремено ги охрабрувам истите да продолжат да понираат во длабините на свештената химнографија, и да ги следат примерите на светите мелоди на Црквата Христова, подражавајќи го нивниот светол творечки подвиг.“
- Проф. д-р Димитри Кумбароски

***

„ ...Книжевната дејност на Сестринството, како обем и чисто техничка работа
при изготвувањето на зборниците со житија и тропарите за секој ден (од годината), спокојно можеме да ја наречеме бескрвна, пејачко-поетска, словесна жртва, (т.е.)подвиг. Со овој подвиг се бележи нов период во богослужбената и пејачка практика на помесните православни цркви. Овие химнографски венци и словесни цветови во чест на светиите се пример и образец за подражание за сите химнописци и песнописци од другите соседни православни цркви... ...Посебна почит и пофалба заслужуваат сите оние кои со своите идеи, знаење, ревност и копнеж, вклучително и композиторот Маестро Георги Секулоски, придонесоа да се создадат вакви уникатни зборници.
...Го читаме житието, го пееме тропарот и се чувствуваме окрилени, бидејќи не сме сами на патот кон Бога!
Работата на Сестринството е гнијално замислена за современите потреби на
христијанското општество и за привлекување на сите во Православната Црква, за Слава на Бога и вечно спасение!
- д-р. Калин Кирилов
Софиска духовна семинарија „Св. Јован Рилски“

 Slepchenski.prolog.himnografija2

***

„Оваа книга е уникатно издание. За прв пат се предлага јасно дефиниран календарски систем на православни тропари за светителите на денот.
Древните и современите сочиненија се хармонично поврзани. Уникатноста
ја додава и фактот дека тропарот кон секој светител е напишан на три јазици – црковнословенски, македонски и англиски јазик. Овој тропарник уште може да се користи и на певницата за црковно песнопеење. Секој тропар е придружен со нотен запис – современ и знаковен распев (неуми). Ова е огромен и благословен труд.“
-  Олег Устинов, Харков, Украина

 Slepchenski.prolog.himnografija

ВО СЛАВА НА СВЕТАТА И ЕДИНОСУШНА И НЕРАЗДЕЛНА ТРОИЦА ОТЕЦОТ СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ
СЕГА СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ АМИН!!!

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/izleze-od-pecat-vtoriot-del-od-knigata-slepcenski-prolog-so-himnografija/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

17/05/2024 - петок

Св. маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная