логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 27.06.2020

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

„Во Македонската православна богословија (МПБ) Св.Климент Охридски – Драчево, во присуство на ректорот на МПБ митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот Европски г. Пимен се поделија сведителствата и дипломите на  52 генерација успешно завршени матуранти-богослови. На трпезата на љубовта класниот раководител , професор м-р отец Дарко Милев произнесе пригодно слово, со кое им посака понатамошен успех на дипломираните богослови. По повод успешното завршена матура на учениците свое излагање имаше пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Ученикот Борис Стоилковски беше прогласен за ученик на генерацијата. Во името на своите собраќа, односно соученици, ученикот Мартин Шапков произнесе благодарствено слово.“

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Обраќање на Мартин Шапков:


ЗАВРШЕН ГОВОР НА 52-ТА ГЕНЕРАЦИЈА МАТУРАНТИ
ПРИ МПБ ,,СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ’’


Ваше Блаженство,
Ваши Високoпреосвештенства,
(Ваши Преосвештенства,)
Ваши Високoпреподобија,
Чесни отци и професори, од името на класот срдечно ве поздравувам!

    
    Стоиме на прагот од нашето времено образовање во овој Светиклиментов расадник. Пет години поминати во целосна братска љубов, следејќи ги зборовите на Нашиот Спасител, Господ Исус Христос: Возљуби го својот ближен како себеси! (Мт. 22, 39) Застанувајќи на една раскрсница од животот, по кој пат да тргнеме, го одбравме патот кој води кон нашиот Спасител, слушајќи ги гласот и срцето. Поминаа само пет години, но ние не ја променивме нашата одлука, не го променивме нашето мислење. По пет години, ние сѐ уште копнееме по нови знаења и сѐ уште сакаме да се надоградиме со богословските науки, и да ги изучуваме. Од името на класот, сакам да се заблагодарам на нашите архијереи кои ни овозможија да дојдеме овде и нивниот благослов да нѐ следи до самиот крај. Нивната пожртвуваност беше огромна и тие беа постојано достапни за нас во ова петгодишно школување.

    Секој од нас дојде во ова училиште со вера и љубов, за да ја изучува науката над науките. Секој гледаше да се вклопи во новата средина, во оваа институција. На почетокот, на секој од нас му беше тешко, но грижата и љубовта која ни беше овозможена од нашиот Ректор, од нашите професори, ни беа целосен мотив и инспирација за да останеме овде, да научиме да љубиме и да започнеме со градење на нашите личности, изучувајќи ја богословската наука. Чест е да се биде дел од ова големо семејство, од оваа голема заедница, каде љубовта се шири, а омразата згаснува.

    Потсетувањето на поминатите години во Богословијата, посебно нѐ допре во овие последни денови од матурските испити. Покрај учењето за испитите, секојдневно, секој од нас, потсетуваше на некои од убавите моменти поминати заедно. Бескрајните дружења и учење еден од друг засекогаш ќе ни останат во сеќавањата и пред нас ќе бидат како јасна слика.

    На почетокот, кога се сместивме, сите се запознававме меѓусебно. Нашите професори беа овде за нас, воспитувачите, секој од персоналот. Едноставно, ние бевме нивни деца. Нашиот многупочитуван Ректор, Митрополотитот Повардарски г. Агатенгел, секогаш кога доаѓаше, нѐ укрепуваше со душеполезни зборови и со неговата блажена насмевка ни даваше поттик, и нѐ мотивираше да ја изучуваме богословската наука.
    Професорите беа и останаа вистински војници на Христа. Дадоа сѐ од себе за нас, максимално посветувајќи се да нѐ научат како да одиме по вистинскиот пат, покрај сето учење кое ни беше предадено. Ние не научивме само нови информации и лекции, научивме како треба правилно да се живее, како да ја живееме верата во Христа. Секој од нас тоа со текот на времето, го сфати. Огромна благодарност до нив и нивната пожртвуваност за секого од нас.

    Во овие последни денови се чудевме кога поминаа петте години од овдешниот престој. Поминаа како за миг! Божјата благодат нѐ одржува во живот, тоа го сфативме. Пребродувајќи ги сите искушенија кои дојдоа и заминаа, сфативме дека само со љубовта Христова и Неговата голема милост ние можеме да се спасиме.

    Ние, како 52-ра генерација доживеавме премногу случувања, настани и јубилеи: три канонизации, 1100-годишнина од Светиклиментовиот расадник, 50 години од основањето на Богословијата, 1100-годишнина на Бигорскиот манастир. Бог е голем и неизмерни се Неговите дела и Неговите постојани чуда кои го украсуваат светот.

Овде премногу ја почувствуваме Божјата љубов, благодарни сме за сите Негови дела.

    Зборовите со кои би можеле да ја искажеме благодарноста до нашите архијереи се малку. Нашите заштитници ги отворија своите прегратки и нѐ примија кај себе. Ни го дадоа благословот кој нѐ следеше, ни го дадоа знаењето кое ни требаше, ни ја дадоа љубовта по која копнеевме. Радост доживеавме! Пет години огромна радост! Во ова училиште ги стекнавме дисциплината, редот и мирот. На почетокот не сфативме дека, всушност, сѐ ова е за наше добро. Не сфативме дека ние сме следните Христови војници. За оружје ги имаме бројаницата и крстот. Сфативме дека љубовта го победила, го победува и ќе го победува злото. А љубовта е Бог.

    Благодарни сме и на останатите вработени при Македонската православна богословија, кои се погрижија во овие пет години ништо да не ни недостасува. И тие не гледаа како свои деца.

    Благодарност и кон Митрополитот Брегалнички г. Иларион, игуменот Серафим од Слепченскиот манастир, чичко Раде и господин Драгослав Здравков, кои срдечно ни помагаа и секогаш беа тука за сѐ што ни требаше.

    Она што секогаш ќе го паметиме и она што сме го научиле во ова училиште е дека треба да оставаме сѐ на Божјата волја и Тој да нѐ води и да ни го покажува патот кој треба да го избереме. Да ја покориме нашата волја на Божјата волја. Бог да дејствува преку нас, а ние да станеме садови за извршување на Неговото дело на земјата. Нашето богословско образование не застанува овде, Бог преку нашите архијереи и молитвени застапници ни дава можност и понатаму да го продолжиме нашето образование.

Ви благодариме од срце за благословот и молитвеното застапништво пред Бога!


Свети Климент Охридски

Со искрена љубов народот го упатуваше,
Верата на луѓето силно ја зацврстуваше.

Книжевната Охридска школа со љубов ја основа,
Лесноверниот народ – во верата Христова го закрепна.
Имајќи вера во Единиот Бог,
Милно народот по вистинскиот пат го упати.
Епитроп верен – за нас остана,
Ти – за Македонската Црква цврсто застана.

Охридски чудотворче, застапник наш си пред Бога,
Христов војнику и лекару на душите на болните.
Рака подаде на секој човек,
Имајќи неизмерна љубов за секого довек.
Достоен си за пофалба, Христов пастиру,
Со зборови и дела си го упатил народот.
Клименте свети, моли Го Бога за нас,
Избавителу од разните болести – Бог да нѐ овенча со вечниот спас.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

 3.angeli.so.truba

https://mpb.mk/2020/06/svechena-proslava-po-povod-maturirane-na-52-ta-generatsija-bogoslovi/

 

Друго


Mатурските испити на Lll генерација ученици-богослови

На ден 17. 06. 2020 година во Македонската православна богословија (МПБ) „Свети Климент Охридски“ во Скопје започна полагањето на матурските испити на Lll генерација ученици-богослови, кои во изминатите 5 години се школуваа во нашиот Светиклиментов расадник, стекнувајќи се со потребните богословски знаења и подготвувајќи се за идна свештенослужителска и вероучителска дејност во Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Денес по четвртти пат во својство на пратеник, претставник на САС на МПЦ-ОА заедно со Ректорот на МПБ, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Агатангел како и во присуство на предметните професори го отпочнавме полагањето на зрелосениот испит. Матурскиот испит традиционално стартуваше со писмена работа, а во следните денови матурантите ќе ги полагаат и предвидените стручните предмети. Овогодинешните матурски испити ќе траат до 26. 06. 2020 година. На сите богослови при 52 генерација им посакувам успех во полагањето на престојните испити. Нека Семудриот Бог ги просветли во науката над науките.

 

 

 

https://mpb.mk/2020/06/svechena-proslava-po-povod-maturirane-na-52-ta-generatsija-bogoslovi/

 

Извор: МПБ/фото: Преминпортал

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »